Ворен Бафет ќе каже дека времето е сојузник на добрите бизниси, а непријател на лошите. Тоа не важи само за бизнисите, тоа важи и за луѓето.
Ако некој од форумџиите имаше илузија за самонаречениот борец за акционерски права и правдини, еве не помина цела година за се да му се разјасни.
По пишување на најразноразни навреди и филозофии како требало акционерите во овој или оној случај да постапат, па солење на памет за се и сешто, еве го си легна на брашното, па напиша такви самопонижувачки и улижувачки коментари кои на вакво ниво не се видени, од почетоците на форумов. Се надевам дека соработниците на Кутревци ќе му пренесат, за да прочитаат, па нема да е за џабе ова јавно самопонижување.