Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
И уште нешто, одбранбен играч ни дава гол, кај се напаѓите голови да даваат?
 
Да, точно, усравме при крајот, примивме :гомце: гол... Ама, сеуште ништо не е завршено.. Ајде, во второ да видиме што ќе биде!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
 
падна концентрација во одбрана е сеа да ги подберел чеде на полувреме овие од одбрана и олл аут атак јеааа
 
Добар е Ибраими, ако ништо друго затвара позади. Ми се допаѓа како се бори, штета што ја утна шансата.
Ај што освен Пандев другиве пас не знаат да сврзат, ама да примаш такви голови сепак е резил. Попов сине во ПРЕМИЕР ЛИГА те земаа, а играш како да те земале во општинска лига на Дојран ебате...
Аматерски грешки на одбраната, немам зборови.
Глигоров и Демири џабе ги играат. Мислам океј, не се некои трагедии ама реално што ќар од нив???
Глигоров тежок камен станал, една топка неможе да погоди...
Левата страна ни е проблем во полувремево. Тричко не покажа апсолутно ништо, Хасани лошо почна. Значи може гледам пристрасно како фан на Вардар, ама стварно неможам да сватам што направи Јаневски кога не го стави Георгиев во игра?
Драган не е играч што може во 80 минута да влезе и да разигра се, едноставно му треба сдобра минутажа за да покажен што знае. А знае многу ;)
Мирко нема да го коментирам. Трагедија.

Да сум тренер во моментов, Мирко аут, Георгиев ин.
Георгиев иде на лева крилна, Хасани оди на позицијата на Пандев, Пандев во напад.
Глигоров аут, Тасевски ин со поофанзивни задачи.
Вака ќе ни се распадне играта бе мора Пандев да остане на средината иначе ншто не правиме
 
Ајде идеме Попов ке им здрви еден сеа сите ке ве замолчи :cool:
 
Не ни менува многу и да беше 1:0 i 1:1 сега...ни недостасува тоа што го чекаме веке долго време ДА ИЗИГРАМЕ ДОБРО ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ КОНЕЧНО !!!! :D
 
Абе не трескајте глупости за Ибраими зошто човекот дава максимум цело време трча и се бори за секоја топка, е сега неможам тоа да го кажам и за Хасани. Инаку една позитивна работа од кога дојде новиов селектор е што играта колку толку се промени на подобро и има неизвесност со тоа е и зголемена активноста со гледање па и дискутирање за натпреварот инаку предходно беше тапа ..
 
Влага во второ сега Величе дава гол од пола терен и ја пензионира пола Шкотска репрезентација
--- надополнето: 11 септември 2012 во 22:10 ---
Се слизна од тревата и почна да криви.
Македонска фудбалска репрезентација ladies and gentleman
 
Ќе биде на крај пцуен Русинов :pos: и очекувајте Величе на местот на ГЛигоров :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom