Тука си грешка, Велес - Кадрифаково не е експресен пат, туку обичен двонасочен магистрален пат, дел од националниот коридор А3. Без клучки, без доволна ширина и соодветни косини и без помошни ленти. Многу луѓе се лажат дека ова е експресен пат само поради малото проширување кое го направија, но тоа не е дополнителна лента. Моментално во Македонија нема завршен ниту еден експресен пат, најблиското нешто до експресен пат е фаличниот автопат Гостивар-Тетово. За прв пат ќе може да тестираме ваков тип на магистрала за околу еден месец кога ќе се пушти делницата Штип-Крупиште, па и сам ќе забележиш дека разликата е огромна во споредба со Велес-Кадрифаково.