Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Перпетуалните обврзници се слични со обичните во исплата на камата, а разликата е што немаат датум на доспевање и се вклучени во Основните средства, т.е. Additional tier 1 capital. Тоа значи дека ја зголемуваат адекватноста на капиталот и се еден вид "замена" на нова емисија на акции. Теоретски ќе добиваат камата засекогаш.
 
I dali imate sovet ili mislejne dali da investirame vo akcijata na uni ?
 
Според што овие бројки биле сосема очекувани за тебе?

Акциите, добар дел од нив, беа потценети со задоцнет залет од 2023. Играше секако улога и кешот од мтур, како и барањето засолниште од инфлацијата
 
Перпетуалните обврзници се слични со обичните во исплата на камата, а разликата е што немаат датум на доспевање и се вклучени во Основните средства, т.е. Additional tier 1 capital. Тоа значи дека ја зголемуваат адекватноста на капиталот и се еден вид "замена" на нова емисија на акции. Теоретски ќе добиваат камата засекогаш.

Проблемот со нив, во однос на акциите е што тие имаат во случајов на UNI, а денеска и ТТК објави такви во износ од 1 милион ЕУР, што имаат приоритет во однос на акциите. Односно, од добивката, прво ќе се исплатат 6% за перпетуалните на УНИ, 5% за ТТК, а ако остане, оди дел од добивката за акционерите.
Количината на перпетуалните обврзници на UNI ја намалува вредноста на одличното P/E и P/B на UNI.
Дури е волкава добивката, нема гајле, ама ако се намали, ќе останат акционерите со празни раце за дивиденда, а обврзнициве ќе си земат договорена камата.
Искрено, дел од портфолиото и јас би го имал под вакви услови, ама за жал понудата не е јавна ниту во една од тие 2 банки.
 
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom