Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Дури и ако ја исклучиме добивката од оваа година (заклучно со 6 месец) 951.556.000 ден, пак остануваат повеќе од 25 мил евра расположиви за исплата на дивиденда.
Мислам дека знам што сакаш да кажеш, дека од добивката од минатата година има останато само 1.105.938.000 (2.371.129.000-1.355.191.000) кои што можат да се поделат. Меѓутоа, има СТБ и од претходните години останато добивки кои што се се уште расположиви за распределба.

Mi ja razbirash poentata, ova moze tocno od revidiranite izveshtai da go vidish i presmetash... Jas od oko rekov 60tina, moze da se i povekje do kaj 100tka na pr... Ama ne mnogu povekje od toa, zoshto dobar del go stavija vo kapital, a prethodno dobar del go ispukaa kako dividenda...
 
ОК, ама ти мене не ме разбираш :)
Има СТБ од претходните години пари кои се расположиви за распределба и тоа 23,9 мил евра:
1604946649443.png

Исто како што НЛБ пишаa: „Акумулирана добивка од претходни години ...За исплата на дивиденда во износ ...“, така и СТБ некогаш може да ги исплати овие (не значи дека ќе ги исплати, само има можност)...
 
ОК, ама ти мене не ме разбираш :)
Има СТБ од претходните години пари кои се расположиви за распределба и тоа 23,9 мил евра:
Прегледај го приврзокот 273799

Исто како што НЛБ пишаa: „Акумулирана добивка од претходни години ...За исплата на дивиденда во износ ...“, така и СТБ некогаш може да ги исплати овие (не значи дека ќе ги исплати, само има можност)...
Izvini ne se 60tina denari tuku 75 denari... Fala prijatno...
 
Пред неколку години им реков и на директорот на Скопска и на директорот на Прилепска пиварница да си се договорат и да не трошат ни денар за рекламирање, со што ќе им останат дополнителни милионски добивки, а ќе си ги задржат соодветните пазарни удели. Короната изгледа ги натера барем овие од Прилепска да го испробаат тој пристап и еве резултатите се очигледни: дури и во ваква катастрофална година со останати трошоци скратени за 112 милиони, добивката им е зголемена за 105 милиони. Секој денар заштеден на реклама отишол у чист профит!

Screen Shot 2020-11-10 at 10.11.40.png

Инаку, гледам дека се насобрале 8 акции ПКБ по 15.000 на понуда, што значи дека сега вреди да се пушти налог да се соберат. Би се обложил дека нивниот купувач долгорочно ќе помине барем 5-10 пати подобро него купувачите на било што котирано по сегашните цени
 
let it go man. ;) razvijas klasika stokholm sindrom online.
 
Ако има заинтересиран за овие 8, нека ги земе и моите, додуша троа повеќе се од 8, ке му ги дадам на пониска цена од 15к.
 
Стокхолмски синдром развиле зелките што почнале да префаќаат карактеристики од кутрето и да му ја чуваат репутацијата, а не јас
 
Ако има заинтересиран за овие 8, нека ги земе и моите, додуша троа повеќе се од 8, ке му ги дадам на пониска цена од 15к.
Ако е добра цената може да се вмешам јас
 
ајде наддавајте тука, јер како и да се договоирме, никој нема на берза да ни ги помати сметките, нема трансакција пола година и јаче :)
 
Нема да ви ја помати едино при нетрговски трансфер, а на берза гарант некој ќе ви се убаци и на купување и на продажба додека трае аукцијата
 
Ок, вреди да се проба ако договориме цена. Ние да се договориме, па после ОНИ нека прават што сакаат, фиктивни трансакции, трансфери и сл. не е проблем.

