Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па јас мислев дека 10.000-10.500 е реална цена за по дивиденда. Сепак ова што се случи со кражбата е голем ризик за компанијата.
Сакав друго нешто да прашам, новите правила на НБРМ за капиталот ќе влијаат на добивките или само на исплатената дивиденда кај банките за 2017та?
ова е можно само ако се остварат следниве предвидувања..Ne se zezajte so MSE, akciite naskoro ke potonat cenovno..STB 300, KMB 2000, TNB 4000, OHB 2000, GRNT 400, ALK 4000, BESK 5000 itn.
Па јас мислев дека 10.000-10.500 е реална цена за по дивиденда. Сепак ова што се случи со кражбата е голем ризик за компанијата.
Сакав друго нешто да прашам, новите правила на НБРМ за капиталот ќе влијаат на добивките или само на исплатената дивиденда кај банките за 2017та?
Штета што малите банки Халк, Прокредит, Шпаркасе не се тргуваат на берза.
Инаку никој нема да остане имун на кризата ако со случи потенцијалната блокада во мај. Замислете само 30.000 лица да не можат навремено да примаат плата од општините.
Јас на друго мислев, нема плата нема навремено враќање на ратите за кредитЕпа ќе немаат плата а мора да се јаде, значи кредит од Банка.
За да обезбедат плата за администрација и пензионери ќе зголемат даноци и нови давачки, па и ние ќе треба кредит од Банка.![]()
Јас на друго мислев, нема плата нема навремено враќање на ратите за кредит
Инаку како што разбрав Гошев вели дека Македонија не може да се задолжува во странство додека нема собрание, што може да значи притисок домашните банки да го носат товарот. Каков хаос ни следува, brace yourself.
Не сеуште. ова се само смени во надзорните и управни одбори кои мора да поминат на одобрување и процедури низ НРБМ.![]()
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:
На ден 24.04.2017 година, г-динот Константинос Братос поднесе оставка од позицијата член на Надзорен одбор на Стопанска банка АД – Скопје. Неговата оставка ќе стапи во сила на денот кога Гувернерот на Народна банка на Република Македонија ќе издаде согласност за кандидат за член на Надзорен одбор, по неговиот избор на Собрание на акционери.
ДА не има нов газда.
По инерција прв и втор квартал мислам дека ке бидат повеке од добри.
само на исплатената дивиденда. Банките ке мора да имаат поголема адекватност на капиталот во (слободни средства) зависност од системската поставеност. за секоја банка се прават посебни пресметки (нрбм ги прави пресметките).Тука мислам дека КМБ е најизложена затоа што исплати дивиденда пред да ги добие пресметките, и ке мора да балансира во наредните години со помала исплата на дивиденда или неисплата не дај божеза да ја подигне адекватноста на капитал. СТБ најдобро стои тука. тнб се "затвори" годинава , само Хари остана од големите 3. Ме интересира со какви механизми ке се покрива. Мислам дека и на инвеститорите им е јасно веке, и затоа овој пад на цената кај кмб.