Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Еве насдак прокси во 2022 шо паднаа од ath:
  • META -70%
  • Zoom -90%
  • Netflix -76%
  • Adobe -60%
  • TESLA - 50%
  • Amazon -45%
  • Cisco -40%
  • Alphabet -37%
  • MSFT -37%
Ова се падови пред очигледна дополнителна детериорација на приходи како консеквенца на глобална затегачка политика како и во време на световна борба за превласт и хегемонија. Убеден сум дека во овие цени не се влезени тие потенцијални влошувања а тоа се гледа по кредибилитетот на доларот. Најголем дел од инвеститорите уше веруваат во тој софт лендинг со гребаници и зауздување на ифлацијата со реално стимулирачка референтна каматна стапка од 3,4,5 % во овие услови.
Во 80ти години Пол Волкер на тогашна инфлација од 13% кренал референтна каматна стапка на 20% и биле потребни 13 години инфлацијата да се заузда конечно некаде над 3% пред повторно да напраи баунс.
Се ова ми кажува да ни престои уше пејн ахед!
Алал да ви е штом сте вака смирени знаејќи дека акцијата ви е падната 80% во споредба со нејзината највисока постигната цена. Ова под претпоставка дека ги поседувате некои од овие наведените.
Си замислувам КМБ да е моментално на некои си 70% пад од максималните 13к ден, тоа му доаѓа негде 4000 ден. или во превод тотален крах, паника, жалопојки и трупање залихи по подруми :vozbud:

Затоа, некако посигурни ми изгледаат нискоразвиени пазари во подем како што е МСЕ. Ограничени секако, но поради општо ниското ниво на финансиска култура, со добар потенцијал за развој.
Автоматски споено мислење:

Me cudi pobaruvackata za USJE. I pokraj ocajnite rezultati. 39% pad na neto dobivka e bajagi alarmantno.

Ne sum ekspert ili insajder ama nesto mi se vrti deka peckite na USJE rabotat na struja. Sto drasticno ke im udri po profitot. Potocno, veke udira.

SELL
А баш им купив вреќа цемент вчера, си велам јака фирма, плус грчко наша, а они ќе сибатматер.
 
Последно уредено:
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно
чувствителна информација:
ПЕКАБЕСКО АД Кадино ја известува јавноста дека во изминатиот период преку
берзанска трансакција лице Весна Кутревска од Скопје се стекна со 17 обични
акции издадени од ПЕКАБЕСКО АД Кадино. Физичкото лице Весна Кутревска
поседува вкупно 2025 обични акции, односно има учество од 6,73% во главнината
на акции со право на глас на ПЕКАБЕСКО АД Кадино.

Другари, Весна има дечко ?

Ко пита не скита :unsure: ....

:)
 
Последно уредено:
Сезоната на ,,Aкцијата скока, сигурно веќе извештајот се знае низ кулоарите'' ја прогласувам за започнато :)
Вообичаена шема на покачување на цените пред излегување на извештаите за третиот квартал.Само за потсетување третиот квартал кај банките традиционално и очекувано е најслаб.
 
Изгледа еден северџански балон веќе пукнал:

Имам присуствувано на три презентации чисто за да видам колку длабоко оди оваа зајчешка дупка и каков тип луѓе имаат пари за да „инвестираат“ во вакви глупости. Просто е неверојатно што и волку долго ги моташе луѓето, а најголемата иронија е што овој Зоран Витанов е стварно еден од најдобрите познавачи на економијата од сите ликови што се мотаат по северџанските медиуми.
 
Светот почнува далеководи на Марс да праи а сиротињава уше верува во ЛАЈНОлес, Граве, Ревита и слични мултилевел шит. Мислев дека овие детски болести се одамна позади нас. Не е крив струмичанецот, ние сме...
 
Последно уредено:
Изгледа еден северџански балон веќе пукнал:

Имам присуствувано на три презентации чисто за да видам колку длабоко оди оваа зајчешка дупка и каков тип луѓе имаат пари за да „инвестираат“ во вакви глупости. Просто е неверојатно што и волку долго ги моташе луѓето, а најголемата иронија е што овој Зоран Витанов е стварно еден од најдобрите познавачи на економијата од сите ликови што се мотаат по северџанските медиуми.
Како е онаа народната, „кој нема во главата, има во нозете“. Така и овие, не ми се верува дека ќе го добијат на суд, гарант е покриен, Лајонес од друга страна не можеа да го победат на суд во далеку поспремни држави, а не пак во МКД.

Кладилници, казина, мулти левел маркетинг, дубари од типот на Каирос Планет и уште еден куп слични ponzi шеми се рај за сиромашни држави каде народот сонува за брзи пари и излегување од калта.

Наместо да плачат како овои ги заебал и дека ќе се плашат доживотно да почнат бизнис, не ќе е лошо да почнат да читаат.
 
Овој дебил што вложил 9000 евра, а очекувал да врати 80.000 за една година и заслужува да биде истрижен. Дури и ова му е премногу што го добил, 7000 ден месечна рата за 9 години, тоа му доаѓа негде 15% годишен поврат, ама ќе тужел црепот :rolleyes:
 
1666539806867.png

1666539832586.png

1666539866950.png

Неисцрпна инспирација! Итар Пејо од 21от век! Штета што не можам да го најдам видеото каде што џуска во Јахтата во Монте Карло, тоа е нешто што тешко може да се опише.
 
Последно уредено:
Руски гас ли е? Ако е руски владата на нашата држава одма треба санкции да клаи.
Шо е битно ние на берза само интерес тераме :) Кој се сака кој се нејќе скроз небитно :)
 
Шо е битно ние на берза само интерес тераме :) Кој се сака кој се нејќе скроз небитно :)
Сум ги измешал темите, мислев "Енергетска Криза е" :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom