Македонија во иста временска зона со Грција и со Бугарија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба да одиме еден час понапред?


  • Вкупно гласачи
    206
Мало потсетување на темава со податоците дека во Париз денеска се стемнува во 21:40, Лондон 21:00, Берлин 21:10, Москва 21:50.
Од градовите кои што се на приближна географска широчина со Скопје: Барселона 21:15, Мадрид 21:30, Порто 21:00, Виго 22:00.
Во Скопје во 20:00.
Сеуште мислите дека сме во вистинската временска зона?

:facepalm::facepalm::facepalm:

А стемнувањето има врска со работното време како? Во Амстердам се стемнува околу 11, па не гледам дека Берлин ја менува временската зона. Стемнувањето нема врска со временските зони, туку со позицијата на Сонцето во однос на местата на земјата. Што ќе постигнеш ако го наместиш саатот, па надвор да се стемнува како во тие места што ги наброја???
 
Интересна тема .
Денеска сонцето изгреа во 5:18 а ќе зајде во 20:02 . Кога би се променила временската зона тогаш се добива подолг период со сонце попладне после работното време.
 
А стемнувањето има врска со работното време како? Во Амстердам се стемнува околу 11, па не гледам дека Берлин ја менува временската зона. Стемнувањето нема врска со временските зони, туку со позицијата на Сонцето во однос на местата на земјата. Што ќе постигнеш ако го наместиш саатот, па надвор да се стемнува како во тие места што ги наброја???
Ај прочитај ги постарите постови, објаснето е.
Денеска во Амстердам се стемнува 21:45, што е половина само половина час подоцна од Берлин, а тоа е затоа што Амстердам иако западно од Берлин, е во временска зона која е еден час понапред одошто треба, додека Берлин е во вистинската временска зона.
Секако дека стемнувањето зависи од позицијата на сонцето, ама колку ќе покажува часовникот во моментот на стемнувањето зависи од временската зона.
И зошто сите имате против да се разденува и стемнува еден час подоцна??
 
Шпанија е најбоља од сите. Видете кај се наоѓа западно, а има исто време со нас. Ние сме една од најисточните земји со CET.
 
Дај да смениме па ќе видиме.
Ако е позитивно ќе речиме дека праксата е најдобро школо.
Ако е полошо ќе речиме дека прво реагираме па после планираме.
 
Има многу постручни лица од овде кои што одредиле во која временска зона припаѓаме

А ако се смени временската зона тогаш ќе се стемнува подоцна а тоа автоматски повлекува продолжено работно време.
 
На тебе работното време ако ти е 8 часа , пак ќе си биде 8 часа. Какво црно продолжено работно време?
 
На тебе работното време ако ти е 8 часа , пак ќе си биде 8 часа. Какво црно продолжено работно време?
Сега се стемнува во 21часот.Сити мол работи до 22 часот.Тогаш ќе се стемнува во 22 часот па Сити мол ќе работи до 23 часот.
 
Сега се стемнува во 21часот.Сити мол работи до 22 часот.Тогаш ќе се стемнува во 22 часот па Сити мол ќе работи до 23 часот.

Па ќе се премести и часот на отварањето за 1 саат покасно.
 
Ај прочитај ги постарите постови, објаснето е.
Денеска во Амстердам се стемнува 21:45, што е половина само половина час подоцна од Берлин, а тоа е затоа што Амстердам иако западно од Берлин, е во временска зона која е еден час понапред одошто треба, додека Берлин е во вистинската временска зона.
Ако не сум грешка, и ние сме во вистинската зона според овој критериум. Конкретно во Скопје денес сонцето било највисоко во 12:40 по локално време.
 
Камо среќа работните времиња да беа додека не се стемни. Треба да му кажам сеа на шефот кога ќе одам во 7 , оти нема да седам до сабајле до 7 оти е темно. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom