Македонките неамбициозни, бараат просечен маж...?

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Како странците ги доживуваат македонските жени?

http://vistina.mk/2014/06/02/skanda...ambitsizoni-zheni-shto-baraat-prosechen-mazh/

Се согласувате ли со пишаново, и ако да/не, зошто...? Мене лично текстов ми е жива смешка, поготово што странците никогаш не можат да ги запознаат Македонките во вистинско светло како некој што е роден и цел живот живее на овие простори. Гледате ли дека и лажна скромност не чини, испадна ем ич не сме пробирливи, се задоволуваме со речиси било кој маж, плус и неписмени ( and chances are that the younger women have a grasp of some English) ;).

Јас би рекла дека нашите девојки се итекако амбициозни кога станува збор за животен сопатник, камо среќа таа амбиција да ја употребеа за лично свој напредок, наместо за она фамозното - Маж ми е тој и тој...

Ваше гледиште?
 
Сите напатени народи, како шо впрочем се Македонците се задоволуваат со медиокритет. Просечен маж/жена, просечна плата колку за преживување, просечен автомобил стар петнаесетина години, просечна интелигенција итд. Не се потресувајте девојки, ако се гордееш шо си Македонка, а не се стремиш кон идеалот наречен Скандинавка и ти си просечна па не е ни чудно што се задоволуваш со просеци.
 
многу е јака корелацијата меѓу “амбициозната’’ на жената и успешноста на мажот.
Не вика неамбициозни во смисол не учат не работат, туку неамбициозни- нејќат/ не знаат да најдат успешен маж.
 
„Македонските жени што живеат во руралните делови и немаат многу допир со Западот често не се многу амбициозни и се фокусираат на пронаоѓањето на добар сопруг. Ова е добро затоа што ги прави добри сопруги, кои се безрезервно посветени на семејството. Но оние од поголемите градови се многу модерни и сакаат да се забавуваат.

Македонките немаат толку можности како жените од другите поранешни југословенски републики, па затоа не се многу пребирливи и се мажат со маж кои најмногу одговара на нивните потреби и желби.

Јас не гледам дека во овој цитат има нешто скандалозно или невистинито.
Би додала само дека тоа не важи само за жените од руралните делови, туку воопшто за сите Македонки.
 
Македонките ама ич не сакаат просечен муж,туку сакаат муж кој има плата од 30.000-........,добар ауто,куќа на 2-3 спрата,свекор и свекрва со добра пензија (по можност да не живеат заедно со синот)итн....некој друг нека ме дополни:LOL:
 
И македонците нејќат просечна жена. Сакаат жена со плата 500-1000 евра, стан од татко је и кола поклон. Бар веќина македонци, ја на пример. Зае**би љубов, тоа важело во социјализмот
 
Од перспекитва на странец мислам дека е добро напишано и точно. Јас гледам голема разлика (тука пред се зборам за односот, адаптабилноста, амбициите) меѓу скопјанките и остатокот. Да не ја претвориме темата во СК vs провинција, мислам дека едина грешка во статијата е тоа поголемите градови, требало само да си стои Скопје.

Друга работа што не се согласувам е со делот за ех-ју. Далеку сме од Словенија и Хрватска кој ете имаат повеќе можности ама да се каже дека нашите се позатуцани од остатокот на ех-ју е чиста глупост
 
И македонците нејќат просечна жена. Сакаат жена со плата 500-1000 евра, стан од татко је и кола поклон. Бар веќина македонци, ја на пример. Зае**би љубов, тоа важело во социјализмот

Кад беда уџе кроз врата,љубав изаџе кроз прозора
 
Па тоа е просек бе луѓе. Земи жена, две деца, ти, кука на 1 спрат еве (без свекор и свекрва пошо тоа не знам како личи) па да те видам помини со 30 000 денари месечно. Под добар ауто ако се подразбира голф 5 стар 6 години а жената форд ка стар 9-10 години и сега удри есап (пазарски) едното дете ми е мало, уше сере и моча у пелени, значи минимум 2000 денари у пелени одат месечно, секој ден пие по 1 литро млеко и по 1 литар сок, тоа се уште 3000 денари месечно, секој ден за појадок јаде каша бебешка, тоа се уште 1500 денари, струја имам 3000 денари секој месец, мобилен и интернет 2000-3000 денари итн.... ете ја пола сума каде е отидена.... а каде е другото дете, па школо, па јадење за секој ден па други давачки, даноци, сметки за вода, комуналии, бензин итн итн итн.... и пази.... не се луксузирам воопшто (ако имам примања далеку поголеми од 30 000 денари) значи одам еднаш на одмор у годината, излегувам у град на ручек/вечера може 2-3 пати месечно, на работа јадење од дома си носам..... така да 30 000 денари за фамилија е смешка (али зборам за пристоен живот) така да да, се задоволуваат со просек бидејки кај нас у шугавиов ФИРОМ просекот се рачуна како огромено постигнување.

Македонките ама ич не сакаат просечен муж,туку сакаат муж кој има плата од 30.000-........,добар ауто,куќа на 2-3 спрата,свекор и свекрва со добра пензија (по можност да не живеат заедно со синот)итн....некој друг нека ме дополни:LOL:
 
Се знае што се бара денес, кеш и квалитетна сперма.
 
Моето гледиште е дека и те како има македонки на кои не им е главна преокупација да се омажат со некој богат за да избегаат од немаштијата. Напротив, баш таа беда ги тера и мотивира да бидат амбициозни и да се посветат пред се на тоа да успеаат сами, без ничија помош.
Понижување е и самата помисла на тоа, а не пак да дозволат такво нешто.
Секако, се зависи од домашното воспитување.
Статијава е во голем дел точна, но не смее да се генерализира. Исто како што не би требало да се генерализира дека сите машки се идиоти, а сите женски курви.
 
Ма која глупост , како и секаде има секакви ! Да се каже од едно испитување дека сите се такви , греота е ! Исто како да кажеш дека сите германки се дебели и јадат само колбаси и пијат пиво !
Нејсе , мој совет до нашиве македонки , просечни се тие што ја правеле анкетата а не Вие !
 
И македонците нејќат просечна жена. Сакаат жена со плата 500-1000 евра, стан од татко је и кола поклон. Бар веќина македонци, ја на пример. Зае**би љубов, тоа важело во социјализмот

Јас сакам таква, да биде убава, симпатична, за се да се сложува со мене, безусловно да ме сака, да ми верува се што ќе и кажам, да зема добра плата, да има куќа, кола и дебела сметка во банка... И не го рачунам како понижување тоа...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom