Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Најверојатно поради ова беа толку високи резервациите во Q2 кај КМБ
 
Претпоставувам дека парите се искористени за докапитализација од страна на сопствениците ама многу брзо заврши приказната
Не верувам дека 10 М€ се дадени на жими мајка...сигурно се обезбедени со некаков залог
1190d52e62e6ec01e394233bd40206fe.jpg
 
Што се дешава у вакви ситуации со парите на луѓе што имаат у банкава?
 
Министерката за финансии Нина Групер во минатогодишното пријавување на имотна состојба имаше над 250.000 евра депозити во Евростандард. Засекиран да не изгорела пари, сега видов дека у задната состојба таму ѝ останала минимална сума што ќе ѝ ја обештети Фондот за осигурување на депозити. Тоа е уште еден доказ за мојата теорија дека она е бриљантна особа што многукратно ќе ги надмине своите странски ментори на коишто им се улижува додека да дојде на власт, нешто како Груевски или Ѓинѓиќ.

Меѓутоа, по нашите фондови нема такви генијалци како неа, па баш ќе видиме овие денови кој колку исчурел кај газда-Трифун.

Инаку, тој Фонд за осигурување на депозити е уште една „институција“ со прстите у медот. Не ми текнува дали сум проверувал колкави им се платите, ама еве вака на невидено би рекол дека просечната е накај 80 бона.

П.С. Кога би цртал профил на идеален партиски војник, тоа би бил некој гол, бос, гладен и жеден, когошто партијата го црпнала од провинција, го поставила на висока позиција во Скопје и му дала моќ и пари, а тој после ќе копа и со раце и со нозе за да си ја задржи позицијата. Со тоа предвид, еве ја пријавената имотна состојба на директорот на тој Фондот:

Screen Shot 2020-08-12 at 19.30.33.png
 
Последно уредено:
Има фонд за осигурување на депозити. Еуростандард банка е членка на тој фонд. Според извадок од законот за фонд за осигурување на депозити, треба да се се направи обесштетување на осигурените депозити.

"Фондот започнува со обесштетувањето на осигурените депозити во рок од 20 дена од денот на конечноста на решението на гувернерот на Народната банка на Република Македонија од членот 4-а став 2 на овој закон. Во исклучителни околности, Фондот може да го продолжи рокот од ставот 1 на овој член за најмногу десет дена.
Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница пресметани по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на конечноста на решението од членот 4-а став 2 на овој закон. Во износот од ставот 3 на овој член се пресметува главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението од членот 4-а став 2 на овој закон.
Hа денот на конечноста на решението од членот 4-а став 2 на овој закон депозитите вложени во девизи се конвертираат во денари по среден курс на Народната банка на Република Македонија.
Обесштетувањето на денарските и девизните депозити се исплатува во денари.
Во случај на сомневање дека побарувањата на депонентите на членките на Фондот произлегуваат од трансакции поврзани со перење пари или финансирање на тероризам, исплатата на побарувањата на депонентите нема да се изврши се до правосилноста на судската одлука за поврзаноста на трансакцијата со перење на пари или финансирање на тероризам."
 
Само на физичките лица се осигурани депозитите или и на правните?
 
Luge sto mislite Depozitite nad 30 iljadi evra ima sansi da bidat isplateni?
 
Luge sto mislite Depozitite nad 30 iljadi evra ima sansi da bidat isplateni?
Ако банката има средства ќе се исплатат, ако нема... тоа е тоа. Во Македонска банка на пример, сите штедачи биле обештетени, барем така знам јас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom