Малку и Цревото избега со овие тактиките...

Ај за одбраната се сложвам,со првична 6-0 одбрана која на моменти малку би се развлекувала,но до граница до 9 максимум,зошто неаме ни сила,ни кондиција а ни толкав ростер да менуваме па да ги бркаме со поистурена одбрана...
Со нивната брзина самите ќе не принудат да излегуваме малку понапред,и нашите се свесни за тоа,затоа е подобро малку поистурена одбрана,не залепени сите на линија од 6 метри па да чекаме да се решат со голманите,ова е меч со две оштрици,сепак имаат и шутери да бидиме на чисто..
Натек,Доленец имаа шут и тоа каков,исто и Скубе не е лош..
Значи нашата одбрана мора да биди мобилна,дека ќе има шутеви ќе има,дека ќе има исклучувања ќе има,за ова е во право,без малку агресивност нема на шо да се надеваме....
Само да не прајме без врска конфузии во одбрана,удвојување на играчи па да ни прават вишоци,посебно на десната страна...
Мислам дека денес ќе блесни нашата одбрана,во никој случај не смееме да си дозволиме меч со бркање како со Австрија...
Мора одбраната да ни е најсилно оружје...
Но премногу зависиме и од нападот....
До негде е во право Стефче дека треба широк напад,но сепак не се овие Хрватска па да се плашиме од дуел...
Овде баш напротив треба да бараме дуел игра,зошто освен на средина со Жвижеј и Козлина нашите индивидуалци Жути,Мојсо,Прибак можат да се решат со било кој од противничката одбрана....
Не ми се верува Дениќ да менува двајца во одбрана,како ние,затоа што ќе го изгуби брзиот центар..
Го имаат Урош Бундало,тој влетал во состав наместо Блаж Благотиншек,ако влегува и Бундало ќе имаат пореспектабилна одбрана....но тешко дека ќе играат вака...
Ова е шанса да се наиграат нашите побрзи играчи,сигурно ќе го удвојуваат Столе,а и Лазаров ќе добие посебен третман...
На Кире ќе игра Лука Жвижеј,понизок играч од Кире,не е некој кој би го затворал би го туркал од позиција за шут,како шо правеше Теж,иако е доста пргав и доста спретен играч...Но лесно можиме да ги решиме овде...
Ние имаме мака со одбрани кои имаат густина,кои не се развлекуваат лесно,со одбрани како Словенечката покажавме многу пати досега дека имаме решение...
Жути,Мојсо се родени за ваква игра,затоа од нив најмногу очлекувам денес,и секако од Прибак како џокер од клупата..
Со игра еден на еден можиме доста беља да напрајме,плус влез на крила на втор пикер,или крила во ќош па кога ќе се удвои некој од нашите(или пикер или Лазаров)со брзо движење на топка да прајме вишоци за крила..
Посебно на лево крило,овде Гајиќ повеќе мисли на контра отколку да го чува крилото,остава доста простор,би требало нашите леви крила да се изнадаваат денес голови.и ќе мора да инсистираме на игра баш од крила..
Исто и десна страна,овде ќе игра средниот бек,зошто ако е во постава Жвижеј тој игра на 5ка,а средниот бек оди на 6ка...
Досега портокалот е одличен,да се надеваме дека и денес ќе има свој ден..
Досега крилата и пикерите ни се феноменални,да не речам безгрешни...

Само паметно,со ум,и наши се,иако имаат предност во ротацијата..
Но ова некогаш можи да е меч со две оштрици,зошто со една постава имаш еден ритам,па потоа влегуваат други играчи па можат доста да сменат работите на терен..
За разлика од нив ние играме иста игра,и затоа сме далеку поопасни...
Затоа беше подобро да играме со Словенците,зошто влегуваат во доста дупки,многу ротираат,НБА стил,-а Катар е како нас,иста шема,без многу турбулненции,и многу понезгоден..
Само напред,мислам дека имаме огромни шанси да ги тепаме,само да се изигра без турбуленции во одбрана,без нервоза,нападот ни е каде каде подобар од ЕП во Данска,да имавме уште еден лев бек шутер, ќе немаше ко нас,тогаш не Французи,ако сакаа и Марсовци да ни паднеа во 1/4 финале немаше да се плашам од нив....
Ќе тепаме бе денес...

за Македонија,за честа на ајварот...
