Македонија - Русија, 12.09 - 20:00 ч.

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Блат: Македонија ја игра најдобрата кошарка во Литванија

Селекторот на руската репрезентација, Дејвид Блат, упати низа комплименти на адреса на македонскиот национален тим во пресрет на дуелот што вечерва со почеток во 20 часот ќе го одиграат овие две селекции.

dejvid-blat-500.jpg

Европската кошаркарска јавност и светските букмејкери сметаат дека Русија е голем фаворит на овој меч, но Блат ги предупреди своите кошаркари дека против себе имаат одлична селекција.

- Македонија игра прекрасна кошарка, можеби и најубава на шампионатот. Сите сме изненадени од тоа што го прикажуваат Македонците на ова Европско Првенство и тоа е само причина повеќе да не ги потцениме. Особено е блескава бековската линија, каде што доминира Мекејлеб. Американецот не само што ги полни противничките кошеви, туку и ги разигрува сите останати во тимот, па затоа ќе мораме добро да внимаваме на него. Не се сомневам дека ќе не очекува тежок дуел и ќе мораме да одиграме најдобро што знаеме ако сакаме да дојдеме до победата - изјави Блат.

Доколку вечер ја совладаме Русија ќе завршиме како први во групата Ф и во четвртфиналето ќе се судриме со Србија во четврток од 20 часот, а доколку бидеме поразени од Русија како второпласирани ќе вкрстиме со Литванија во среда од 20 часот.

http://www.kurir.mk/sport/kosarka/42005-Blat-Makedonija-ja-igra-najdobrata-kosarka-vo-Litvanija
 
Па и да се бајаги повисоки од нас, под нозе ќе им се протнуваме :) Можеби немаме висок тим како нивниот, ама нашиве имаат голема мотивација да покажат дека можат многу иако пред ЕП бевме потценети дека немама јак тим. Иако покажаа и досега дека не само што се јаки, туку се носат и со поранешни еврошампиони, не се сомневам дека и вечер храбро ќе се борат за победа :) Уф со кој ќејф ќе ја глеам таа со Србија, ако победиме вечер :D
 
Да и тоа со 4 лични играше речиси 2 четвртини а Арсич не играше со центрите за да му изнудат уште еден
Toa duri i igroce go primeti,samo Arsic ispadna glup,a ni trebase pobeda od 6 kosa,za da odime ponatamu!Zatoa Antic go izbrka :P:
 
Па Антич мал ли е 2,10 е висок... Тој ке го чува Мозгов... А за Кириленко мислам дека ке се погрижат двајцата брака Стојановски ;)
Го споредуваш Кирилинко со браќата,јесте Кирилинко не е Гарнет или некој ама пак типот има големо искуство можеби заедно со Гасол се најдобрите крилни на европсково. Со височината нивна ѓабе неможеме да им парираме,дали Мозгов или Кириленко еден може да допреме ама двајцата многу тешко.Само од 3 да распалиме и немаме гајле,требаше тие Финците да дадат по некој совет за тројка и така услуга им направивме:icon_mrgr: Ин БО Ве ТРУСТ!
 
Официјалниот сајт на Кошаркарската федерација го објави дневниот здраствен билтен во нашата селекција, пред последниот дуел со Русија во нашиот тим тројца се жалат на повреди. Најлоша е состојбата на Гечевски, за жал тој нема да може да им помогне на момците во црвено-жолто.

И покрај огромната желба, Тодор Гечевски сепак нема да може да настапи на денешниот дуел. Нашиот центар е под постојан надзор на лекарскиот тим, кој според последните испитувања дефинираше дека настапот против Русија е невозможен.

Резултатите од испитувањата велат дека станува збор за фрактура во зглобот на левата рака, со што под голем знак прашалник се става и неговиот настап до крајот на Евробаскетот.

Предраг Самарџиски се здоби со силен удар во коленото на натпреварот против Словенија, кој резултираше со голем оток и болка која ги ограничува неговите движења. Лекарскиот тим на репрезентацијата прави големи напори да го оспособи Самарџиски за дуелот вечерва, но неговиот настап е се уште неизвесен.

Лестер Бо Мекејлеб и натаму чувствува болки во пределот на ‘рбетот. Плејмејкерот на Македонија е под постојан надзор од лекарскиот тим за санација на болното место, но не би требало да има проблеми во однос на настапот вечерва против Русија.

Останатите играчи се чувствуваат добро, а како единствен проблем се јавува уморот поради густиот распоред на Првенството. До крајот на шампионатот, Македонија ќе одигра уште четири натпревари.
 
Го споредуваш Кирилинко со браќата,јесте Кирилинко не е Гарнет или некој ама пак типот има големо искуство можеби заедно со Гасол се најдобрите крилни на европсково. Со височината нивна ѓабе неможеме да им парираме,дали Мозгов или Кириленко еден може да допреме ама двајцата многу тешко.Само од 3 да распалиме и немаме гајле,требаше тие Финците да дадат по некој совет за тројка и така услуга им направивме:icon_mrgr: Ин БО Ве ТРУСТ!

Не... Напротив Кириленко е еден од најдобрите, ако не и најдобар на позиција 3 на оваа првенство...
Но браката играат најдобра одбрана на оваа првенство. Војдан е втор по украдени топки токму зад Кириленко па мислам дека можат да го сопрат... Мислам дека Марин ке направи добра тактика и ке се прикажеме во најдобро светло (n)
 
Дај боже,и јас сакам да играм против Србија да им ја скршиме кичмата уште нив.
 
Колку векови во
темнина си била,
колку темни сказни
знаеш земјо мила.
Колку страдања на
рамена си збрала,
колку жртви ти за
слобода си дала.
После толку векови темнина редно е и ние малце светлина да видиме
 
Пријатели, ако сум во програма сакам да ве известам дека вечер од 20:00 почнува Македонија - Русија.
Да се надеваме дека ќе ни „шутне тргот“!
 
Дечки, само не ми се разочарувајте по евентуален пораз, немојте ве молам во никој случај да бидете песимисти и гневни на нашите кошаркари.

Ајде да навиваме, па подобриот нека победи, досега добро ни одеше форумското бодрење!

Доста песимистички и дефетистички изјави, ајде малку живост и позитивни мисли! :)
 
Шо сте се уплашиле... Игорче ќе коментира вечер ;)
 
Абе не сакам ни да слушнам за комбинации,ние одиме на Србија,тие на Литванија.Вечерва само победа и после ова циганиве да им го затнеме муцките.
 
Ја си купив 4 пива, две темни и две светли. :cool:

Идам нешто за јадење да искомбинирам и почнуваме да навиваме!!!! (y)
 
Блат: Македонија ја игра најдобрата кошарка во Литванија

Селекторот на руската репрезентација, Дејвид Блат, упати низа комплименти на адреса на македонскиот национален тим во пресрет на дуелот што вечерва со почеток во 20 часот ќе го одиграат овие две селекции.

dejvid-blat-500.jpg

Европската кошаркарска јавност и светските букмејкери сметаат дека Русија е голем фаворит на овој меч, но Блат ги предупреди своите кошаркари дека против себе имаат одлична селекција.

- Македонија игра прекрасна кошарка, можеби и најубава на шампионатот. Сите сме изненадени од тоа што го прикажуваат Македонците на ова Европско Првенство и тоа е само причина повеќе да не ги потцениме. Особено е блескава бековската линија, каде што доминира Мекејлеб. Американецот не само што ги полни противничките кошеви, туку и ги разигрува сите останати во тимот, па затоа ќе мораме добро да внимаваме на него. Не се сомневам дека ќе не очекува тежок дуел и ќе мораме да одиграме најдобро што знаеме ако сакаме да дојдеме до победата - изјави Блат.

Доколку вечер ја совладаме Русија ќе завршиме како први во групата Ф и во четвртфиналето ќе се судриме со Србија во четврток од 20 часот, а доколку бидеме поразени од Русија како второпласирани ќе вкрстиме со Литванија во среда од 20 часот.

http://www.kurir.mk/sport/kosarka/42005-Blat-Makedonija-ja-igra-najdobrata-kosarka-vo-Litvanija
Дај боже само овој коментар да не стигне до нашата репрезентација.
Овој намерно сака да ги разнежни нашите.
Ме нервира вакво лицемерие, што да не случајно реално тоа го мисли.
Јас мислам дека стои некаква тактика позади овие навидум кажани искрени комплименти.
Нека не дели Рускиов тренеров многу комплименти, нека си ги чува за после поразот од нас, тогаш ке го видам дали ке коментира вака.
--- надополнето: Sep 12, 2011 4:50 PM ---
Ја си купив 4 пива, две темни и две светли. :cool:

Идам нешто за јадење да искомбинирам и почнуваме да навиваме!!!! (y)
Ја литро бело вино и литро минерална.
Вечерва ке се игра добра утакмица, слична како со Грција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom