- Член од
- 8 ноември 2008
- Мислења
- 2.172
- Поени од реакции
- 1.267
За помазување мислам дека не се користела животинска маст туку растителна, маслиново помешано со етерични масла или чисто само етерични масла (парфеми) - во зависност од финансиите (може и само масло ако имаш малку пари :wink
. На Еврејски е Машах = да се намачка, да се помази, да се омасти. Тоа говори дека Исус не бил кој годе, туку дека бил од богато владетелско семејство.
Сличноста на имињата може да е и случајна, но и намерно користена да се потенцира или да се прикрие нешто. Исто така именката Мес значи и :“син“. Таа именка ја има во многу лични имиња : РАМЕС (познат како Рамзес) што значи “син на Ра“, Тутмес (Тутмозис) = “син на Тот“, Мојсие = на Еврејски е Мошех кое пак доаѓа од Угаритското : М-В-Ш кое значи “тукушто родено дете“ или од Египетското МСЈ што значи : “да се роди“. Во оваа група спаѓа и Гилгамеш (син на Гилга), првиот Сумерски владетел : Месанипада (во оригинал : Мес-Ани-Падда) или во превод : “син (мес) на Богот на небото (Ани) вишниот - високиот (падда)“, името на Богот Тамуз (значи : “вистински син“) и т.н.
Ова го кажувам за да потенцирам дека Исус свесно ја користел сличноста на зборовите за во тоа име да ги спои Божјиот син, јагнето и помазаникот. И тоа не бил единствениот пат. И во прекрстувањето на Симон (Шимон) чие име е повеќе одраз (прекар) на неговата каменорезачка дејност (не бил рибар) во Петар (што исто така е слично со Петрос - камен) тој ја користи таа сличност во зборовите поради што на Петар му се обраќа со : “Ти си каменот врз кој ќе ја изградам мојата црква(храм)“. При тоа, првиот дел од името Петар : Пет, е слично со Бет = куќа, а вториот дел : Ар значи “земјиште“, или во целост, името Петар би можело да се преведе како “земјиште за куќа“ или просто кажано “плац за куќа“ (нели : врз плацот се гради било која градба). Во основа ова не е исправно толкување на тоа име, но Христос сличноста вешто ја користи.
( А Павле кој бил преходно Саул-Савле-Суљо, својот прекар Павле го добил затоа што бил низок, мал човек, па затоа го завикале Паулос = Палец = Палчо. Тој бил низок човек со голем нос и криви нозе : со два збора кажано : грд човек - и не бил Евреин туку Идумеец)