И по најновиот состанок на врвот во ЕУ се потврдија негативнити импликации за членство на Македонија во понатамошниот период токму во овој дел,нажалост:
Во педесет области за одлучување ќе бидат укинати националните вета со новиот договор, но тука не спаѓа надворешната политика, која е најбитна за Македонија и спорот околу името. ЕУ нема да има веќе толку еврокомесари, односно за секоја земја по еден, а на скратените функции ќе се ротираат сите земји на одреден период. Со Лисабонскиот договор, сакале или не, Европејците ќе направат чекор напред во продлабочувањето на евроинтеграцијата, а на тие што нема да им се допаѓа тоа, првпат им е дадена можност да си одат од Унијата. Лисабонскиот документ има и нова клаузула според која земјите-членки ќе си помагаат меѓусебно ако некоја е предмет на вооружена агресија, и иако данскиот премиер ги уверуваше граѓаните дека нема нов трансфер на сувереноста во одлуките, реалноста е дека нема да остане веќе ниту една област која е во надлежност исклучиво на државите. Според британските процени, договорот е сепак најдобрата можна порака за проширувањето, бидејќи без него многу земји-членки би ставиле блокада на процесот, за кој тој сега ја држи отворена вратата.