Ега некој нека ги купи за поскапо од договорената цена. Нека каже тој колку дава макс, ако ми одговара ставаме ан берза и после ако се најде јунак да даде повеќе - тоа е тоа.
Ке го почастам за разликата него :)
 
Пред неколку години им реков и на директорот на Скопска и на директорот на Прилепска пиварница да си се договорат и да не трошат ни денар за рекламирање, со што ќе им останат дополнителни милионски добивки, а ќе си ги задржат соодветните пазарни удели. Короната изгледа ги натера барем овие од Прилепска да го испробаат тој пристап и еве резултатите се очигледни: дури и во ваква катастрофална година со останати трошоци скратени за 112 милиони, добивката им е зголемена за 105 милиони. Секој денар заштеден на реклама отишол у чист профит!

Прегледај го приврзокот 273885

Инаку, гледам дека се насобрале 8 акции ПКБ по 15.000 на понуда, што значи дека сега вреди да се пушти налог да се соберат. Би се обложил дека нивниот купувач долгорочно ќе помине барем 5-10 пати подобро него купувачите на било што котирано по сегашните цени

Па богами на вакви катастрофални резултати на ППИВ и еднакво лоша перспектива, скроз разбирам што му е лошо кога животното дело му пропаѓа. Лани Пивара Скопје имала раст од 27% и огромна добивка, а ППИВ одвај работела на позитивна нула. Би се кладел дека оваа година Прилепска ќе работи со загуба
Епа ајде може да се кладиме.
Јас мислам дека не само што ќе работи со позитива, туку дека реултатите ќе се подобри од лани и во ваква Корона ситуација.

Што убаво на еден куп ручеци ќе си одам на сметка од форумџииве на Кајгана :D
Кладено бе, ако биде полош резултат од ланскиот - ти частиш, ако биде подобар - јас! Ионака пола Кајгана до сега ми должи по ручек :zloo:

Не знам што си им рекол на директорите, но добро се сеќавам што напиша тука на форумот.
 
Облогот си стои, овогодинешната добивка е драстично подобрена во однос на лани и скоро стопроцентна ти е шансата да го добиеш облогот. Доколку тоа се случи, на крајот на годината ќе си го испочитувам зборот, ќе ти честитам и ќе частам ручек.

Него ме чуди во ваквото дисфункционално општество што некој ме послушал и стварно имал корист :lolzz: Уствари, повеќе короната ги приморала, ама еве се надевам дека и догодина ќе продолжат со истата пракса на нерасипување кеш по бескорисни епски реклами.
Автоматски споено мислење:

Ок, вреди да се проба ако договориме цена. Ние да се договориме, па после ОНИ нека прават што сакаат, фиктивни трансакции, трансфери и сл. не е проблем.

Ега некој нека ги купи за поскапо од договорената цена. Нека каже тој колку дава макс, ако ми одговара ставаме ан берза и после ако се најде јунак да даде повеќе - тоа е тоа.
Ке го почастам за разликата него :)

Море мислам дека попрво ќе се најде некој што ќе те пререди да продаде поевтино од договорената цена. Јас бев спремен да се убацам на куповна по 10.001, ама сега некако повеќе ми се допаѓа идејата ако можам да се убацам пред оној подолниот со 3.001 :)
 
По закон за трговски друштва ако не се исплати до 30.09 редовно, тогаш ако има одлука треба да се исплати дивиденда до 31.12 освен ако има воена состојба или друга вонредна состојба. Со оглед дека сообранието е закажано на 30.11 и има предлог дневен ред кој по правило се прифаќа и во тој дневен ред има посебна точка распределба на дивидинда, тогаш е јасно дека никој не ги крши законите во овој случај(Имаше случаи каде се кршеа законите и за тоа никој не одговараше). Ако се оди по закон а овој пат не гледам никакво кршење на закони, тогаш е јасно дека ако има сообрание овој пат, дивиденда треба да има.
 
Море мислам дека попрво ќе се најде некој што ќе те пререди да продаде поевтино од договорената цена. Јас бев спремен да се убацам на куповна по 10.001, ама сега некако повеќе ми се допаѓа идејата ако можам да се убацам пред оној подолниот со 3.001 :)

Битно да се дешава нешто, и така е предосадна МСЕ за мој вкус...брокериве гладни седат задни 6 месеци :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom