Словенскиот громовник Перун е претставник на првата и/или на
третата генерација божества, чии дејности во словенската религија и
митологија....
klasika...
Вакви топоними се зачувани и во Македонија: врвот Перен кај с.
Дејловце, Кумановско и врвот Перун на планината Козјак, кај с.
Витолиште, Мариово, на кои посебно се има задржано Н. Чаусидис (1994:
426-445). Зборот Перун е трансформиран и во фитономот Iris germanica -
перуника, познато уште како богиша, кое се среќава речиси кај сите
јужнословенски народи и во народната култура се почитува како
мртовечко цвеќе. Исто така, и личните имиња Перун, Перуна и Перуника
се среќаваат кај: Македонците, Бугарите, Чесите и др...
na pan-slavizam
И. Георгиева во насока на етимолошка
интерпретација прави аналогија помеѓу пеперуда и Перун и смета дека
терминот пеперуда настанал од редупликација на коренот со кој се
означува богот на грмотевицата и дождот - Перун (Георгиева 1983: 185).
Во македонскиот фолклор терминот пеперуда е заменет со пеперуга како...
Етимолошки, Перуновото име доаѓа од индоеврп. назив за бог
*Perk(w)unos (од латв. Perkūnas), поврзан со коренот *perk(w)u- што
значел даб или пошумена планина или планина. Тој е сроден со лат.
quercus - даб, келт. hercynia - шума, санскр. parvatī - смоквино дрво,
стнорд. fjörr, fura, ствгер. forha (герм. Föhre) - стебло, бор, стнорд. fyri,
ствгер. forh-ist (герм. Forst) - борова шума, ангсак. firgen - пошумено
возвишение. Можен е и сродник на зборот *peru-r/n- за камен или
планина, спрема хет. peruna - камен, санскр. parvata - планина и трак.
per(u) - стена, карпа (Интернет:
http://wapedia.mobi/hr/Perkwunos)3.
Милошеска Ели
Универзитет „Св. Кирил и Методиј", Македонија
ova e oficijalno...
neoficijalno...