Вчера го читав извештајот на владата за енергетската политика. Никаде не видов дека се спомнува нуклеарна централа. Во стратегијата изготвена од ЕТФ по нарачка најверојатно на владата(издадена е лани), предвидени се 3 сценарија. За жал не можам да најдам копија(просурфав се што знаев), изградбата на нуклеарната централа е ставена на трет план. Во моментов за жал или за среќа Македонија може да изгради нуклеарка само ако и падне од небо. Односно, ако дојде некој од страна и каже- има услови, има ураниум, има место, напрајте ми законска рамка да изградам нуклеарка. Ама тој нема да дојде на не гои, туку коски да ни брои*.
Значи проблемот не го лоцирам во изградба на нуклеарка, туку во енергетско осамостојување на Македонија преку други начини. Во прилог оди добрата мрежа. Енергијата што во моментов Македонија ја купува од Бугарија(голем дел) оди преку Србија. Причина е малата носивост на 110кВ далновод во Струмица. Една ситуација: Србија и Бугарија ги заострија одности по прашањето на пренос на енергија. Причина, каде да биде центарот на интерконецијата што следува. Малку фали ако едните одлучат, другите да престанат да испорачуваат енергија или да ја пренесуваат.
Би ги оставил фатаморганите на АБЦ за нуклеарна централа за малце покасно. Би се сконцентрирал во добро поврзување со Бугарија и пренасочување на работите кон КЕЦ и ТЕЦ. За тоа барем има инвестиции. Македонија не верувам дека ќе може да биде голем играч во продажбата ама во преносот и те како. @what is.... поправи ме ако грешам, линиите со романија ви се преоптеретени баш затоа што
Козлодуј се вози до црвено во моментов. Кај нас преносниот систем има таква конституција да може да издржи прилично добар товар во насока Бугарија-Косово(за жал таа врска е уништена од војната-мислам ма 400 Скопје-Косово).
Така да ние ќе и дојдеме како кец на десетка на Бугарија. Никогаш не реков дека нуклеарка треба да се гради во Македонија. Македонија во моментов има многу добра политика по тоа прашање. Едноставно го третира пасивно.
Од друга страна, Бугарија во моментов треба да биде загрижена. Не го зборам тоа напамет нели? Токму поради ригидноста на системот. Неконтролата на потрошувачката. Едноставно постојат премногу загуби кои до сега ги земавте како пресметани, а сега и те како сметаат.