Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Dobro trgna denes MSE. samo ne mi se veruva deka ke prodolzi vaka ivo naredniot period,apogotovo dobro trgnaa KMB. i TNB.
 
КМБ денес со промет од 600 илјади евра, скоро цел процент од акциите поминаа. Нешто се спрема, денес веќе нема налози на продажна страна.
 
Na sto se dolzi ovoj nenadeen rast na berzata i dali moze da se ocekuva deka taka ke prodolzi ili ke bide sekoe cudo za tri dena kako st bese nekolku pati do sega?Dali makedonskite investitori imaat kapacitet da go odrzat ovaa tempo?
 
Kristijan ti li si? :P
 
Ha-ha treba da se zamislam ako sum pocnal da licam na nego.Ne e Kristijan tuku eden investitor siten sto se kae sto ne vleze porano vo TNB. ine znae dali povtorno ke ima sansa da vleze na 2600. Pozdrav Sefus.
 
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
Согласно член 158 од Законот за хартии од вредност, НЛБ Тутунска банка АД Скопје известува дека во судски спор во кој НЛБ Тутунска банка АД Скопје беше тужена страна од физичко лице, по основ на неисплата на Договор за орочување од 03.09.1992 година, со вредност на спорот од 107.571.500.633.460,00 денари со камата, Врховниот суд на Република Македонија донесе конечна Пресуда Рев.2 бр.4/2013 со која ревизијата на тужителот се одбива како неоснована, а се потврди Пресудата ГЖ.бр.1767/12 на Апелациониот суд Скопје, односно Пресудата П.бр.5553/08 од 29.12.2011 година на Основниот суд Скопје 2 Скопје со која тужбеното барање на тужителот делумно се уважи и се задолжи тужениот - Банката да му плати на тужителот на име долг 1.309,50 денари со затезна камата согласно закон, како и на име процесни трошоци да му плати на тужителот износ од 85.310,00 денари. Во останатиот дел тужбеното барање на тужителот во делот на досудениот износ од 1.309,50 денари до бараниот износ од 107.571.500.633.460,00 денари со камата, го одби како неосновано, а исто така и барањето за трошоци по постапката во делот над досудениот износ од 85.310,00 денари до побаруваниот износ од 282.250,00 денари, го одби како неосновано.[DOUBLEPOST=1400074884][/DOUBLEPOST]
Ова ти да не си тужел?
 
Последно уредено:
Како не изнакупував повеќе од КМБ.....ах ама се каам. Сепак и вака не е лошо иако ни јас не сум свесен што точно се случува таму и до каде ќе оди оваа...
 
Izgleda deka zavrsi ovoj rast....tolku zasega a koga ke bide sledniot ne se znae;)
 
Како си играат со акциите како во оваа држава да не постои закон за хартии од вредност. Банката вели нема ценовно чуствителна информација по деф.ако е така тоа е спекулација некој си игра играчки. Вака ке ни горат луѓе и тоа малце капитал после ке се жалиме нема инвеститори ,само хоштаплери.
 
Извадок од интервјуто на поранешниот гувернер Гошев, тотало се слагам со него за болдираното:

Меѓутоа во предизборниот период имавме ветувања и трошоци од обратен тип, субвенционирање на вработувањата, бришење на долговите на социјално загрозените лица. Како оваа политика ќе ја чувствуваме во наредниот период?

Тие се во рамки на истиот популистички концепт. Се разбира, провалијата се продлабочува и тоа е движење во истата насока. Од тоа тие не се откажуваат, меѓутоа ако оваа гарнитура уште остане на власт, таа ќе се обиде да ги одложува овие нужни кратења и усогласувања на страната на потрошувачката затоа што дефинитивно економскиот раст нема да може да го покрие ова што тие го прават на страната на потрошувачката. Другите можности за одложување на вистинскиот ден на соочување со вистината е да посегнат по девизните резерви, да ја отворат спиралата на инфлацијата, преку отворање на спиралата на инфлацијата да се обидат да го обезвреднат долгот, особено домашниот долг, бидејќи странците сè повеќе инсистираат на зголемување на домашниот долг во структурата на вкупниот долг, наспроти екстерниот долг. Значи тие може потоа да прибегнат кон тие сценарија ако останат на власт. Тоа на крајот ќе го редуцира БДП-то изразен во странска валута, во евра или во долари. Ќе се види продлабочено сиромаштијата на Република Македонија во рамките на Европа или во рамките на светот и ќе се види дека ние како граѓани имаме многу помалку пари во комуникацијата со светот.
 
Ова е исклучително интересно интервју. Гошев е во право единствен начин да се анулира долгот(внатрешниот) е да се подигне стапкаат на инфлација со што денарите би ја изгубиле вредноста, кај населението би опаднала купуваната моќ на административците и останатото население кои примаат плата во денари. Друг начин кој не го спомнува овде би било девалвација на денарот со што би се постигнале истите ефекти, мегјутоа е доста поневеројатна опција бидејки е по болна. Вака на тивко ке се крчка намалување на внатрешниот долг.

Едно е сигруно дека депозити во банка моментално е загуба на вакви каматни стапки.
 
Извадок од интервјуто на поранешниот гувернер Гошев, тотало се слагам со него за болдираното:

Меѓутоа во предизборниот период имавме ветувања и трошоци од обратен тип, субвенционирање на вработувањата, бришење на долговите на социјално загрозените лица. Како оваа политика ќе ја чувствуваме во наредниот период?

Тие се во рамки на истиот популистички концепт. Се разбира, провалијата се продлабочува и тоа е движење во истата насока. Од тоа тие не се откажуваат, меѓутоа ако оваа гарнитура уште остане на власт, таа ќе се обиде да ги одложува овие нужни кратења и усогласувања на страната на потрошувачката затоа што дефинитивно економскиот раст нема да може да го покрие ова што тие го прават на страната на потрошувачката. Другите можности за одложување на вистинскиот ден на соочување со вистината е да посегнат по девизните резерви, да ја отворат спиралата на инфлацијата, преку отворање на спиралата на инфлацијата да се обидат да го обезвреднат долгот, особено домашниот долг, бидејќи странците сè повеќе инсистираат на зголемување на домашниот долг во структурата на вкупниот долг, наспроти екстерниот долг. Значи тие може потоа да прибегнат кон тие сценарија ако останат на власт. Тоа на крајот ќе го редуцира БДП-то изразен во странска валута, во евра или во долари. Ќе се види продлабочено сиромаштијата на Република Македонија во рамките на Европа или во рамките на светот и ќе се види дека ние како граѓани имаме многу помалку пари во комуникацијата со светот.
Тешко ми е сериозно да го сватам после вакво интервју и други изјави. Типот е од опозиција и шири не реални песимистички сценари од политички причини. Другите точки немааат врска со економија чиста политика се... Но може да се деси ова во подалечна иднина.
 
А тоа дека македонија е најдобра земја во европа, трета во светот, и има работа само младите не сакаат да работат е чиста економска логика и слика за вистинската состојба во македонската економија?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom