Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Ова денеска е сериозен и реален промет.

Банките растураат по промет, СТБ денес околу 880 се вртка, КМБ ја проби психолошката граница од 3 бона, за СБТ блокови фрчат, ОХБ со бид од 4300 ама нема продавачи.

Интересно, ако се анализира годишниот извештај на МСЕ за лани испаѓа дека странците продавале речиси во сите компании (најмногу КМБ, МПТ, СБТ) а домашни акционери купувале. Ова ме потсеќа на едно не толку дамнешно време :rolleyes:
 
Последно уредено:

Тоа беше трендот во цела 2016 година.

Но на почетокот на годинава, а и денес се истурија пари. Ќе го чекам извештајот за Јануари, да видам дали странците се враќаат во 2017та.

А и Централна Банка ги намале стапките, па Банките одма реагираа и сега имате годишен депозит со 1,9%. Пак нека продолжат да штедат. 3,5 милијарди евра во депозити кај населението = лудило!
 
Што мислите за КМБ. и нивните резултати во последниот квартал?Колку добивка очекувате? Јас продадов поодамна , но сега сакам повторно да купам ама одамна не ги пратам нивните резултати,па затоа сакам да прочитам нешто корисно од вас кои сте во тек со оваа банка.
 
Денес STB на 900 беше исчистена исто како пред 2 месеци кога беше на 700. :bance:

Ајде да видиме што ќе излезе од ова...
 
Што мислите за КМБ. и нивните резултати во последниот квартал?Колку добивка очекувате?

Деновиве цената добро се држи, а богами и прометот. Со оглед на тоа дека годишниот извештај ќе излезе за 2 недели, а нивните вработени најчесто ги знаат постигнатите резултати месец време однапред, очекувам добивка од 9-11 милиони евра и дивиденда од 150 денари.
Сепак за мене КМБ по оваа цена е на Холд, ќе чекам првото тромесечие како ќе поминат па да видам дали ќе се оди Бај/Сел.[DOUBLEPOST=1484741430][/DOUBLEPOST]
Ајде да видиме што ќе излезе од ова...

Дивиденда + свадба наскоро :свиркам:
 
Последно уредено:
Што мислите до кога ќе растат акциите како стб тнб беск охб и слични некои се плус 400/100 во последните 1-4 години и веќе се некои на сметководствена цена. Има ли уште шанси да им расте добивката?
 
Рано е да правиме озбилен муабет, да ги видиме годишните извешатаи за 2016-та првин.
Интересно е што само во 2015 и 2016(најверојатно) има раст на добивка во 2012-2014 имаше пад или стагнација најверојатно некој задоцнет ефект на должничката криза за 2017 треба да видиме иако поделбите по години се вештачки. Економијата не гледа која година е. Дури и за оваа 2016 има полош раст на БДП од 2015 а добивката е зголемена за првите 3 квартала. Останува како што викаш да се види за четврти квартал може тука ќе се заглави.
 
Мислам дека и пред 2015 големиве банки работеа позитивно.. повеќето од нив имаа негативни биланси поради тоа што сеуште правеа отпис на средства (законски е обврска за недвижниот имот што го имаат непродадено повеќе од 5 год).. откако заврши тоа почна да се гледа позитивниот биланс од работата плус како екстра доаѓаше приливот од продажба на имотот што претходно беше отпишан.. така да јас лично очекувам четирите големи банки STB, KMB, OHB и TNB за 2016 год да имаат подобар годишен резултат од 2015..
 
Тоа беше трендот во цела 2016 година.

Но на почетокот на годинава, а и денес се истурија пари. Ќе го чекам извештајот за Јануари, да видам дали странците се враќаат во 2017та.

А и Централна Банка ги намале стапките, па Банките одма реагираа и сега имате годишен депозит со 1,9%. Пак нека продолжат да штедат. 3,5 милијарди евра во депозити кај населението = лудило!
a sto predlagas ti? da go duvaat balonot za ti da profitiras?
 
a sto predlagas ti? da go duvaat balonot za ti da profitiras?

Ова искрено мислиш дека во овој момент подобро е за кого било да ги стави своите средства во депозити со 1,5% принос, во време на очекувана инфлација од 2%. И веќе кога има доверба во банката да ги остави депозитите, не гледам зошто не би купил акции кои му носат 10% годишна дивиденда, а овие последни години и одлична капитална добивка. Јас сум само мала риба, и 6000 да дојди индексот нема толку многу да профитирам, не се секирај. :tapp:
 
Прашањето не е дали банките ќе имаат подобар резултат од 2015та туку колку ќе е подобар односно дали ќе е според очекувањата на инвеститорите. Според цената се очекуваат резултати подобри за 30 можеби и повеке проценти.
 
a sto predlagas ti? da go duvaat balonot za ti da profitiras?

А ти што предлагаш да правиме со парите ...

Некои си изнакупија акции уште пред 4-5 месеци а некои акции на пример Бетон Скопје беа 3.500 денари а даваат дивиденда 1.200 денари :несвест:

И орочени да ти се парите не ти се сигурни, пример беа Кипар и Грција кога иако имаш пари неможеш да си ги извадиш, и во сефови луѓе што чуваа исто неможеа да си ги извадат (банките не работеа). Подобро да ги инвестирам во берза него на некој пријател да му позајмам па после да расипеме другарство оти тешко дека ќе ги добиеш назад :(

Сити Мол во 2016 нели се продаде, е сега деталите/условите под кои се продаде т.е. како банките во кои беше заложен Сити Мол ќе го книжат во своите биланси :toe: .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom