Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Лука Станковски зашто не игра и нели го купи Монца за 1 милион, сега гледам уште си е во Работнички и нигде не пишува дека е на позајмица?
 
Давид Денковски голманиште, неверојатни топки изваде двава меча, еве пенал сега
 
Давид Денковски голманиште, неверојатни топки изваде двава меча, еве пенал сега

A Ѓурковски тотално спротивното. Две аматерски грешки при изнесување на топката и тотално непотребен пенал.
 
Лука Станковски зашто не игра и нели го купи Монца за 1 милион, сега гледам уште си е во Работнички и нигде не пишува дека е на позајмица?
Пропадна трансферот, наводно поради некоја документација. Па божем Брага го бараа, на крај остана во Работнички.
 
Денковски пенал фати, одлично брани дечково.
Антовски стабилен играч, добар е и Фазлагиќ.
Одбраната не сакам да ја коментирам, Божиновски не е толку лош ама овој 4ката го прават дар мар.
 
Нема врска тоа со мудата и бабата.
Дечкото само сака да појасни дека со вакви непромислени и неочекувани киксови изгубивме многу. Ама појако е со фори и доскочици.
Реално против Ерменија игравме за 1во место. Малце фалеше да го земеме првото место.
Против Исланд тогаш исто ќе игравме за прво место, но ајде, таму за второ место веќе се боревме, каде што го загубивме второто место покрај 2-0 и 70 минути доминација.

Да имавме малце повеќе среќа и мозок сега како први во група утре ќе ја чекавме Романија во Скопје, што реално сме тука некаде со квалитет и само нијанси делат, плус моментална форма.


Во одлична позиција бевме за овој циклус, за жал таа победа над Германија ефтино ја продадовме во овие 2 натпревари. Сега ни останува само да се надеваме во некој калкулации, овој да го победи оној а ние да ги победиме овие...
Сами си пукавме во колено и тоа е тоа.
 
Ах бре што ли се не утнавме во финишот...
 
Не промашивме, теренот е нива, топката скока кога ја пуштаат по земја.
Сега на крајот му скокна ја промаши и се удри топката од тој позади.
 
Четири 100% шанси промашија децава , теренот у Охрид е мизерија реално али за шансите на Фазлагиќ и Чолаковски нема оправдување . Воша ја освежи многу играта , заслужува да биде првотимец . Играч од типот на Ферати и Трајковски треба на клоци да се избркаат од репрезентација.Голманчето солидно , ако продолжи така може да добиеме квалитетен голман за сениорска репрезентација.
 
Мене око ми фатија Антовски и овој Воша кој откако влезе ги разигра малку офанзивно.
Фазлагиќ на моменти солиден, ама имаше и некои нелогични пасови.
Гроздановски најслаб беше во средниот ред. Дупе право денес.
Исто воопшто не ме импресионираше оној Илиевски. Многу млак во дуели а и нема брзина. Без проблем го тицаа дефанзивциве на Србија.
Чолаковски ко да не играше се до таа шансата пред да излезе. Тотално незабележлив.

Се на се ништо посебно не одиграа денес како тим. Избегнаа пораз иако можеа и да победат на крај.

П.С. Голманот испуштив да го пофалам, ама нема потреба мислам. Дефинитивно MOTM.
 
Не беше Трајкоски толку лош како Ферати, спаси 2 3 топки покраj линија и колку толку освежи. А шутот беше катастрофа, макар од прва е тешка многу на онаков терен, а посебно дефанзивецот веќе му беше приближен.
Илиевски очај, не знам зошто Тошевски не го повикуваат. А и Станковски зошто го немаше на клупа?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom