Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Богатинов​
Ристовски Шиков Новески Грнчаров Урдинов​
Стивен Спировски​
Пандев Ибраими​
Тричко​
Ова ми е единствена логична тактика.
Седлоски ја копира тактиката на Катанец:pos:
Напаѓачите ти се лошо распоредени, Пандо е шпиц, Ибраими и Тричковски се од страните. Иначе да се враќаме на тактиката на Катанец...
 
Како и да ја вртиш, таа тактика беше најуспешна иако пред секоја утакмица имаше „плачење“ во стилот дека пак играме со 5 во одбрана.
Сречко враќај се!
 
Спироски добро се движи.. Дај боже да биде нешо од играчов
 
Како и да ја вртиш, таа тактика беше најуспешна иако пред секоја утакмица имаше „плачење“ во стилот дека пак играме со 5 во одбрана.
Сречко враќај се!

Проблемот е што констатно имаме ептен спори стопери, Седлоски, Митрески, Новевски како прв избор во времето на Катанец беа спори стопери, слично како Шиков и Грнчаров сега.
Тактиката е таа, или имаш брзи стопери кој ќе можат да го покриваат поле 90 мин. во одбрана или пак солиден заден везен кој ќе им помага на одбраната. Праам муабет за репрезентација од калибарот на Македонија која генерално се брани.
Кај нас најдобар во последниве неколку години е Шумуликовски на таа позиција што значи дека 5-3-2 е најдобар избор на тактика за Македонија се додека не исфрлиме брзи квалитетни стопери или пак солиден ДМЦ.
 
Не, и уште неможем да сфатим едно нешто. КАКО МОЖЕ УШТЕ ДА ИДАТ И ДА ГИ ГЛЕДААТ ДРВАВА?????
Ова е дното, полош фудбал од овој што го игра Македонија моментално мислим дека ни сум видел, ни пак ќе видим (се разбира, се до наредната утакмица на Македонија). Ова е срамота, неможев да издржим и го изгаснав ТВ-то.
 
Не, и уште неможем да сфатим едно нешто. КАКО МОЖЕ УШТЕ ДА ИДАТ И ДА ГИ ГЛЕДААТ ДРВАВА?????
Ова е дното, полош фудбал од овој што го игра Македонија моментално мислим дека ни сум видел, ни пак ќе видим (се разбира, се до наредната утакмица на Македонија). Ова е срамота, неможев да издржим и го изгаснав ТВ-то.
Хари е крив ;)
 
Хари е крив ;)
Знам на што алудираш, ама ако подразмислиш малку - да, сепак Хари е крив иако више не е претседател. Под негово водство на ФФМ играчите почнаа да се понашаат како што се понашаат сега, без страст и без желба за играње во националниот дрес. Тоа што го направи Хари, остави длабоки траги во Македонскиот фудбал, кои ќе неможат да се пополнат ни во наредниве 10 години за жал.
Далеку од тоа дека овие фудбалери што ги имаме моментално, незнаат фудбал. ДАЛЕКУ ОД ТОА! Единственото што им фали е горенаведеното, страст и желба за играње во дресот на Македонија. А со таков однос, не заслужуваат човек да потроши 90 минути гледање у ТВ како теле у шарена врата.
 
Мене оваа ми изгледа барем х2 подобро од тоа нормално што го играат.Сега за сега барем трчаат и се трудат ( иако допрва треба второ да се игра полувреме ).Обично само ќе се зацементираат секој на позиција и само во радиус од 2-3 метри се движат.
 
Ова утакмица ми личи на ревијален натпревар отколку на пријателска.
 
Ќе ги згазиме во второ:vozbud:
Имаше добри обиди во прво, две топки да поминаа и да водевме 2:0 тогаш немаше да ја приметите катастрофалната игра. Оној Урдинов се плаши да пробие по страна, фали Попов таму. Плус уште еден фантазер ни треба во средина(Ѓуровски).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom