Многу слабо издание на Албанија вечерва. сепак Де Биази е професор за Панучи за стратегија и мотивирање. Откако влезе Мемушај малце се размрда и нападот на Албанија. Штета што не погоди Садику од пет метри чист зицер за 0:2, потоа ќе се предаваа НАШИВЕ

. И тоа 2 од 2, оти мислам дека немаше посериозни шанси Албанија.
Потегот да игра како десно крило Алиовски, потполно ја размрди одбраната на Албанија, и од таму и падна голот, два три шута на Алиовски, корнер од неговите шутеви, негов центар шут за пеналот, човекот дефинитивно е најдобар во Македонија.
Како само глуп потез направи со враќање на позицијата лев бек, откако извади лев бек за напаѓач, и среден ред за крило, потполно спласна опасноста во нападот на Македонија.
Сепак нереално е да се надева Албанија за второ место (требаше да киксне Италија со еден од мечевите со Израел или Македонија), а Албанија да тепа со Италија. Вака со овој бод, речиси го обезбедија третото место (нејќе да Израел го победи Шпанија во последното коло).
И да, за џабе се перчеше Несторовски дека Бериша го памти него, сего Бериша му стана ноќна мора на Нестор