Македонија го презеде претседавањето со Советот на Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

Дали претседавањето со Советот на Европа ќе го зајакне угледот на Македонија?

  • Да

    Гласови: 15 68,2%
  • Не

    Гласови: 7 31,8%

  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Македонија официјално ја презеде функцијата да претседава со Комитетот на министри во Советот на Европа. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски го наследи кормилото од швајцарската министерка за надворешни работи, Мишлен Калми Реј.

Дваесет министри на европските земји ги слушнаа приоритетите на македонското претседавање за овие шест месеци.

Фокусот на македонското претседателство ќе биде насочен кон зајакнување на заштитата на човековите права и поактивно вклучување во регионалната соработка и безбедност на регионот.

По излагањето на македонскиот прв дипломат, неговиот грчки колега, алтернативниот министер за надворешни работи Димитри Друцас искажал протест за именувањето „македонско претседателство“.

Во формалната забелешка Друцас истакнал дека со таквото именување Македонија ја злоупотребува позицијата претседавач. Според него, именувањето на претседателството треба да биде под привремената референца.

“Употребата на придавката „македонски“ ги поткопува напорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение во процесот што се води под покровителство на ОН“- рече Друцас пред Комитетот на министри.

Тврдењата дека со именувањето „македонско претседателство“ се нарушуваат преговорите за меѓу Македонија и Грција се неосновани, реплицираше министерот Милошоски- кој потенцираше дека ОН се местото каде се одвиваат тие разговори.

Милошоски нагласи дека Комитетот на министри не е местото за решавање билатерални спорови и дека Македонија како претседавач ќе биде фокусирана на исполнување на своите приоритети.

Со реакцијата на Друцас се обистинија неофицијалните претпоставки дека Грција не може да се помири со именувањето „Македонско претседателство“ кои пред самиот почеток на Сесијата кружеа во Стразбур.

Комитетот на министри го прифати именувањето „Македонско претседателство 2010“ и логото како што беше предложено во официјалниот документ доставен од Министерството за надворешни работи.

Сепак на официјалните документи, Советот на Европа ќе т.н. дистрибутивна страница на која ќе стои привременото име на земјава и објаснување во фуснота дека одговорноста за издавањето на документите е на Претседавачот и дека тие не ги прејудицираат правните и политичките ставови на Советот на Европа.

Официјалното преземање на претседавањето се случи за време на 120 Сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, како осма точка на дневниот ред на седницата.

Македонија претседавањето со Советот на Европа по шест месеци ќе го предаде на Турција.

Извор: Канал 5 ТВ

Друцас пак нека тропа глупости што може а што не, на празно јаде гом*а...:vozbud:
 
Ај аирлија, следно претседателство со ЕУ. :)
 
Македонија официјално ја презеде функцијата да претседава со Комитетот на министри во Советот на Европа. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски го наследи кормилото од швајцарската министерка за надворешни работи, Мишлен Калми Реј.

Македонија претседавањето со Советот на Европа по шест месеци ќе го предаде на Турција.

Извор: Канал 5 ТВ

Друцас пак нека тропа глупости што може а што не, на празно јаде гом*а...:vozbud:

Што бараме ние, Швајцарија и Турција, да претседаваме со Совет на Европа, кога не сме членки?
 
Што бараме ние, Швајцарија и Турција, да претседаваме со Совет на Европа, кога не сме членки?
Советот на Европа не е исто што и Европската Унија. Иако нивните цели се горе-долу исти, сепак се работи за две различни организации. Составена е од 47 земји членки меѓу кои е и Македонија, Русија, Украина, Молдавија, Турција, Швајцарија.
 
А јас некако мислам дека некој не заебава. Дека нема никаква важност ова, кога замисли претходна била Швајцарија, следна е Турција.И двете нит се во ЕУ, нит ќе бидат.
Ова е нешто ко партнерство за мир за Нато ли е, некој сличен курташак?
 
Советот на Европа ти е организација составена од земји членки на ЕУ, и од земји кои не се членки. Сите заедно се залагаат за слобода, демократија, и заштита на човековите права. И не е исто ЕУ и Советот на Европа, не треба да се мешаат овие две организации.
 
Има некоја реална моќ оваа организација или е перење пари и безврска муабети од кои никој нема да има полза?
Извини што те прашувам, ми се најде тука, а не би сурфал да најдам информации.
Погадно нешто од ова -Сите заедно се залагаат за слобода, демократија, и заштита на човековите права- нема.
Мислам до толку е истава фраза исфиркана да на секој му е дегутатно воопшто и да ја погледне.
 
па нормално дека има моќ организацијата, зошто не ти се допаѓа што Македонија председава
 
Советот на Европа има моќ колку што има моќ Обединети Нации... Односно нема никаква моќ. Бесмислена организација со цел да троши буџетски пари. На никого не му е гајле за Советот на Европа, и патетично е да се меша со било која институција на ЕУ. Така да Македонија може ако сака и да стане главна на Советот на Европа, нема никаква реална вредност. Инаку тоа со што се меша, (посебно со ова комитет на министри бре бре бре) е Европскиот Совет, составен од 27 члена , глави на држави на ЕУ, и очигледно со Европската Комисија, која има 27 комесарти, по еден од држава членка на ЕУ, и кој има безброј ресори, како ресор за туризам, ресор за финансии и слично. Така да не, ова не значи ништо. Ко да победиме на Евровизија, и да победиме и не, нема никаква реална важност. наф сед.
 
Логото го нема од официјалниот сајт ... мистериозно :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom