Јас не мислам дека со Мрме биле подобри. Напротив, по мене не е главниот проблем во Боби, туку во квалитет во напад кој ќе искреира нешто.
Како што вели Пеп дека неговата работа е да ги донесе до последна третина од теренот, а потоа е се на играчите.
Порано го имавме Пандев (а го немаше сега и Адеми) кој правеше разлика, а неколку години под Мрме сме слаби. Посебно што сега и со четворица во задна линија Македонија не изгледа лошо дефанзивно. Мрме никако не можеше да направи дефанзивно да стоиме добро со четворица и затоа почна да форсира со тројца, поточно петмина.
Всушност, сигурно може нешто да направи и селекторот за последната третина, но тоа не се решава така лесно во репрезентација, посебно не на само еден репрезентативен собир, каде имаш дури три натпревари и нема многу простор за воигрување.