Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Еве да видите кој ни игра во младинските репрезентации и да видите зошто нема да има фудбал во државава уште долго време
Срамота за ФФМ па и за цела држава...
Видеово го има објавено Словачката фудбалска федерација
Во право си за судијата ..... се гледа дека цело време неправилно судеше .... кулминација ми беше фаулот коа го свиреше ,страничниот судија прво за противникот па после смени правец за нас :LOL: ..... но немој да ги кривиш играчите .... преку 50 проценти во составот имаше нови играчи кои одвај на прсти имаа први натпревари .... и дури не се физички подготвени или пак убаво усогласени да изиграат заедно ... не можеа ни линкови да прават камоли да се надополнуваат меѓу себе во игра од играч до играч .... како и да е ... важно ми е дека доста добро на теме ќе паднат после вакви натпревари и ќе сфатат шо како да средат .... воопшто важно е да имаат постојан ритам на натпревари во репрезентација .... еве денеска и помладите изгуби ја 5/0 од Австрија на некој си куп .... како и да е .... важно ми е дека имаат постојано натпревари .... не можеш преку ноќ Бразил .... :D
 
И што е најтрагично, еве дел од изјавата на нашиот селектор Вујовиќ:

„За разлика од првиот натревар каде премногу грешевме, одиграме многу подисциплинирано. Ги неутралзиравме нивните напади“.

:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
 
Капак на се, лажат и за тоа дека играле со У-19 репрезентација на Словачка. Да не е нивната федерација немаше да знаеме дека ова било дуел на нивната У-18 со нашата У-19 репрезентација, што е многу битно, бидејќи сериозните федерации си имаат различна репрезентација за секоја возраст.
Инаку, за тие што не знаат ова е вториот дуел што го изиграа со словаците кај нас, првиот заврши со резултат 0-6. Словаците сакале да си излезат на втората средба, откако сфатиле што им спремиле нашиве за реваншот, али останале за да не избие поголем скандал. Брука, резил, да не знаеш од што попрво да се засрамиш. :facepalm:

http://www.ffm-mk.com/2014/04/у19-убедлив-пораз-на-репрезентацијата-н/
 
Мене ме фати срам додека го гледав видеово...
 
Мене ме фати срам додека го гледав видеово...
Мене нормите за срам од репрезентацијава ми се до толку спуштени што и пораз од Сан Марино не ме срами, едино со Гибралтар и Дани Хигинботам (дека ептен од вчера репрезентација се) ако се избрукаме може така да се покријам од срам. Ама може.
 
Ау ..... Каков резил е ова, на судиите, тренерот ( ако е вмешан и тој ) СИТЕ во затвор, ова е жива срамота.
 
А овој судијава Дарко Стојчевски суди во Македонија? Да го интервјуираат чисто онака.
 
Да бев на утакмицата јас ќе напраев прекин ако суди во наша корист овај неписмениот.
 
Гооолем патриот овај судијата цц срам за Македонија
 
Не паничи колега за Марио .... Педерите од неговиот клуб а и поради Азиската фудбалска организација е пречка со нивните правила ... Правилата гласат,европски играчи не можат за репрезентација на пријателски натпревари,само на официјални и шо ти знам,само на важни ... Тасевски и Марио аут од сега па натаму на пријателски,само може да играат на официјални ... :)
 
Кои се овие бе Абдурахмани бе? Може не следам прва лига нешто активно ама пак ептен непознати се овие албанскиве фудбалери...
 
Кои се овие бе Абдурахмани бе? Може не следам прва лига нешто активно ама пак ептен непознати се овие албанскиве фудбалери...
Албанец од Хрватска ..... добар си е .... има милионче вредност на маркет .... :D има поминато низ млади селекции на Хрватска

http://ekipa.mk/besart-abdurahimi-m...resiraa-latsio-i-lion-k-e-igra-za-makedonija/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom