Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Убаво изгледа УНИ ама има еден голем слон во собата со порцелан ова билансот за оваа година
 
За пет години во странство префрлени добивки и дивиденди вредни 1,137 милијарда евра
Над 275 милиони евра одлеале македонските компании што имаат странски капитал надвор од земјава за десет месеци лани. Толку пари префрлиле во компаниите мајки од јануари до октомври на име реинвестирани добивки и исплатени дивиденди. Притоа речиси идентична е сумата исплатена како дивиденда и таа што е реинвестирана назад од остварената добивка, односно по 137 милиони евра по двете ставки од јануари до октомври 2016 година. За цела година сумата можеби ќе биде и доста поголема со оглед на тоа што некои од поголемите фирми исплатата на дивидендата ја извршија во текот на последните три месеци лани.
 
Еве го тоа што се очекуваше кај Фершпед, денес поминала блок трансакција веројатно со акциите на Брилијант.
Некој ме праша дали пишувам во Фактор :)

Сопственикот на „Брилијант“ ги продава акциите од Фершпед! https://t.co/cGYfxFSaPW via @faktormk
 
СТБ денес со солиден промет, на моменти одеше и по 875 денари, изгледа некој знае нешто повеќе за следната дивиденда и продажба. Со ова темпо за 2-3 месеца ќе се врати инвестицијата на тие што купиле пред дивиденда + дивидендата ќе им остане како ќар.[DOUBLEPOST=1484331288][/DOUBLEPOST]
Сопственикот на „Брилијант“ ги продава акциите од Фершпед!

Прашање е кој ги купи, газда Штерјо или бате Саше.
 
СТБ денес со солиден промет, на моменти одеше и по 875 денари, изгледа некој знае нешто повеќе за следната дивиденда и продажба. Со ова темпо за 2-3 месеца ќе се врати инвестицијата на тие што купиле пред дивиденда + дивидендата ќе им остане како ќар.[DOUBLEPOST=1484331288][/DOUBLEPOST]

Прашање е кој ги купи, газда Штерјо или бате Саше.
Ќе оди нагоре до окулу 10% дивиденден принос после само останува прашање каква ќе биде 2017 1-2 квартал од следната се клучни дали ќе одат нагоре акциите. Инаку има информации дека од 2016 ќе биде во мај пресек. Иако според мене е чиста шпекулација. Инаку последнава дивиденда е комбинација од 2014 и 2015. Треба убаво да се пресмета колку е дивиденд пау оут и да се види колку може да се очекува од 2016та. Има 80 ден добивка во 2014 и 100 ден во 2015 ако се гледа по овој есап тоа 90% пај аут. За 2016 има веќе окулу 100 ден по акција добивка. Така да повеќе од 100 најрано во мај неможе да се очекува. Ова е оптимистичко сценарио. Може и 0 да е.
 
Прашање е кој ги купи, газда Штерјо или бате Саше.
Ова било старо ама јас пред кратко време дознав дека тие имале лоши односи (биле скарани) иако се од исто штипско село и порано имале голема соработка.
 
Бетон го доби тендерот за новиот клинички центар?
 
во тек е евалуација. Бетон+Гранит со зедничка понуда се најблиску. Имало 3 понуди и сите се над пропишаната вредност.
 
Фзц Куманово очекувам да извади страшен резултат.

Инаку секоја чест за вас што имате Стопанска, не разбирам зошто ама ете пазарот ја турка во индекс сличен на оној кај КМБ
 
Фзц Куманово очекувам да извади страшен резултат.

Инаку секоја чест за вас што имате Стопанска, не разбирам зошто ама ете пазарот ја турка во индекс сличен на оној кај КМБ

ФЗЦ очекувам не само сега туку и наредни години да растура, и реално ако менаџментот е паметен и чесен за нивната дејност нема да има зима :D

Стопанска имам јас (100че) ама најверојатно ќе ги продадам и правац во Комерцијална Банка. Би требало поголем иден раст да има КБ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom