Македонија пред банкрот

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
Не слушав кога зборувале во парламент за тоа, така да не можам да знам дали така се изразил Славески (кој мислам е еден од најдобрите минситри за финансии кои ги имала МК, впрочем СИТЕ после оној со перчето беа добри, и Груевски и Поповски и Славески, а Гошев не доби шанса)

Отидов на линкот и таму гледам тоа со банкротот не е во наводници. сигурно е „интерпретација“ на рекетарите од А1.

нема да има, а и да има нема да биде голема. со овие камати, најдобро е да се штеди во денари. тоа е мојата прогноза.

еве на нова година стави ми позитивна или негативна критика, ако сум или не сум во право....

зошто - затоа што девалвација се прави кога има многу локални пари, а со нив е може многу да се купи. во македонија НЕМА денари, па тие што имаат може да си купат. Се прави и ако владата изгласа закон да се отпечатат пари за неа (па да ги подели, па да има многу, па да не може да се купи ништо), ама милошевиќ во оваа влада не гледам.

Алек без да се навредиш ама ти си аксиоматски мислетил и си вадиш заклучоци од контекст затоа ќе бидам дециден за да не можеш да го правиш тоа.

Одговори ми на прашањава да знам како да дискутирам

-Дали во Македонија моментално имаме пад или раст на производството?

- Дали имаме дефицит и тој дефицит го потполнуваме со кредити од надвор?

-Ако се задолжуваме со вакво темпо и нема промени во растот на производство колку време ќе ни биде потребно да банкротираме како држава?

Зборуваме во риал тајм и иднина нема да навлегуваме во причините кој доведоа до ситуацијава не ти барам ни решениа само сувопарни податоци за кој велиш дека ти располагаш.
 
Гледам дека се заглавивте во бројки а никако да се договорите како го гледате банкротството и што подразбирате под тој поим?

Според мене некоја држава да банкротира (во буквална смисла) би значело дека нема веќе средства за исплата на плати и пензии. Едноставно повеќе се генерираат трошоци отколку прилив на средства во државната каса. Во таков случај или треба тотално стегање на ременот и пополека работење да се стане рентабилен (како во фирма) или земање кредит кој ќе мора да се врати.

Дали на Македонија и прети нешто слично или не?
 
Алек без да се навредиш ама ти си аксиоматски мислетил

не ти го разбирам што е тоа аксиоматски... јас сум РЕАЛИСТИЧЕН и СЛОБОДЕН мислител. ако мислиш дека имам прифатено тужи ставови како аксиоми - не си прав.

и си вадиш заклучоци од контекст
баш напротив, се ми е во контектст и на тема.

затоа ќе бидам дециден за да не можеш да го правиш тоа.

Одговори ми на прашањава да знам како да дискутирам

-Дали во Македонија моментално имаме пад или раст на производството?
најмалку во 10 поста имам напишано дека имаме пад (мислам и лупнав една бројка од околу 10%, не сум проверил одамна).
но имаме ПОМАЛ пад од многу други земји. а како што рекол ајнптајн - се е релативно.

- Дали имаме дефицит и тој дефицит го потполнуваме со кредити од надвор?
имаме дефицит ВО ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА (ако на тоа мислеше?). тој дефицит го решаваме на повеќе начини. кредтите се една од ПОМАЛИТЕ ставки.

-Ако се задолжуваме со вакво темпо и нема промени во растот на производство колку време ќе ни биде потребно да банкротираме како држава?
нема да банкротираме. ќе имаме и раст догодина на прозиводството и че ги вратиме кредитите. значи колку време - милијарда години :-)

Зборуваме во риал тајм и иднина нема да навлегуваме во причините кој доведоа до ситуацијава не ти барам ни решениа само сувопарни податоци за кој велиш дека ти располагаш.

не знам кога сум рекол дека располагам со сувопарни податоци?
кои сувопарни податоци? може КОНКРЕТЕН НАЗИВ на податокот. еве на пример: девизните резерви ни се 1,4 милијарди евра денес. малку се или многу?
 
Гледам дека се заглавивте во бројки а никако да се договорите како го гледате банкротството и што подразбирате под тој поим?

Според мене некоја држава да банкротира (во буквална смисла) би значело дека нема веќе средства за исплата на плати и пензии. Едноставно повеќе се генерираат трошоци отколку прилив на средства во државната каса. Во таков случај или треба тотално стегање на ременот и пополека работење да се стане рентабилен (како во фирма) или земање кредит кој ќе мора да се врати.

Дали на Македонија и прети нешто слично или не?

Банкрот се подразбира она што се случи во Аргентина 2001,Венецуела,Русија и Исланд најново донекаде значи ниедна земја не е расположена да даде кредитен грант без разлика какви камати ќе вети државата, прво што ќе се случи сите ќе посегнат по девизните резерви од страв да не ги загубат и ќе ги префрлат во соодветни банки во други држави или пак под перница,банките без тие средства се во неможност да даваат кредити на државата без разлика колку им се ветува камата и онака државата не е повеќе сигурен доверител,нареден чекор е зошто нема доволно средства да се брани девалвацијата и валутата ќе се остава да флуктира на меѓународниот пазар со тоа ќе стане безвредна и не може да се купи ништо на маректот со националната валута,голем дел од производствените капацитети кој се тесно поврзани со банкарскиот сектор ќе се затворат и ќе се зголеми невработеноста до енормни бројки.

Јас барем така ја перцепирам некој ако има друго мислење нека повели :toe:

@Алек34
Ништо тогаш Алек ни се разменуваат ставовите ама не мора секогаш да се согласиме во се па јас ја прекинувам дискусијата ти си непоправлив оптимист или утопист секоја чест за ентузијазмот јас сум сепак како Бетончо што вика песимист или реален оптимист сепак си елаборираме теореми детерминирани од книги и претходни искуства и никој со сигурност не може да потврди што ќе се случува понатаму и не можеме да употребиме Драјкова равенка како и да е јас сум на твоја страна.

:helou:
 
Јас барем така ја перцепирам некој ако има друго мислење нека повели :toe:
За тие случаи може да се каже дека е под стечај, пошто за банкрот се распродава имотот и се што има-движнини и недвижнини, сметки...(првин на комшиите :) ). И СФРЈ беше под стечај (ги стигна аргентинците), но исплива. Дојде стечаен управник (Марковиќ и неговата екипа) па ја застанаа на нозе. Така можда и кај нас ќе е потребен стечаен управител :smir:
 
Nema kadar bre luge. Nepismena bagra vodi drzava. Neli gledate samo kolku se trudat da dokazat nesto pritoa preteruvaat so izjavi. Rabotata e prosta, ministerot Slavevski odgovoren za finansiite si kaza. Makedonija dokolku prodolzi ovaka vo septemvri ke bankrotira. Dali e vistina ili ne vremeto ke kaze, isto ko i za imeto, 3 godini se pravat sizici sega edna nedela kutat za sredbata so Nimic. Nepismena bagra vodi drzava i tocka.
 
За тие случаи може да се каже дека е под стечај, пошто за банкрот се распродава имотот и се што има-движнини и недвижнини, сметки...(првин на комшиите :) ). И СФРЈ беше под стечај (ги стигна аргентинците), но исплива. Дојде стечаен управник (Марковиќ и неговата екипа) па ја застанаа на нозе. Така можда и кај нас ќе е потребен стечаен управител :smir:

банкрот - тоа на македонски е ПОСЛЕ стечајот. Ако заврши неуспешно, т.е. ако не се намират сите доверители.

банкроит имаше СФРЈ (и ние сосе неа), па париски и лондонски клуб и ММФ и сл... ни опростија многу долгови (за жал, заради неспособна влада многу помалку ни опростија нас, него на србија, на пример)

убаво си кажа џони погоре - банкрот е кога нема да ти дадат кредит, А НАС НИ ДАДОА. така да до тогаш - ДОВИДУВАЊЕ.
 
Kako e mozno covek za eden den da napravi tolkavo reteriranje vo stavovite.

Svaka ti cast
 
Нема врска никаков банкрот. Ни се закануваат долгорочно лоши економски услови, тоа нема никаква врска со банкрот. :toe:
 
Види вака......ние веруваме во Македонија.......но некако се помалку веруваме во селекторот кој го менува тимот што добива (добива.....така беше бар според рекламите со кои не отекоа)

не знам како ова вчера ми промакнало??? баш е супер да се искоментира. значи вие верувате се помалку, но вие сте МАЛЦИНСТВО. не сте битни! има дупло повеќе него што ни треба кои веруваат во македонија: види ги податоците кои и ги цитирав на леандра, за тоа кога МФ бара да продаде државни хартии од вредност за 600 милиони и нудат 1,2 милијарди. ТИЕ СЕ БИТНИ да веруваат.

вие само може да си мрчите.
 
да треба да го смениме народот! да го натераме да почне да мисли, а не да повторува фрази и пропаганди како папагал. да му кажаеме дека треба да се специјализира во нешто,а економијата да ја остави на тие што се разбираат. да не се прави паметен за се. итн...

Интересно, колку сте вие партискава фаланга забегани во овој филм! Демек, Господ ве пратил од небото, ви дал месијанска задача да го освестувате овој глуп и прост народ. Сакате да го натерате народот да почне да мисли, а не да повторува фрази и пропаганди како папагал - со тоа што постојано папагалски ќе му трубите и повторувате фрази и пропаганди! Нема да ти ја откријам Америка ако ти кажам дека премногу го потценувате народот, братко. Не е точно дека 90% немаат факултет завршено, а над 50% ни средно. :lazgo: Податоците од Државниот завод за статистика зборуваат нешто друго. Немој за целиот народ да судиш според членството на твојата Партија! :icon_mrgr

on topic:

Можеш да продаваш оптимизам колку што сакаш, но факт е дека цената за она во кое се изживувате денес ќе мора некој да ја плати еден ден. Клоцата во задникот на Славевски кажува дека тој ден е многу близу.

Кога во пред две години воведовте платежни картички, потрошувачката еуфорија финансирана со висококаматни кредити ја прикажувавте како економски раст и спектакуларен успех на владината финансиска политика. Денес имате огромен број на презадолжени граѓани чија куповна моќ е реално смалена за износот на каматите кои им ги плаќаат на банките место да ги трошат. Нормална последица е намален економски раст, и, разбира се, намален прилив во буџетот на државата - нешто што секој нормален економист, па дури и лаик можеше да го предвиди.

Тодор Петров еднаш рече нешто како “дел од народот може да биде лажан дел од времето, но не е можно сиот народ да биде лажан постојано“.

Никој, па ни оној што го зборува тоа, не може да биде излажан дека ќе се збогати ако троши повеќе пари одошто заработува (не зборуваме за оној што троши туѓи пари за кои не чувствува никаква одговорност). Специјално, тешко некој да биде излажан дека трошењето немерени буџетски пари за задоволување на младешките фантазии на татините синчиња кои од училишна клупа седнале право во министерски фотељи ќе и донесе економски просперитет на земјата.

Постојат економски правила кои се многу едноставни и без чие почитување не може ниту една берберница да опстане, а камо ли поголем бизнис. Книговодствената графа “побарува“ мора да има поголем износ од графата “должи“, инаку долгорочната перспектива на бизнисот е банкротство. Да не го почитуаш ова правило, и да се залажуваш дека оние што те опоменуваат се “песимисти“, “мрчатори“, “партиски непријатели“ - е навреда за здравиот разум, како за твојот сопствен така и за здравиот раум на оној што те слуша.

Попусто се фрлени парите на пропаганда од типот:

затоа и реплицирав овде, да сменам дел од народот... и еден да сменив и да го натерав да си ја засака татковината, без разлика на владат и кризата, доолно ми е. ам стварно да си ја засака, а не да се тепа во гради дека е патриот, а после да отиде на пазарче и да купи турски патлиџани или грчки маслинки... за поголемите купувања да не пиувам, а исто и за одморите во „грција“.

- кога рекламата за купување македонски производи што се емитува на телевизија е снимена во Америка, со американски актери и со монтиран македонски глас! Уште еднаш да повторам: премногу го потценуваш македонскиот народ. Си ставаш задача “да го натераш да си ја засака татковината“ со тоа што ќе му солиш ум дека од патриотски причини подобро е да купи струмички патлиџан одошто турски, а истовремено си правиш милионски зделки зашто, според твоите пресметки, за тебе е поисплатливо да купиш кинески автобуси место македонски, и поисплатливо ти е да арчиш неброени пари на странски “промотори“ за фатаморгана-бизниси кои можеби еден убав ден ќе дојдат.

Колку и да е прост, лесен за манипулирање и со овчешки карактер, ниеден човек не е толку будала да не може да го види јадецот во шарената приказна за патриотска лојалност кон земјата.
 
Kako e mozno covek za eden den da napravi tolkavo reteriranje vo stavovite.

Svaka ti cast

пак не знаеш да читаш. какво „ретерирање“ на ставовите??? Мојот став од прв до последен е ИСТ: НА МАКЕДОНИЈА НЕ И СЕ ЗАКАНУВА БАНКРОТ!!!

да не ти е проблем да ме разбереш тоа што пишувам на кирилица, азбуката што ја измислиле Македонци? а не е лошо и ти да ја користиш...
 
Нема врска никаков банкрот. Ни се закануваат долгорочно лоши економски услови, тоа нема никаква врска со банкрот. :toe:
Кој не ги осетил тие стечајни моменти хехе, не знае колку е пријатно.

За банкротот на Ерол Ризаов и утрински
Само фама се дига низ маало (јавност). Како и за се, тресла се гора...
Ние сме дел од светот, мавна криза, утнаа дека нема да е проблем, некои веќе осетија-ги избркаа од работа, некои постојано осеќаат-земаат по 4-5 илјади, некои не осеќаат, не ни земаат плата со месеци...

Овде ние не можеме многу ни да помогнеме, ни да одмогнеме. Али затоа силните експерти на А1 се многу влијателни, а народот се плаши иако 70-80% од граѓаните ниту знаат за висина на долг, структура на долг, обврзници и слични чуда.
 
Интересно, колку сте вие партискава фаланга забегани во овој филм! Демек, Господ ве пратил од небото, ви дал месијанска задача да го освестувате овој глуп и прост народ. Сакате да го натерате народот да почне да мисли, а не да повторува фрази и пропаганди како папагал - со тоа што постојано папагалски ќе му трубите и повторувате фрази и пропаганди! Нема да ти ја откријам Америка ако ти кажам дека премногу го потценувате народот, братко. Не е точно дека 90% немаат факултет завршено, а над 50% ни средно. :lazgo: Податоците од Државниот завод за статистика зборуваат нешто друго. Немој за целиот народ да судиш според членството на твојата Партија! :icon_mrgr

слушај малокурле - ти си тотално ретардирано во паметот и одма со партии си задоено. не сум член на ниедна партија, ниту бранам нечие мислење, туку го кажувам МОЕТО. можеше тоа да го прочиташ и погоре во овој форум во оваа тема, да не беше ретардирано па одма на партии да го сведе. одма ти се сликаат партии, зашто си ОВЦА, па не знаеш како ЛАВ да шеташ САМ по преријата. ТИ треба стадо...

И ова е оф топик, ама е реакција на твојата офтопик партиска тема. само да ти кажам за твојата „партија“, која за жал е партијата на овците и е најбројна.

сега малку он топик: фрази се дека сме за банкрот, и тие ги повторуваш ти и таквите овци како тебе со константно блеење. барем млеко да дававте.... не се ни овци во целост....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom