Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека вчерашниот ден беше крајот на политичката криза. Речиси сум сигурен дека во 2018та ќе влеземе во НАТО.
Има мислење дека 2008беше поради можен влез во нато. Јас немислам така ама ако мисли најголем дел од инвеститорите и се случи тоа или има шанси ок е што однесува на мене :D...ама ват иф е работава.[DOUBLEPOST=1508151447][/DOUBLEPOST]Гледам имало ремонт во одбор на директори на ТЕЛ т.е. смена на партиски кадри. Ај да видиме што ќе направат. Што се однесува до фирмата губеше пазар и паѓаше добивката освен во последните 2-3 години. Може сега ќе пркне...да видиме каква политика ќе водат и колку ги бива.
 
Последно уредено:
Дали на повидок е нов берзански балон коj ќе се надуе пред/по/за време на влезот во НАТО како во 2007?
 
Новото предлог законско решение е веќе изработено, односно 90% од него во текот на 2015 година. Сега само се тестираат финеси, и се прават калкулации колку истото ќе допринесе кон буџетот и рамноправноста во државава.

Прва битна работа е што приходите ќе бидат пресметувани на бруто основа, па така секој ќе ја добива бруто платата и ќе биде обврзан да си го плаќа својот данок, како и да допринесува во социјалните фондови (ФЗО, ПИОМ).

Најбитната промена со ова настапува кај хонорарците, кои за износот до 1.000.000 денари на годишна основа ќе плаќаат по 10% од својот бруто приход на државата како персонален данок, а кога ќе го надминат овој износ ќе плаќаат 18% ПД.

- Да дополнам 18%данок ќе се наплатува само на сумата над 1 м ден годишно. Пример годишно заработуваш 1.200.000 ден плаќаш персоналец 1.000.000 * 10% и 200.000* 18% вкупно 100.000 + 3.600=103.600, додека доколку би се наплаќал рамен данок (како сега) 102.000 ден
 
Имаше и порано вака...само различни стапки беа и различни суми 3 беа стапките. Инаку грешна ти е пресметката ☺
 
Намерно не ги земав придонесите за фондовите за пензиско и здравствено осиг. Што не е точно во пресметката?
 
Прва битна работа е што приходите ќе бидат пресметувани на бруто основа, па така секој ќе ја добива бруто платата и ќе биде обврзан да си го плаќа својот данок, како и да допринесува во социјалните фондови (ФЗО, ПИОМ).

Најбитната промена со ова настапува кај хонорарците, кои за износот до 1.000.000 денари на годишна основа ќе плаќаат по 10% од својот бруто приход на државата како персонален данок, а кога ќе го надминат овој износ ќе плаќаат 18% ПД.

Професоре, сте измешале нешто, тоа со хонорарците беше идеја на претходната власт. Не сум хонорарец и не ги знам детаљите, само знам дека не се спроведе и замре идејата.
Овие новите имаат замисла да ги оданочат и платите над 1000 евра, иако си имаш платено пензиско/здравствено. Пример земаш нето плата од 1500 евра, на 1000 евра плаќаш 10%, на 500 евра плаќаш 18%. Ако имаш и плус други приходи, дивиденда и сл, и на нив ќе платиш 18%.
Наскоро ќе отворам и тема за оваа дебилна идеја, само да се разбистрат работите.

Истото како кај хонорарите се предвидува и кај данокот на капитална добивка, но сеуште не знаеме кога ќе почне да се применува :)

Капиталната добивка не се оданочува до крај на 2018, има време за тоа да се секираме :)
 
Професоре, сте измешале нешто, тоа со хонорарците беше идеја на претходната власт. Не сум хонорарец и не ги знам детаљите, само знам дека не се спроведе и замре идејата.
Овие новите имаат замисла да ги оданочат и платите над 1000 евра, иако си имаш платено пензиско/здравствено. Пример земаш нето плата од 1500 евра, на 1000 евра плаќаш 10%, на 500 евра плаќаш 18%. Ако имаш и плус други приходи, дивиденда и сл, и на нив ќе платиш 18%.
Наскоро ќе отворам и тема за оваа дебилна идеја, само да се разбистрат работите.

Капиталната добивка не се оданочува до крај на 2018, има време за тоа да се секираме :)

Не бе Бранче, тебе малку ти си измешале лончиња. Најубаво да одиш до најблиското сметководствено биро и да ти кажат како се прави пресметката за плати, поконкретно во делот на даночно ослободување.

Генерално, претходната власт донесе закон и го спроведуваше 8 месеци од јануари до август 2015, но кога и се спротиставија нивните пулени, излади и ги врати сите работи по старо.

Значи, новото предлог законско решение вели:

- да нема горна граница на која се наплаќаат придонеси, во моментов е 3000 евра, што значи ако за октомври исплатиш плата од бруто 4000 евра, за нив ќе платиш придонеси од приближно 1000 евра пошто 3000 е таванот, и уште 100 евра персонален данок за оние 4000-3000=1000 евра (не замерувај на симплифицираниот начин на пресметка, да не го тупиме :) ).

- хонорарците, кои цело време се интересна категорија, да бидат даночени со поголема стапка од сегашните 10%, односно за износот над 1М на годишно ниво да си платат персонален данок од 18%, просто како грав.

Со овој модел би требало да има поголеми приходи по основ на персонален данок во буџетот на државата, а од друга страна им обезбедува и подобра ликвидност на сите оние кои имаат редовни примања по основ на хонорар и знаат добро да ги планираат трошоците.
 
Инаку да не знаеш дали ќе ја зголемат и максималната пензија или укинат?
И ваљда нема да опнат и придонеси за дополнителни приходи освен плата ? Хонорари дивиденди итн..
 
Последно уредено:
Не разбирам сега дали и хартии од вредност како приход(добивка) и дивидендите спагаат дека ке се оданочуваат. Во законот за данкок непамптам кој член беше продажбата на хартии од вредност е исклучена како ке оди тоа.

Секоја чест кој проба денес да го крене индексот со малце пари се удави у сопсвениот шлајм.
 
Инаку да не знаеш дали ќе ја зголемат и максималната пензија или укинат? Ако земаш повеќе би требало и повеќе да даваш или не? Додуше ова со пензиите е лесно променлива категорија...сад га видиш сад га невидиш.
И ваљда нема да опнат и придонеси за дополнителни приходи освен плата ? Хонорари дивиденд итн..
Придонесите се социјална категорија, како и фондовите (ФЗО и ПИО), па така само кај платите ќе останат обврските за плаќање, без притоа примателот на плата да добие повеќе здравствени услуги или повисока државна пензија, пошто СОЦИЈАЛНИ се, је.и га. :)

За данокот на капитална добивка, како продолжение на одредбите кои се носеа пред неколку години а со цел за заживување на тогаш грогираната МСЕ, последно на крајот на 2016 се донесе одредба со која капиталната добивка за 2017 и 2018 се ослободува од било каков данок. Па така можете да бидете мирни уште нешто над 400 дена од денес :)[DOUBLEPOST=1508176602][/DOUBLEPOST]
Не разбирам сега дали и хартии од вредност како приход(добивка) и дивидендите спагаат дека ке се оданочуваат. Во законот за данкок непамптам кој член беше продажбата на хартии од вредност е исклучена како ке оди тоа.

Секоја чест кој проба денес да го крене индексот со малце пари се удави у сопсвениот шлајм.
Дивидендите и сега се оданочуваат со 10%, со новиот предлог закон АДата ќе ни исплаќаат бруто дивиденда, за подоцна ние да си плаќаме 10%, до крајот на годината, се разбира :)
 
Придонесите се социјална категорија, како и фондовите (ФЗО и ПИО), па така само кај платите ќе останат обврските за плаќање, без притоа примателот на плата да добие повеќе здравствени услуги или повисока државна пензија, пошто СОЦИЈАЛНИ се, је.и га. :)

За данокот на капитална добивка, како продолжение на одредбите кои се носеа пред неколку години а со цел за заживување на тогаш грогираната МСЕ, последно на крајот на 2016 се донесе одредба со која капиталната добивка за 2017 и 2018 се ослободува од било каков данок. Па така можете да бидете мирни уште нешто над 400 дена од денес :)[DOUBLEPOST=1508176602][/DOUBLEPOST]
Дивидендите и сега се оданочуваат со 10%, со новиот предлог закон АДата ќе ни исплаќаат бруто дивиденда, за подоцна ние да си плаќаме 10%, до крајот на годината, се разбира :)
Ако сакаат така со персоналниот данок од дивиденда ОК...инаку баш ќе биде интересно ако сите овие даноци се воведат од 31 дек 2018...не ми звучи како позитивна работа за цената на акциите. Ама како што викаш има 400+ дена до тогаш.
 
мое скромно мислење дека со хартиите од вредност се прави голема грешка со години, имено тие се ослободени од данок мегјутоа мора сите приходи да се пријават во годишна даночна пријава со 0% стапка на данок или ослободени.
 
Твоето мислење е апсолутно точно, иако не се плаќа, сепак треба да се пријават, најмногу од се за да не дојде некоја наредна година да бидете приморани да пријавите стар приход па да платите и данок, а претходно не требало :P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom