Сум приметил дека и тука на темата а и на други теми се коментира со потсмев за тие што ги чуваат во банките. Со оглед на тоа дека имам количина на пари која јасно ми е дека ми губи вредност, да образложам. Тие пари ми се животна заштеда и во иднина ќе ми треба да ги имам во кеш и да ги потрошам. И ја би сакал у меѓувреме тие пари да ја зголемат својата вредност, меѓутоа ни на крај памет не би ги стаил на берза кај што очигледно не функционираат никакви закони, како што ви покажува случајот со Пекабеско. Замисли да сум ги ставил во Топлификација?
Е сеа некој од вас очигледно ова ви е работа - инвеститори сте, па ќе се влечкате по судови, ќе пишувате по амбасади и можда, ама најверојатно не, ќе ја оправите работата. Јас имам друга работа која ми одзема доста време, и од таа работа го имам формирано овој штеден влог. Така да неам баш време да ја оправам работата и да се борам со ветерници. Убаво си кажал човеков, у меѓувреме ќе плаќам паркинг.