Како странците ги доживуваат македонските жени?
http://vistina.mk/2014/06/02/skanda...ambitsizoni-zheni-shto-baraat-prosechen-mazh/
Се согласувате ли со пишаново, и ако да/не, зошто...? Мене лично текстов ми е жива смешка, поготово што странците никогаш не можат да ги запознаат Македонките во вистинско светло како некој што е роден и цел живот живее на овие простори. Гледате ли дека и лажна скромност не чини, испадна ем ич не сме пробирливи, се задоволуваме со речиси било кој маж, плус и неписмени ( and chances are that the younger women
have a grasp of some English)

.
Јас би рекла дека нашите девојки се итекако амбициозни кога станува збор за животен сопатник, камо среќа таа амбиција да ја употребеа за лично свој напредок, наместо за она фамозното - Маж ми е тој и тој...
Ваше гледиште?
Па морам да признаам дека и мене ме збуни статијата.
Од една страна статијата подвлекува дека не сите Македонки, туку Македонките од руралните средини често не се амбициозни и се фокусираат на пронаоѓањето на добар сопруг. Во целост се согласувам со спомнатото, бидејќи познавам многу Македонки кои потекнуваат од руралните средини од буквални сите краеви на Македонија, а не се амбициозни, односно не се заинтересирани самостојно да се образоваат и да се издржуваат себеси економски и се фокусираат на изнаоѓање на маж кој ќе ги издржува и покрај кој ќе се чувствуваат сигурни.
Е тука морам да потенцирам дека не се сите Македонки од руралните средини исти, некои под добар маж подразбираат маж кој ќе им пружи покрив над глава со најосновни удобни услови за живеење и каква-таква, барем некаква живеачка од нешто - дали од земјоделство или од занаетчиски работи, битно да се заработува од нешто, но ги има и такви кои се сметаат себеси за посебни моми кои го заслужуваат најдобриот маж кој ќе ги третира како царици магарици.
Од друга страна, кога сме кај Македонките во градовите, јас не ги гледам да се нешто многу високи. Доколку под "високи" се подразбира моми високи над 170 сантиметри, тогаш се високи, иако ги има многу Македонки кои ги познавам, а се пониски од 170 сантиметри. Од лично искуство морам да спомнам дека од Македонките кои ги познавам, тие кои не се запишале на факултет се повисоки од 170 сантиметри, додека добар дел од тие кои се со завршен факултет, а некои и со завршени постдипломски студии, се пониски од 170 сантиметри, а некои од нив се пониски дури и од 160 сантиметри.
Би сакал да можам да кажам дека Македонките од градот се амбициозни, но тоа е малку тешко да се определи бидејќи живеам во најголемото македонско село - Скопје, каде што повеќе живеат сељаци и сељанки (да да - СЕЉАЦИ И СЕЉАНКИ, а не селани и селанки), отколку градски луѓе, односно вистински граѓани.
Од Македонките кои се родени и израснати во Скопје добар дел ми делуваат амбициозни и заинтересирани за подобар живот и подобра иднина, но истовремено добар дел од нив се преценуваат себеси и ги потценуваат мажите кои можеби не можат да им понудат покрив над глава во Центар или на Водно или возење во Мерцедес или БМВ или Ауди, но можат да им понудат доста пристоен живот во пристоен и удобен дом и превоз во пристоен и удобен автомобил и сето тоа во градското подрачје, а не во приградските населби и/или селата.
А кога сме кај Македонките кои не се родени и израснати во Скопје, но се доселиле во градот во изминатите 10-15 години, за жал повеќето од нив кои ги познавам се сељанки во најбуквална смисла за зборот.
Чисто информативно, мојата дефиниција за сељак/сељанка, гласи:
Сељак/сељанка е маж/жена роден(а) и израснат(а) во село или во приградска населба, кој(а) се преселил(а) во градот, но додека неговото/нејзиното тело се преселило од селото или од приградската населба во градот, сепак неговиот/нејзиниот ум и понатаму е во селото или во приградската населба и воопшто не планира да се пресели во градот, поради што неговиот/нејзиниот карактер не е ниту карактер на селанец/селанка, ниту на градски маж/градска жена, туку е комбинација на карактер на маж/жена без најосновна култура и хигиена, дотеран(а) во градска облека, по надворешен изглед делува на градски маж/градска жена, додека во начинот на размислување и на функционирање како личност и понатаму е селанец/селанка.
За жал, најголемиот дел од Македонките кои не се родени и израснати во Скопје, но се доселиле во градот во изминатите 10-15 години кои ги познавам, не се ни малку амбициозни, туку го бараат тој старател кој ќе ги издржува, ќе им ги исполнува сите желби, а ќе го нарекуваат сопруг. Немаат никаква лична амбиција или самоиницијатива за да напредуваат на полето на образованието или на економскиот и социјалниот развој и напредок и како такви, за жал, оставаат многу лош впечаток за македонските жени.
Но да тргнам настрана се што спомнав во овој пост, сепак морам да спомнам дека статијата е необјективна и не ја сметам за 100% точна и веродостојна.