Македонија со најлошо здравство во цела Европа

Дали и како се делени покачувања, не знам.

Покачувањата беа за сите вработени исто, ова сега што го направи оваа власт е за прв пат во историјата на Македонија, невидена деградација и разочарувања.
 
Покачувањата беа за сите вработени исто, ова сега што го направи оваа власт е за прв пат во историјата на Македонија, невидена деградација и разочарувања.
и во министерството и во подрачните единици и во Фондот и во здравствени домови, поликлиники и клиники, доктори, сестри, болничари, помошен персонал, хигиеничари, правни и други служби...сегде било процентуално исто? А сега не е? Тоа е или нешто друго, не те разбирам.
Автоматски споено мислење:

Тоа го зборевме пред некое време...дека треба да се ангажираат и во тој дел. Муабетот се сведува на глобална слика: секој сака да го пречека и „оправи“ со документи насмеан и позитивен лик а не фрустриран вработен заради пропусти во системот. Еден систем е функционален само преку инклузија на сите вработени без оглед кој каква улога има. Се друго е крпеница...
Па од пракса, без оглед колкаваи им биле плати, не сум видел инклузија досега. Освен по некој болничар ако се погоди, администрацијата во домовите не е баш расположена за инклузивност. Одвај од нив потврда ќе добиеш камоли да помогнат во насочување и помагање на пациенти.
 
и во министерството и во подрачните единици и во Фондот и во здравствени домови, поликлиники и клиники, доктори, сестри, болничари, помошен персонал, хигиеничари, правни и други служби...сегде било процентуално исто? А сега не е? Тоа е или нешто друго, не те разбирам.
Автоматски споено мислење:

Па од пракса, без оглед колкаваи им биле плати, не сум видел инклузија досега. Освен по некој болничар ако се погоди, администрацијата во домовите не е баш расположена за инклузивност. Одвај од нив потврда ќе добиеш камоли да помогнат во насочување и помагање на пациенти.
Како не ме разбираш, па убаво ти велам дека се га покачувањето на плата е за секој посебно, за докторите е 25%, општите др.15%, медицинските сестри 10%, помошен технички персонал(болничари, хигиеничари, перална, кујна, шофери) 5%...само за аднистративниот кадар нема покачување, а сите се вработени во една установа...е кај го има ова!?
мислам дека ме разбра оти три пати го споменувам ова:)
 
Збориш за покачување во рамки на една здравствена установа - админ персонал и медиц лица и помошен персонал, ако добро те разбирам.

Оти прво спомена министерство
Автоматски споено мислење:

Да додадам, конечно сфатив. Не сум ги зел апченцата навреме :(
 
Последно уредено:
Молат за срце-донори нема

луѓе умираат од срце бидејќи НЕМА брза возило на помош, се чека 45 минути, ама има за Боки 13 секогаш едно спремно возило!!
Всушност на овие пациенти што чекаат за транплатација им треба да има доста сообраќајки со млади здрави луѓе, не им врши работа срце од болен или од стар човек...
 
Трет смртен случај од грип, заболени 5.660 лица
Педесетгодишен човек почина на Универзитетската клиника за пулмологија од компликации од грип. Тоа е трет смртен случај од компликации од грип по двата во изминатите десет дена кога девојче почина на Клиниката за детски болести, а 85-годишен човек почина на Клиниката за инфективни болести. Ова денеска го истакна д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

„Сите имале хронични заболувања, не биле вакцинирани против грип, биле третирани со антивирусна терапија и биле позивини на инфлуенца АH1 поттипот“, рече д-р Кузмановска, која посочи дека има зголемена активност на грипот во државава и регистрирани се 5.660 заболени од грип, што е зголемување за 74 отсто.

Во меѓувреме, од Министерството за здравство соопштија дека Комисијата за заразни болести редовно ја следи состојбата со грип во државата и согласно стручните препораки се забранети посетите на хоспитализирани пациенти во јавните здравствени установи, со цел да се спречи натамошно ширење на грипот. Исто така, посочуваат, Комисијата ја следи состојбата со новозаболени деца во училиштата и во зависност од проценките ќе предлага нови мерки и препораки, согласно состојбата на терен.

Д-р Кузмановска рече дека сите градови пријавиле број на заболени од грип, а расте и бројот на лабораториско тестирани и потврдени примероци од заболени лица.

„Оваа недела достигнавме 68 отсто, што е најголем процент. Од вкупно тестирани 91 материјал 62 се позитивни. Докажани се инфлуенца А и различни поттипови на вирусот и инфлуенца Б. Најголем број од заболените се на возраст од 15 до 64 години, иако трендот на пораст на зафатеноста останува ист. Најмногу заболуваат школските деца на возраст до 15 година. Сите 28 известувачки единици во градовите прикажаа активност на вирусот. Очекуваме во наредните недела, две овој тренд да се стабилизира и да почне да опаѓа доколку нешто непредвидено не се случи“, рече д-р Кузмановска.

Одговарајќи на новинарско прашање д-р Кузмановска рече дека комуницираат постојано со патници, наши и странски граѓани кои влегуваат на еден премин, излегуваат на други премин соодветно на сите процедури кои се востановени и практично се имплементираат на нашите гранични премини и сувоземни и на аеродромот.

„Пристигнуваат шест од работниците од Кина, кои таму беа подложени на 14-дневен карантин пред нивното доаѓање, а кои работат во западниот дел на државава. Тие ќе бидат соодветно пречекани од наши здравствени работнции и во зависност од тоа каква им е здрвствената состојба, во каква состојба се, после земена епидемиолошка анкета ќе се утврдат натамошни мерки. Можно е нивно 14-дневно задржување и тука во нашата држава пред да почнат со работа“, истакна д-р Кузмановска.

Посочи дека согласно сите процедури немаат дополнителни информации за наши граѓани кои се позитивни или болни во некоја од другите земји. – Редовно комуницираме и добиваме редовно известување од фокал точката за меѓународниот здравствен правилник од Јапонија за состојбата на нашите патници на бродот во Јапонија и со другите соодветни такви фокал точки во другите држави ако нешто се случува, додаде д-р Кузмановска.
 
Молат за срце-донори нема

луѓе умираат од срце бидејќи НЕМА брза возило на помош, се чека 45 минути, ама има за Боки 13 секогаш едно спремно возило!!
Всушност на овие пациенти што чекаат за транплатација им треба да има доста сообраќајки со млади здрави луѓе, не им врши работа срце од болен или од стар човек...
Мислам дека кај нас има и друг проблем, не можеме баш се да припишуваме на неквалитетно здравство. За да може да биде донор на органи треба да има согласност/изјава. Друг проблем е што не се работи на кампања на промоција на политиката за донирање на органи и што никој не ги знае процедурите.
Верувам дека бројот би бил многу поголем доколку луѓево се едуцирани и запознаени со процедурите.
 
а кој ќе прифати да биде Донор ако постои сомневање дека здравството нема ист пристап за секого ???
За некој ќе кажат абе се умира и од ситница, а за некој ќе се барат органи или стотици илјади евра за лечење во странство... исто како и за брза помош, некој ќе умре бидејќи нема во моментот возило а за некој ќе дојде возило и без потреба, односно за Боки морало да има едно посебно возило спремно 24/7...
 
Не разбирам зошто Боки го мешаш во приказната со донирање органи. Во светов постои донаторски регистар и луѓево си имаат донаторски картички (ако не дај боже скинеш или ако имаш добра воља да донираш бубрег или слично)
Не знам зошто хитотетички да размислувам: аха кој знае на кој ќе му го дадат мојот дроб гарант преку врски... Кој и да е, некој ќе се спаси со помош на некој.
Сложни сме во констатацијата дека има многу трули работи ама ова е една од работиве која лесно може да профункционира само фали презентирање, едукација и поголема свест.
Автоматски споено мислење:

а кој ќе прифати да биде Донор ако постои сомневање дека здравството нема ист пристап за секого ???
За некој ќе кажат абе се умира и од ситница, а за некој ќе се барат органи или стотици илјади евра за лечење во странство... исто како и за брза помош, некој ќе умре бидејќи нема во моментот возило а за некој ќе дојде возило и без потреба, односно за Боки морало да има едно посебно возило спремно 24/7...
Се откажувам... Признавам дека имаш посебна дарба да го натераш човекот да се осеќа класично глуп..
 
Последно уредено:
исто како и за брза помош, некој ќе умре бидејќи нема во моментот возило а за некој ќе дојде возило и без потреба, односно за Боки морало да има едно посебно возило спремно 24/7...

Мораш да бидеш искрен, кога веќе даваш критики, но мораме да си признаеме дека во повеќето случаи, возилото на брза помош касни поради сообраќајниот метеж и несовесноста на возачите.
 
..Се откажувам... Признавам дека имаш посебна дарба да го натераш човекот да се осеќа класично глуп..
Прво ТРУЛИ работи има не само од можен селективен пристап, туку и од нестручност и незнаење...
Проблем може да биде и рутинскиот пристап; па трасфузиите од поодамно се рутинска работа па имаше многу случки со добивање хепатит Б, дури и смртен случај во 90-тите...
Етичките расправии се друга работа, но колку е етички да се форсираат нови скапи и комплицирани работи ако луѓе страдаат од банални работи ???
Ние секако сме мала база на потенцијални органи за донирање, па една Хрватска до пред 6-7 години за трансплатации на џигери на луѓе што јадат отровни печурки им вршеше со џигери од Италија, што ги донесуваат со авион на владата.. како е сега не знам...
 
Мораш да бидеш искрен, кога веќе даваш критики, но мораме да си признаеме дека во повеќето случаи, возилото на брза помош касни поради сообраќајниот метеж и несовесноста на возачите.
И зависи гужва дали има во Силбо и Лесковачки роштиљ,па неможат луѓето гладни да работат.Некни у Силбо застанаа,едно добри 15 минути чекаа за пица корнет
 
И зависи гужва дали има во Силбо и Лесковачки роштиљ,па неможат луѓето гладни да работат.Некни у Силбо застанаа,едно добри 15 минути чекаа за пица корнет
Која ти е поентата, незнам, но треба ли и они да појадуваат?
Пациент во возило немаат, повик нема...значи нема проблем...е сега ако сакаш безпотребно да ги шиканираш, тоа е веќе твој проблем.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom