Ако сте мислеле дека не може да постои покатастрофален финансиски аранжман него со пензиските фондови од вториот столб пошо у тоа Сава при максимални вредности на сите можни индекси оствариле само 3,15% годишен поврат и си исплатиле дури 23% од добивката од „управувањето“ со средствата, сега ќе видите дека можело. Дами и господа, ви ги претставувам уште покатастрофалните резултати на ТРЕТИОТ столб
Кога ќе се поделат вредностите на сметководните единици, се добива дека во 2020. годишниот поврат бил 1,6%, а имајќи предвид дека лани во Северџанија имало инфлација од 1,2%, тоа значи дека финансиски неписмените „клиенти“ што овдека вложиле скоро 20 милиони евра, лани оствариле мизерна реална добивка од 0,4% на своите средства од третиот столб
Па спрема овие срамотни резултати, дури и ВФП и Илирика делуваат како Џеј Пи Морган и Голдман Сакс!
Фондовската индустрија што со децении ја стриже оваа нација е до гуша заглавена во неспособност, а затуцанава раја тоа си го трпи и толерира. Овдека штетноста е толку очигледна што треба само една визионерска власт да притисне чкрапче и вториот столб да исчезне за да се спречи натамошната финансиска штета!