Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде се подобруваме,само вака да продолжиме.Честито нека ни е новиот ранг на фифа листата :)103
 
Потоп: Македонија на 103. место на ФИФА листата!


Македонската репрезентација за првпат од своето постоење, ако се исклучат почетоците на нашата фудбалска активност кога се тргнуваше во освојување на светските ранг листи, одбележува пласман под 100-то место на ФИФА ранг листата.

На денеска објавената ФИФА листа, за ноември 2011 година, Македонија е на 103. место со 333 бодови, или назадувајќи десет позиции во однос на претходно објавената листа изминатиот месец.
Катастрофалниот резултатски ефект на натпреварите од последниот квалификациски циклус ја доведоа Македонија во последниот ешалон европски селекции, сега сосема израмнувајќи се со рејтингот и со Исланд (104. место на денешната листа) и Азербејџан, а единствено пред аматерските репрезентации на Лихтештајн, Сан Марино, Фарски острови, Андора...

По последното реми (0-0) на пријателскиот натпревар со Албанија во Прилеп, македонскиот национален тим сега на ФИФА листата е позади селекции и од типот на Уганда, Боцвана, Того, Бахреин, итн.

На врвот на листата е Шпанија, пред Холандија, Германија, Уругвај, Англија, Бразил и Португалија. Од селекциите со кои сме во квалификациска група за пласман на СП 2014, најдоброрангирана е Хрватска на 8. место, Србија е на 27-та позиција, Белгија (41. место), Шкотска (49. место) и Велс на 50. место.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2899

Има надеж!
 
треба бојкот да има на утакмиците никој да не оди
Мене не ми е јасно која будала оди уште на тие распродавачи на нашиот углед и реноме. Јас се неам појавено на репрезентација со години и немам ни намера во догледно време, а сум идел од самото нејзино основање.
 
Мене не ми е јасно која будала оди уште на тие распродавачи на нашиот углед и реноме. Јас се неам појавено на репрезентација со години и немам ни намера во догледно време, а сум идел од самото нејзино основање.
јас не одам веќе 2години а и немам намера да се појавам додека не се расчисти све во ффм
 
Фудбалерките загубија од Полска

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа нов убедлив пораз, овојпат од селекцијата на Полска (0-3) во квалификациите за ЕП 2013. Уште еднаш се покажа дека избраничките на селекторот Добре Димовски не се доволно конкурентни за фудбалска Европа, па Полска многу лесно стигна до водство од 0-3, по што се задоволи со резултатот.

Ањешка Винчо го отвори резултатот во четвртата минута, Ана Желаско во десеттата минута го зголеми резултатот на 0-2, а триумфот на фудбалерките на Полска беше осигуран во 13.минута, кога Ањешка Винчо го постигна својот втор погодок, трет за својата селекција.

Репрезентацијата на Македонија по четири одиграни натпревари се наоѓа на последното место на табелата во групата, со еден освоен бод (едно реми и три порази) и негативна гол разлика (3-19).
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2915
 
За многу години Дрвчиња ,
каде и да стееее ( Казахстан, регионална општинска лига во Полска и тн )
 
logo-dennadrvoto_11133.jpg

^
дрвата
 
Како им угодија, дури и на денот на дрвото календарот го извадоја :D
Против Хрватска на старот, против Србија на крајот на квалификациите за Бразил 2014
icon_at_textsize.gif

Хрватска - Македонија ќе се сретнат на старотот на квалфикациските мечеви за Мундијалот 2014 година во Бразил. Квалификациите ќе започнат на 07 Септември 2012 година со мечот Максимир. Во последната рунда од овој квалификациски циклус ќе и гостуваме на Србија.


Naumoski%20vs%20Russia.JPG


РАСПОРЕД И ТЕРМИНИ

07.09. 2012
Хрватска – Македонија
Шкотска – Србија
Велс – Белгија

11.09.2012
Шкотска – Македонија
Србија– Велс
Белгија – Хрватска

12. 10.2012
Македонија – Хрватска
Србија– Белгија
Велс – Шкотска

16.10. 2012
Македонија – Србија
Хрватска – Велс
Белгија – Шкотска

22.03.2012
Македонија – Белгија
Хрватска – Србија
Шкотска – Велс

26.03.2012
Белгија – Македонија
Србија– Шкотска
Велс – Хрватска

7. 06.2013
Белгија – Србија
Хрватска – Шкотска

6.09.2013
Македонија – Велс
Србија– Хрватска
Шкотска – Белгија

10.09.2013
Македонија – Шкотска
Велс – Србија

11.11.2013
Велс – Македонија
Хрватска – Белгија

15.11.2013
Србија– Македонија
Шкотска – Хрватска
Белгија – Велс​


М.П.​


23.11.2011 17:02​

Прочитана е : 69 пати​




© 2011 Ohridnews.com​
 
Среќен нека им е празникот на нашите дрвца од сите второкласни и регионални лиги од европава, па и од блискиот исток
 
едно прашање за тие шо упорно тврдат дека ффм или хари е крив..шо има врска то бе
земи размисли хари нејќи да имаме јака репрезентација?? можи не чини чоеко ама до толу не е
или па шо не е толку во ред во ффм па влијај на репрезентацијата? ај објаснете го вашето мислење
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom