Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Има и ради тоа што Украина војува наместо да им ги отстапи териториите на Русија.
Знам дека во тимски спорт тешко таква работа, ама па кога на една Мерион Џонс и ги собраа сите медали за допинг - може ФФМ да ја пецне УЕФА, иако ништо не би добиле од сето тоа. :P
 

Добро е што останува Сер Боби, а ќе биде одлично доколку ги врати Ристовски и Адеми за овој квалификациски циклус.
 
Не гледам дека со заминувањето на Мети нешто ќе се промени кога е во прашање Ристовски, со Боби ја имаат спукано јако, затоа не игра, не беше Сејдини причината.
Оставам простор само Пандев ако може да ја смири ситуацијата меѓу нив двајца поради блискоста со Стефан и некако да го убеди да се врати.

Адеми мислам дека е апсолутно завршена приказна, никогаш не ни бил нешто посебно загреан да игра за Македонија, затоа и често имаше ситни повреди кога требаше да играме против некои послаби селекции, сега на 34 години мислам дека нема никакви шанси за негово враќање.
Рака на срце кога играше даваше максимум од себе и гинеше на терен.
 
Не гледам причина зошто да се враќа Ристовски... што има врска ако има несогласувања со Милески, тој за Милески игра или за Македонија? Го остави тимот на цедило, мислеше дека нема да направат ништо во Лига на нации и ќе лета Милески, па ете, и без него функционирало. Адеми секако планираше да се повлече, целта му беше да игра на ЕП и тоа е тоа.
 
да точно илчо го заборајв,
а четникот и бугарашот шо напрај охрид да не постојт не ги рачунам македонци
Автоматски споено мислење:

да точно е ,илчо го заборајв,
ама четникот и бугарашот шо напрај охрид да не постојт не ги рачунам македонци
 
да точно илчо го заборајв,
а четникот и бугарашот шо напрај охрид да не постојт не ги рачунам македонци
Ако знаеш што пишуваш, главата ќе си ја отсечам.

Иначе, на листата погоре заборавен е првиот претседател на ФФМ, Алексо Кипровски. Ѕинго е втор.
 
Не гледам дека со заминувањето на Мети нешто ќе се промени кога е во прашање Ристовски, со Боби ја имаат спукано јако, затоа не игра, не беше Сејдини причината.
Оставам простор само Пандев ако може да ја смири ситуацијата меѓу нив двајца поради блискоста со Стефан и некако да го убеди да се врати.

Адеми мислам дека е апсолутно завршена приказна, никогаш не ни бил нешто посебно загреан да игра за Македонија, затоа и често имаше ситни повреди кога требаше да играме против некои послаби селекции, сега на 34 години мислам дека нема никакви шанси за негово враќање.
Рака на срце кога играше даваше максимум од себе и гинеше на терен.
Имаат шанса да играат на светското првенство, а сонот на секој фудбалер е да игра светско.
Така да, постои реална шанса за враќање на Адеми.
Ристовски би требало да игра без проблем, во одлични односи се со Пандев, ништо чудно да биде повторно капитен.
 
Имаат шанса да играат на светското првенство, а сонот на секој фудбалер е да игра светско.
Знаеш од што се плашам сега многу? Ќе има полно коментари сега со омраза на социјалните мрежи од народов,како ги немаше досега да помогнат а еве ги кога излегува шанса за нешто големо и пласман,сакаат на готово место во репрезентација откако се откажаа заради Милевски.
Ќе кружи теза за лицемерие и интерес.
 
За Ристовски се знаеше дека ке се врати штом Пандев ке дојде на позиција. Адеми чисто сумњам дека ке се врати но би бил добредојден и тоа како. Излегоа фер што му дадоа шанса на Милевски. Иако бев и уште сум критички настроен спрема него сепак си заврши работа со 90% обезбеден бараж преку Лига на нации и мислам дека е фер да го истера до крај овој циклус квалификации. За сега има позитивни ветрови од промената на претседателот, де факто Пандев го има главниот збор како што гледам, се надевам само дека ке донесат и позитивни работи во првенството, но сепак таму ги чека МНОГУ работа
 
Ако знаеш што пишуваш, главата ќе си ја отсечам.

Иначе, на листата погоре заборавен е првиот претседател на ФФМ, Алексо Кипровски. Ѕинго е втор.
јас пишав после растурањето на ЈУ....а Алексо беше избран претходно и се викаше ФУДБАЛСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА во рамки СФРЈ ,кога бевме СР МАКЕДОНИЈА,
во време на АЛЕКСО не бевме членка на ФИФА и членка стануваме 8 април 1994 ....

малу поучно за тебе ,во време на Алексо и претходно немавме МАКЕД репрез,туку младинските селекции на републиките играа меѓусебно а една од нив беше во Охрид 1978 кога се отвори спортскиот центар Билјанини Извори (направен по иницијатива на најдобриот генерал во ЈНА Васко Карангелевски)
 
Кипро продолжи да биде претседател и по осамостојувањето сѐ до првите избори на кои беше избран Ѕинго. не може да не го рачунаш периодот 1991-1993 затоа што не сме биле во ФИФА, а сме имале поднесено барање за прием. тоа што веднаш не влеговме во ФИФА беше поради името и Грција.

пс. Фудбалски сојуз на Македонија остана да се вика уште долго време, тек во новиот милениум се смени во федерација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom