Николина Динева доби бугарска виза
Заврши едногодишното патешествие на Николина Динева од Богданци. Таа денеска во своите раце држеше виза за Бугарија со важност од 3 месеци.
Тоа значи дека конечно по една година ќе може да го види својот двеиполгодишен син кој живее во Стара Загора со нејзината свекрва.
Динева
сега немала проблеми и без договорот за наем на станот во Бугарија, што претходно беше спорен, конзулатот во Битола и издал виза.
„Немав проблеми за виза
после прилогот на А1, после неколку дена ми се јавија од таму ми рекоа - дојди, ќе ти дадеме виза Ц, таа виза Ц е за три месеци, не е бараната виза Д, но сепак сум задоволна, за три месеци јас можам таму да одам, да ги решам проблемите и да си дојдам“, рече Николина Динева.
ИЗВОР
Си доаѓаат работите на свое место. Претходно се правеле мангупи конзулите , а сега се гледа дека можело и без тоа.