Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Многу интересно се замота клопчето во нашава група :) Овој натпревар мислам дека е клучен и за нас и за Ирците, со евентуална победа ќе имаме 7 бода и доста подобрени шанси за 2 позиција, а со пораз и дефинитивно се ќе биде готово. И на Ирците им треба победа за да им се одлепат на Словаците и на Ерменците а нерешено не му одговара никому, така да верувам делка ќе биде жестоко, иако не сум преголем оптимист!
 
Не знам што мрсите сега дека Пандев е вечито повреден ,ако го гледавте натпреварот меѓу Лече и Интер ќе видевте дека се повреди и така ја напушти играта...кривеше со ногата,зголобт го заеба.
Сакам,и се надевам на победа...меѓутоа мислам дека ја губиме оваа утакмица и тоа со добри 2 гола разлика...
 
Ја тепаме оваа сигурно ! ( NOT)
Да не примиме повеќе од 3 гола би било успех. Постигнат гол премија би било.

Кога и кое време се игра иначе ?
 
Олдично,таман од утакмица да се позанимаваме малце и со овие.Инале околу голманската позиција,сакам Богатинов да добие шанса,ме интересира премногу го фалат.
 
Не ми е јасно зошто Даниел Мојсов не е земен за репрезентација. Игра во редовно за Војводина,во одлична форма е,неколку екипи од Италија се заинтересирани за него и не доби повик. Браво Јонуз,одличен потег :uvo:
 
Не ми е јасно зошто Даниел Мојсов не е земен за репрезентација. Игра во редовно за Војводина,во одлична форма е,неколку екипи од Италија се заинтересирани за него и не доби повик. Браво Јонуз,одличен потег :uvo:

Истото прашање и јас го поставив на претходната страна :)
 
Затоа што некој што е повикан на негово место частел кафана пред да се објави списокот :icon_lol: Ако веќе ништо барем гол да не примиме против Ирциве.
 
Многу м ижал што ќе изгубиме, и поради тоа нема да има еуфорија да го наполниме ноцвиот стадион во јуни токму против ирска. од една страна добро ќе биде што ќе го зменат јонуз но и тоа не е решение кога главата на ффм ќе остане иста. играјте сигурен кец барем ќарете си некој динар :smir:
 
1 у 1 чисти како суза :)

Не знам со која игра мисли да оди таму Јонуз,ама најдобро ќе биде да игра бункер...ма каков бункер игло треба да игра,ко оние Ескимите што си ги прават куќите,ако се отвори ќе не напунат како америчка мисирка за денот на благодарноста.
 
Aбе дур не се направи целосна реконструкција како на составот така и кај тие погоре ( ФФМ - и еднаш да престанат да градат, го УТЕПАА фудбалот ) ќе не плескаат кој и да стигне. До кога мислат да го зимаат Шумоликовски? Па тој не игра за својот клуб ( ако има ) а игра за Репрезентација 90 мин. После, што ФАЦА глуми Јонуз што не го зима Боби Грнчаров вистински столб во одбраната би биле со Новевски, па дали е тој нормален... на кој му води инат не знам. За очај е фудбалот во Македонија воопшто не само Репрезентацијата, срамота....
 
Ова најважниот натпревар за нас во овие квалификации. Се може да се заборави до сега. И слабите игри и киксот со Ерменија, зато што на крај краева одлучуваат меѓусебните натпревари со конкурентите. Ако сме мажи, ако не бидува трошка за нешто ЌЕ ЈА ТЕПАМЕ ИРСКА ДВАПАТИ! Сега и на реваншот во Јуни (уффф каква еуфорија би било тогаш) Ако го направиме ова, тогаш до крајот се е во наши раце. И ни остануваат двата натпревари со Ерменија и Андора и на крај дома со Словачка во последното коло. Ако ги освоиме овие 15 бода ви гарантирам трето место, а ако се поклопат коцките од другите натпревари може и второ. Ама знам дека е полесно да се каже отколку да се направи. Поучени од историјата ова само треба да биде наше рутинско гостување од каде треба да се вратиме со 1-2 гола во нашата мрежа. По што пак ќе следи разочарување и откажување за понатамошните натпревари. Како и да е им посакувам среќа на момците, знајме дека се слаби, ама можда среќата ќе ни се насмевне...пеналче нешто, слободен удар, нивни кикс...да победиме таму и после во Јуни овде 30 000 да се соберат на стадион :)
 
читам сега пандев пак повреден доаѓа. па мајку м устара ако не му се игра и не сака да крши ноги за макеоднија што се мучи да не лаже и да мислиме дека имаме јак играч? кога игра он како да играме со еден играч помалку тоа ме нервира си ги чува нозете.
 
Нурединовски
Тодоровски Б.Грнчаров Новевски Попов
Ѓуровски Деспотовски
Тасевски
Пандев Тричковски
Ристиќ

Со оваа тактика ако не газиме се живо...ја да не се викам како што се викам....али тоа е малоумен тренер ...не знае да направи измена кога е потребно,не знае да мотивира,формацијата и играта не знае да ја постави...не знам што повеќе...мене да ме земат да ги менаџирам боље резултати ќе вадиме..

--- надополнето ---

читам сега пандев пак повреден доаѓа. па мајку м устара ако не му се игра и не сака да крши ноги за макеоднија што се мучи да не лаже и да мислиме дека имаме јак играч? кога игра он како да играме со еден играч помалку тоа ме нервира си ги чува нозете.
Човече и за тебе ќе напоменам,гледаше ИНТЕР-ЛЕЧЕ?
 
Касами ако се реши да настапува за Македонија,ќе ни врши голема работа.Има потенцијал детето,а башка и на таа позиција сме најтенки

БТВ.Очекувам еден бод од Ирска
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom