Абе како треба да се продужи со 3-5-2, не се заебавајте! Моментално репрезентацијава има идеја како да игра, се гледа дека акциите и шансите не се случајни. За тоа браво за Мрме. Ама па формацијава е ужас! Добро пиша некој погоре, ние не можеме двајца штопери да најдеме, не пак со три ќе играме.
За да играш со тројца штопери треба истите да бидат добро уиграни. Италија игра со три штопери благодарејќи на Јуве, зошто сите тројца заедно играат по 50+ утакмици у сезона. Затоа и добро им функционира таквата одбрана. Не можеш да играш со тројца штопери кои имаат по два тренинзи заедно у 3-4 месеци. Тоа и се виде у овие три утакмици. Никаква координација, апсолутно една голема НУЛА! Еден излага на офсајд, вториот спие, третиот не знае што треба да прае. Секоја длабока топка беше 100% шанса за противникот. Првиот гол со Израел падна баш поради таа неуиграност.
И капак на све ова, тие три штопери се факинг Шиков, Мојсов и Кирче. Страва комбинација! Кога го извади Шиков против Израел, одбраната беше многу подобра.
Според мене мора да проба нешто друго. Или 4-3-3, или 4-2-3-1.
- Алексовски -
- Ристовски - Велковски - Зајков - Ристески -
- Хасани - Спировски -
- Алиоски - Пандев - Трајковски -
- Несторовски -
Ова е најдоброто што го имамо моментално.