- Член од
- 2 септември 2008
- Мислења
- 997
- Поени од реакции
- 22
Резбаните тавани и долапи на МАНУ
Нема шанси и можност за корекција на „некои одредници“ во Енциклопедијата. Сиот концепт за Македонија низ наведените одредници треба да се коригира. А таа корекција е суштинска и тектонска. Тоа не може да го прави истата редакција. Тоа мора да ги прават битно попаметни од нив
Кога детаљно ќе ја разгледате фамозната Енциклопедија на МАНУ, чувството за подметнување и измама се зголемува, не намалува. Ако ги оставите настрана провинциските суети, неуредености, несразмерности, небитни, смешни ликови сосе нивните жени и роднини бутнати во ваков „историски труд“, трудот има концепт, кој е најавен во воведот и кој е остварен во текстот. Тој имено „во овој историски миг“, како што вели, дефинира како ја гледа Македонија, кои се и какви клучните акти на државата, нејзините непријатели и пријатели и личности што го носат тој профил (според габаритот на текстовите за нив). Во таа смисла и од тој агол енциклопедијата е националистичка катастрофа, која донесе и ќе донесе уште поголема штета за Македонците, пред се'!
Имено во одредницата за Република Македонија (стр: 1263) нема одредба за состав на население, иако има се' друго сосе ендемски видови риби и птици? Зошто, што мислите? За да се избегне посочување на нејзиниот мултиетнички карактер и население. Во меѓународно право држава се дефинира со три одредници: население, територија и суверена власт.
Во сите одредници за уставите на Социјалистичка РМ се посочува на конститутивноста на малцинските заедници, а се нарекува Македонија нација-држава?? Или не знаат што тоа значи или се прават будали. За подоцна да кажат дека со рамковниот се променил уставниот систем и од нација-држава сме поминале кон мултикултурна држава?
Уставот од 1991 е тотално потценет, сосе рамковниот договор и правата на припадниците на немнозинските заедници - наспроти нивната суштествена важност за позицијата на Македонија денес во светот и дома (заедно овие одредници немаат 50 реда, колку две поетеси, да не ги споменувам балерините и дипломците). Исто така, политичарите што имаат некаква врска со рамковниот се маргинализирани.
Дефиницијата на македонската нација е тотална конфузија на редакторот (стр. 859). Не знае како да ја дефинира и се мачи и себе и нас: од етнокултурна матрица до политичка нација (која се хомогенизира и ги апсорбира малцинствата на патот до Европа??). Овој концепт на посакувана хомогеност и доминација во нација-држава се препознава и преку сликата за пријателите-непријателите.
Албанците и надвор од досега познатите три скандалозни одредници, всушност во сите колективни одредници (до една) се прикажани како „негативни“ момчиња во филмот на Блаже. Одредниците за сите нивни организации така се избирани што се хорор од страв, насилство, силувања, палежи, колежи, нелегалност, нелегитимност (стр. 31, 123, 372, 1033 и др) . Во одредницата за Албанците во Македонија (стр. 32) тие се прикажани низ бројки на демографско ширење и страв низ Македонија. Како „куга“ и ужас пред „голоракиот македонски народ“. На крајот авторот речиси низ пцост вели: наместо малцинство, добија статус на етничка заедница и пак...
Дури и во одредницата за „арамиството во Македонија“ (стр. 78): македонските арамии (пазете поента) пљачкале лоши Турци и богати трговци, а албанските арамии се' од ред и тоа крволочно...).
Сосема нејасно, наместо одредница за Македонија и бегалската криза, има одредница за „косовската војна“ во која е истурена српска оптика за легалноста на таа војна, а Македонија е прикажана како колатерална жртва (стр. 741)?
Кај одредниците за „големи нации“ (стр. 372 ) има Голема Грција, Србија, Албанија и Бугарија, но ја нема Голема Македонија? Таа не е голема, таа е етничка и дозволена!
Концептот на мазохистичкиот македонски национализам станува поочигледен кога ќе ги соберете прегледно на едно место одредниците за односи со соседите и големите сили (стр. 411, 215, 32, 45, 1411). Јасно е и за слеп дека со Србија и Русија, според енциклопедистите, сме имале „најбогати и најстари“ односи (иако сме биле тотални губитници и маченици во тие и такви односи). Со Албанците и Бугарите избива нетрпеливост и позиција на жртва која мрази!
Со Американците, е тотално оплакнато разочарување од непрепознавање на стратегиски пријател. Постојат одредници на американска помош на нашите непријатели (Грција и УЧК, стр. 29 и 1075) и нема став зошто сме пријатели и зошто воопшто не' поддржуваат и во врска со што! Неверојатно непрепознавање на национален интерес и некомпетентност во пишувањето.
Нема директни одредници за НАТО, ЕУ и Совет на Европа, како организации суштествено важни за нас денес. Низ Советот на Европа, на пример, повеќе се бориме за права на нашите малцинства отколку низ сите состаноци и конференции на нашите историчари заедно!
Со еден збор, драги мои, низ Енциклопедијата провира отровен и губитнички концепт за Македонија и Македонците. Навредите кон другите се израз на очај, на слабост и страв од лутањето низ сегашноста и историјата. За тоа што сакаме да постигнеме и каде одиме. Тоа лутање плаши и создава немир, создава проектирана нетрпеливост. Тоа лутање плаши меѓутоа и нормални луѓе, посебно фактот дека академиците се толку „боси“. Тоа сознание стаписува.
Нема шанси и можност за корекција на „некои одредници“ во Енциклопедијата. Сиот концепт за Македонија низ наведените одредници треба да се коригира. А таа корекција е суштинска и тектонска. Тоа не може да го прави истата Редакција. Таа треба да си оди во СРАМ!
Тоа мора да ги прават битно попаметни од нив! Каде ќе ги најдеме, ќе видиме!
Љубомир Д. Фрчкоски
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=368AF1BC71173E49950B3070464CE538