Каква рационализација е ова, радување што Телеком ќе собирал мрвки откако конкурентот ќе го собере кајмакот од преземаните корисници. Јас би наполнил гаќи да доаѓа уште еден сериозен конкурент на пазарот. Исто и што се укинаа роминзите у регионот токму пред одмори
Нема никаква рационализација, туку бројките си го кажуваат своето.
Јас не работам за ниту еден телекомуникациски оператор, но имам работено спроведување, инсталација и одржување на оптичка телекомуникациска мрежа, запознаен сум со оптичката телекомуникациска инфраструктура на поголемите телекомуникациски оператори во Македонија - не со нејзината распространетост, туку со начинот на кој истата функционира и нејзината стабилност и квалитет - и можам да потврдам дека Македонски Телеком ќе остане со најдобрата и најголемата оптичка телекомуникациска мрежа во Македонија барем до 2025 година, ако не и до 2030 година, со оглед на бавното темпо со кое А1 Телеком и останатите поголеми телекомуникациски оператори ги прошируваат сопствените оптички телекомуникациски мрежи.
Кога сме кај кајмакот, коментарот би ти држел вода доколку Македонски Телеком наплаќа ситна боранија за изнајмувањето на сопствената оптичка телекомуникациска мрежа за потребите на корисниците на другите телекомуникациски оператори. Јас не сум запознаен со цените и не знам колку Македонски Телеком наплаќа, но можам да ти потврдам дека воопшто не им смета кога нивен корисник се префрлува на друг оператор, прво бидејќи знаат дека огромни се шансите корисникот индиректно да остане нивен корисник и индиректно да им плаќа месечна претплата, второ бидејќи корисникот може било кога да се врати во иднина, понекогаш се враќаат за помалку од две години, а понекогаш се враќаат и за помалку од година дена поради незадоволството од квалитетот на услугите од другиот оператор на кој се префрлиле, и трето бидејќи во пракса Македонски Телеком во моментов нема вистинска конкуренција.
А1 Телеком функционира тотално дезориентирано откако се ребрендираше, постојано укинуваат ТВ канали, а ништо ново не нудат. А кога сме кај нивниот оптички Интернет, сите поголеми телекомуникациски оператори нудат пакети за оптички Интернет со поголеми Интернет брзини од најјаките пакети за оптички Интернет на А1 Телеком.
Телекабел се фокусирани претежно на привлекување на нови корисници за нивната мобилна телефонија, притоа запоставувајќи ја сопствената кабелска телевизиска мрежа, поради што секој пат кога ќе заврне дожд, снемува Интернет и дигитална телевизија, а аналогната телевизија останува - очекувано - со полоша слика поради временските услови.
Неотел функционираат крајно несериозно, наплаќаат за инсталација кај корисник, па освен ако корисникот знае како самостојно да си намести мрежни кабли и да ги поврзи Андроид рисиверите за НеоТВ, ќе мора да си плати за соодветна инсталација во сопствениот дом. Исто така имаат и огромни проблеми со нивната IPTV платформа, секогаш кога ќе заврне има прекин на повеќето ТВ канали, исто како и кај Телекабел.
Немој погрешно да ме разбереш, фактот дека од ова лето 2021, Македонски Телеком и А1 Телеком почнаа да наплаќаат дополнителни 15 денари за секоја сметка која корисникот ќе ја плати во некој од нивните салони, говори дека некаде има пукнатини по шавовите, но засега добро се прикриени. Планот им е да ги убедат - или подобро кажано, да ги натераат - корисниците за да преминат кон плаќање на сметките во банка или во пошта, или да ги плаќаат преку Интернет, а со тоа да се намали работата во салоните и се разбира, да се намали бројот на вработените во салоните.
А1 Телеком од поодамна им ја испраќа корисничката опрема на своите корисници преку поштенски курир од ДелЦо или од некоја друга поштенска фирма, па ако корисникот не знае како сам да ја поврзи опремата и побара да му се направи инсталација во неговиот дом, дури тогаш испраќаат техничари за да ја направат потребната инсталација. Чаршиските муабети велат дека и Македонски Телеком прави планови за преминување кон ваквиот начин на работа, со цел да има помалку работа за техничарите, а со тоа и да се намали бројот на техничари.
Но од гледна точка на сегашната Интернет и ТВ понуда, Македонски Телеком е без сериозна конкуренција.
Единствената вистинска конкуренција од областа на телевизиската понуда му е Тотал ТВ, ама тие функционираат преку сателитска чинија, а луѓе кои живеат во станови или куќи кои немаат поглед кон север - како јас на пример - не можат да си дозволат сателитска телевизија од технички причини.
Единствената вистинска конкуренција од областа на Интернет понудата му е А1 Телеком, може да биде и Неотел ако си ја сфатат сериозно работата, но не се замараат многу се додека од некаде капнува по некој денар.
А1 Телеком може да му конкурира на Македонски Телеком и без оптички телекомуникациски приклучок до крајниот корисник. Благодарејќи на DOCSIS 4 технологијата за кабелски Интернет, А1 Телеком, исто како и Телекабел и исто како и сите кабелски оператори низ Македонија, е во можност да им конкурира на симетричните Интернет брзини на оптичкиот Интернет на Македонски Телеком, со симетрични Интернет брзини на сопствениот кабелски Интернет, така што нема да мораат повторно да копаат и да пуштаат нови кабли, туку ќе можат преку постоечката кабелска телевизиска мрежа да нудат побрз кабелски Интернет со симетрични Интернет брзини. Но инвестирање во DOCSIS 4 мора да опфаќа масовна инвестиција во сите телекомуникациски централи и ормари со кабелски јазли на А1 Телеком низ цела Македонија, како и во нова опрема за крајните корисници, тоа секако дека чини пари, но очигледно А1 Телеком, а очигледно и Телекабел и останатите кабелски оператори, не планираат да даваат такви пари на таква инвестиција.
Во вакви околности, Македонски Телеком нема вистинска конкуренција, а секој корисник на друг оператор преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком секогаш е добредојден како од другиот оператор, така и од Македонски Телеком, бидејќи дури и да не им следува кајмакот на нив, сепак секој месец ќе капнува по некој денар од туѓите корисници на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.