Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам која им е идејава со ова, но реално ништо не можат да направат.

И да сакаат да ги продадат сопствените акции испод цена, тоа мора да оди на јавна понуда.
Колку што гледам овде збориме за откуп.За откуп не мора да оди на јавна понуда.(нертговски трансфер,блок трансакција),може и се спремни да платат само во тој распон ,а може да им е препишана одлуката од лани:).
 
Сигурно некој ќе се затрча да им ги продаде акциите по тие цени :)
Така да можноста дека ја препишала од лани е доста веројатна :D
 
Мала исправка, вели утре ќе се одлучува:
„Конечната одлука за тоа дали ќе продолжи со процедурата за продажба на три четвртини од државниот удел на Нова Љубљанска банка (НЛБ), словенечката влада треба да ја донесе утре...“
 
Владата не делува баш спремна за продажба ама имаат силен притисок од ЕУ
 
Јас би сакал да ја одложат краткорочно, со јасни намери за продажба но демек како што велат „по фер цена“.
Тоа директно значи за нас бар уште една година „разубавување“ на момата и мрсна дивиденда. :rolleyes:
 
Ме мрзи да барам имаш податоци колку се зголемуваат клиентите на годишно ниво на Нлб
 
Мене причината за одложување не ми се свиѓа. и окулу разубавувањето не сум сигурен дали ке има шминка.:). Инаку најдобра можна опција е да си остане се исто како што беше до сега, и иста дивидендна политика секако.
 
Ме мрзи да барам имаш податоци колку се зголемуваат клиентите на годишно ниво на Нлб
Вака веднаш не наоѓам по папириве, но индиректно според растот на приходи од провизии мислам барем 3-5% во последниве години.
 
Штом Тетекс расте а исплатија дивиденда пред некој ден, Глигорие пак ќе части уште една дивиденда. Што ли се случува со него :toe: , не дека ми смета како акционер, сепак развој на компанијата, инвестирања ова она.
Ама како викаат, раката која дава не се суши :D
 
Марлон ако може да види за колкава сума се работи кај Тетекс.

Мислам дека Тетекс бега од основната дејност веќе со години,слично како Скопски пазар,само СП отиде во капитална а Тетекс во дивиденда.
 
Вака веднаш не наоѓам по папириве, но индиректно според растот на приходи од провизии мислам барем 3-5% во последниве години.
Тешко е така да се процени оти пак паѓаат каматните стапки кај кредитите. Самиот факт што кај СТБ и КМБ оваа ставка се намалува а овде расте сугерира дека има солиден раст, не би се изненадил да е 10 проценти кај физички лица.
 
Ова се провизии, тие според ценовник обично или остануваат исти или паѓаат, многу тешко растат бидејки тоа е сигурен начин да се изгубат клиенти. Се сложувам со тебе за растот, мислам барем над 5% е како број на клиенти. Но има и неактивни клиенти, малку што работат, па затоа ги гледам провизииве.
Значи ако се земе дека цените за провизии не пораснале, банкава има раст на „квалитетни“ клиенти (според мојава селска математика) барем 3-5% годишно.[DOUBLEPOST=1496834783][/DOUBLEPOST]
Марлон ако може да види за колкава сума се работи кај Тетекс.
Мислам дека Тетекс бега од основната дејност веќе со години,слично како Скопски пазар,само СП отиде во капитална а Тетекс во дивиденда.
ТЕТЕ подели 110 денари нето. Кафана велит следната поголема ќе е (ај баш да видам)
Хаха да, очигледно работат све, и тоа добро, освен основната дејност. Незнам што не се пререгистрираат во инвестициска фирма или whatever, ТЕТЕ за текстил ќе да не е. :)
 
Последно уредено:
Може ли bid/ask за ТЕТЕ, TTK и UNI?
Код:
TETE
Купување...         Продавање...  
Количина    Цена       Цена Количина
     100   1.200      1.290      127
     100   1.107      1.500      500

TTK
Купување...         Продавање...   
Количина    Цена       Цена Количина
      20     720        785      564
     120     717   
     594     716   

UNI
Купување...         Продавање...   
Количина    Цена       Цена Количина
      43   1.600      1.710      100
     100   1.500
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom