Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Тесла е пример зошто не треба да се купува само по технички индикатори а Кутресеско е пример зошто не треба да се купува само по фундаментални индикатори.
Тесла е преценета исто ко и МБИ, ако гледаме технички индикатори, само Тесла ја земаат чисто ради иднината, а МБИ заради .?
 
Тесла стана бетер и од Биткоин и од било кој ШИТКОИН во крипто светот. Ама погледнете ја тесла и споредете со бтц ( тесла кога отидена 1000 и бтц на 20к ) и ке видите мнооогу сличности...класичен Вoл Стрит "Cheat sheet". Не би советувал никој да купува тесла, особено не на овие цени. На околу 200-300 долари, можда ( не викам дека ке отиде толку, но мојот влез би бил на толку, и тоа чисто шпекулативен ). Дали е нормално Тесла да има поголем маркет кап од БМВ, Фолксваген и Мерцедес ЗАЕДНО??? Забегаа америве.

А за Маск да не правиме муабет, човекот ке се надува и тропа глупости, колку и да е генијалец и визионер, не е свесен дека и за берза и за акции и за други теми мора да дава политички одговори. Точно, треба да се игра курназки, ама он претерува.
 
Ајдееее, чекаме следна недела тримесечен од хит-акцијата на корона-кризата, Пекабеско. Имам некакво чувство дека ќе видиме 20% раст на акцијата.
 
Koe e vaseto mislenje za kupuvanje na "futures oil"? Dali e prav moment za toa?
 
Гледам доста се залетаа по АЛК пошто им била зголемена продажбата. Да не го кршам филмот, АМА редно е да се потенцира причината за тој раст, која АЛК уредно си ја навеле

„Повисокиот раст на продажбите во првиот квартал од 2020 година делумно се должи на подигнувањето на безбедносното ниво на залихи на лекови кај голем број наши клиенти и тоа, пред сѐ, на извозните пазари, што беше особено значајно за нив во отежнатите услови за транспорт на стоки.„

Муабетот ми е, тоа значи нарачките ќе опаднат во остатокот од годината пошто овие залихи ќе траат уште доолго време. Имено, поради масовниот карантин продажбата на лекови во малопродажба е намалена, пошто сите здравствени институции работат со 20% капацитет, што значи помалку прескрипции.

Да не спомнувам што маркетинг активностите се сведени на нула, а, да не се лажеме, тие го движат фарма пазарот.
 
Овој Blizzard го пратам по форумов некое време и типов е: Тесла, Биткоин, МБ, Фјучрс, Странски акции .... Не знае кај тера.

2 денари ако има напраено од некое тргување јас главата ја оставам на трупче.
 
Не можам да не приметам дека кај ОКТА од необјаснети причини цената на акцијата рипна за 21% за една недела. Таков раст немаше ни Гилеад, кога се објавија позитивните вести за нивниот лек против корона

Необјаснети причини до денес, кога дознавме дивиденда од 146 денс.

Инсајд инфо? Со сигурност. Се прашувам само дали бил инфо за дивидендата, или за износот на истата. Пошто на последната цена приносот е нешто околу 3,5%. Тенкичко.

Еве гледам денес раст кај ТЕЛ. Ми мириса пак е истата приказна. Само ако го бараме истиот принос цената ќе треба да оди барем 50% горе. Да видиме.
 
Окта скокнала 21% во период кога сите светски нафтени компании одат доле?

Не контам јас нешто тука во логиката на некој потенцијален инвеститор.
Дивидендата нели има смисла само ако акцијата не паѓа?
Што е поентата на дивиденда од 2.5% ако вредноста на акцијата тропне назад за надуените 21%?
 
Мојата претпоставка е дека протекла информација за дивиденда, ама не и за точниот износ на истата.

Некој си направил сметка без крчмарот. Можеби затоа денес цената оди надоле?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom