Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
75% pay out. Peer-ите би рекле business as usual (y)

#PseJO!

PSE JO!
Автоматски споено мислење:

Во Хрватска имаат повластен даночен третман за исплата на бонуси на вработените во акции (во споредба со исплатата во „кеш“, односно преку „плата“). Ова им дава поттик на котираните компании да ги откупат сопствените акции.
 
Последно уредено:
Ако сака Слободан бонус (нормален) нека си го земе во акции, кој претходно ќе ги купи на берза. #my20cents
 
Не ми е јасно ни зошто ги издадоа обврзниците во тој огромен износ и со таква лихварска камата кога минимално им се зголемија кредитите, освен како резерва на капитал за некои потенцијални пропаднати кредити
 
Се задолжуваш со перпетуална обврзница со криминална камата.

PSE JO!

Исплаќаш дивиденда.

PSE JO!

Се дури од капиталот собран од обврзницата можат да ја исплаќаат каматата без проблем, и да остане уште толку плус за банката, нема проблем.

Не ми е јасно ни зошто ги издадоа обврзниците во тој огромен износ и со таква лихварска камата кога минимално им се зголемија кредитите, освен како резерва на капитал за некои потенцијални пропаднати кредити

Таа се издаде во ова време пред 3 години. Во тоа време беа на граница на дозволен лимит. Без тој дополнителен капитал не можеа да продолжат со кредитирање.
 
Таа се издаде во ова време пред 3 години. Во тоа време беа на граница на дозволен лимит. Без тој дополнителен капитал не можеа да продолжат со кредитирање.
ako bilo se kako sto treba, mozele da se zadolzat i na regularen pazar za mnoogu pomala kamata.
*imam uni i mislam deka e evtina
 
ako bilo se kako sto treba, mozele da se zadolzat i na regularen pazar za mnoogu pomala kamata.
*imam uni i mislam deka e evtina

Абе и јас искрено мислам дека е превисока таа каматна стапка од 9%. Но лесно ни е нас денес тука да коментираме.

Во тоа време просечните каматни стапки беа повисоки од денешните нивоа. И плус треба да обезбедиш обврзницата да помини со вредност од 5 милиони евра. Тој износ не е мал и тешко може да се собери кај нас имајќи во предвид и дека има клаузула дека можат под одредени услови и нивна оценка да не исплатат камата во одреден период. Од друга страна да се ценкаат на пониска каматна стапка на пазар и тоа да не им помини има огромен репутациски ризик.

Како што кажав и погоре, дури добро се оплодува тој дел, што можат да даваат дополнителни кредити и само врз основа на тој дел е доволен за да може да се исплати таа камата од 450.000 евра годишно, и уште толку и повеќе во нето добивка тоа ќе е ОК.

Ајде ќе почекаме да видиме, ене каде е Мај. Која е идејата со таа нова обврзница, која големина ќе е, која каматна стапка, и зошто така превремено беше најавена во новогодишно интервју.

П.С. Раифхазен имаа некаква ваква слична форма на обврниза во тоа време со 6.5% годишна каматна стапка. Ризикот е несразмерно поголем за инвеститор да инвестира во УНИ од колку во Раифхазен во тоа време.
 
Последно уредено:
Brojki ,izvestai etc super.
obvrznici, bugarski blndirani djipovi so zatemneti stakla, crveno znamence.
Ko voli nek izvoli :).

isto mnogu mi e cudno kade plasiraat krediti so 10% +
 
Северџанската јавност денеска со право се скандализира што паразитскиов регулатор на крлежите од вториот пензиски столб плаќа за 3 години лизинг за две возила повеќе него истите да ги купи:

Меѓутоа, рајава како златна рипка уште утре ова ќе го заборави, а штетата што оваа тенија втор пензиски столб ја прави секоја година во северџанската економија е над 8 милиони евра во провизии и барем уште толку во лошо управување со средствата. Да има нормална власт у вукое.инава, би го укинале уште вчера!
 
Ти го пикуваше Мукаетов за следен премиер, така? :D

Ти го пикуваше Мукаетов за следен премиер, така? :D

Ниту го сакам, ниту ми треба премиер од докажана удбашко-кодошко-транзициско-профитерско-глобалистичка фамилија.

Меѓутоа, не дека некој ќе нѐ праша ниту мене ниту рајава дали да ни го октроираат за премиер. Во случај на тешка политичка криза, за саат време од Калето ќе ги соберат корумпираниве лидери и ќе им наредат да изгласаат експертска/техничка/непартиска влада со „технократски“ премиер Живко на чело. Претходната криза не беше толку тешка па и Таче им заврши работа да ја замае рајава дека нешто се менува на подобро.

Во минатото Свето Пивара ја имаше таа улога на глобалистички џокер комушто толку многу му го бустаа јавниот имиџ за рајата да го голтне ко колаче, но тој имаше среќа „дежурството“ да му помине без потреба за политичко активирање.
 
А што ќе биде ако UNI поделат 300 денари дивиденда во мај?
Интересно :), @TENDO на сегашна цена тоа е 10% DY што е неверојатно (y)

Ако ова се случи, ваљда би порасната цената барем до Book и пак би била добар дил. Ова е можно бидејќи UNI го немаше тој раст како поголемите сестри, така да има доста за надокнадување. (BTW ја имам UNI во портфолио)
 
Уште подобро ако исплатат 600 денари дивиденда, па тоа би било 20% дивиденден принос.

Уште подобро ако исплатат 1.200 денари дивиденда, па тоа би било 40% дивиденден принос.

Уште подобро ако исплатат 1.800 денари дивиденда, па тоа би било 60% дивиденден принос...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom