Во текот на работењето, низ раце ми поминувале купопродажни договори за вакви зделки и знам дека во нив биле прецизирани и десетпати понебитни детали од една ваква дивиденда. Обете страни имаат јаки менаџери и адвокатски тимови и незамисливо е како што замислува балкански Мали Ѓокица дека СЖ „ќе се снајде“ и ќе си извади неколку милиони евра доколку тоа не е стриктно предвидено.
Всушност, дискусијава ме потсетува на случајот со „сигурната“ конверзија на приоритетните на Стопанска. Просто е неверојатно дека некој купува акции и верува дека ќе заработи со план дека некој тукутака ќе му подари милиони евра. Сепак и спротивните страни у трансакциите влегуваат у зделки со свои анализи и планови, а нивната улога не е како пијани милијардери да исполнуваат туѓи музички желби плаќајќи онолку колку што некој зацртал дека треба.