Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Па според групиве, добро сме прошле реално, евентуално во група А или Д.
Аууу, А со Словачка - тешко би било. Велс е подобро, мислам. Во D не можевме да се паднеме, откако ги извлекоа С.Ирска и Словенија, групите C, D, E, F беа резервирани за тие кои играат баражи.
 
Добра е групата ама не треба да се лета во облаци. Казахстан се незгодни на нивно тло ама нема простор за паника, и тие се во слободен пад.
Белгија и Велс исто така не се истите репрезентации кога играа четвртфинале.
Натпревар по натпревар и никако опуштање против ниеден противник од овие послабите.
 
Што се однесува до групата е сосема поволна па дури и со трето место имаме шанси за бараж бидејќи Велс преку лига нации има шанси да оди во бараж.
 
Што се однесува до групата е сосема поволна па дури и со трето место имаме шанси за бараж бидејќи Велс преку лига нации има шанси да оди во бараж.
И петто место да сме имаме шанси за бараж преку Лига на нации. Велс нема никаква врска со тоа.
 
Џабе си прајте филмови, у федерација влагаат Миленко и Омерагич и место Миовски у напад ќе го гледате Азер Дијамант Омерагич. :tvg:
На чело со мастермајндот Седло.
 
Топ група!! :cool: И претходно пишував да ни се падне Велс или евентуално Романија, па биднаа првите (Велс може и повеќе ни одговара). А баш пред ждребов си помислив и на Велс и на Казахстан и на Лихтенштајн. :icon_lol: Па ете капак на тоа и Белгија. Белгија е јака, ама со тој тренер што го имаат можат да паднат во Скопје. Формата им е отидена бајаги надолу (плус Де Брујне има слаба сезона во Манчестер Сити - а и сигурно до крај на сезона пак ќе се повреди, а без него се доста слаби). Помладиве играчи и не им се нешто посебно (генерацијата на Елмас ги шлакна во категоријата на У19 во Скопје). Да се дрзнам, мислам дека групава е и доста полесна од онаа од прошлите квалификации за СП. :toe: Распоредов не ми е нешто по ќеиф. Ај Велс океј во Скопје во март, ама па не мораше одма наредната дома со Белгија. Како и да е, ако ги добиеме првите 4 утакмици, мислам дека 90% можеме први да завршиме во група. Ако сме имале идеална група да бидеме први и да идеме на СП директно, тогаш е оваа група. А и би било топ за мене ете да ја гледам Македонија во живо на СП тука. Па нема подобро од тоа! :P
Со оглед дека играме првата на гости со Лихтенштајн и втората дома со Велс, може Македонија серијата победи да ја достигне и до 7 победи по ред (а зошто па да не и повеќе). Лихтенштајн ни е таличен за квалификации за сП!
Нема ваљда да го сменат Милевски и да го стават оној трупот Седлоски... :eek:
 
Има ли основ ФФМ да бара на маса да ја добие службено утакмицата со Украина што се играше во Скопје, ради допингувањето на Мудрик или преголем временски интервал е поминат (тој два пати асистираше на утакмицата)?
 
Велс од слободни ќе не реши, со глава голови. Белгиската лига е многу појака и тие што изгубле веројатно имаат стигнато на ниво да ја прошетаат групата. Мислам 3 то место е плафон тука, д не бидам песимист гледам атмосферата е позитивна.
 
Има ли основ ФФМ да бара на маса да ја добие службено утакмицата со Украина што се играше во Скопје, ради допингувањето на Мудрик или преголем временски интервал е поминат (тој два пати асистираше на утакмицата)?
Има и ради тоа што Украина војува наместо да им ги отстапи териториите на Русија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom