Македонија официјално ја презеде функцијата да претседава со Комитетот на министри во Советот на Европа. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски го наследи кормилото од швајцарската министерка за надворешни работи, Мишлен Калми Реј.
Дваесет министри на европските земји ги слушнаа приоритетите на македонското претседавање за овие шест месеци.
Фокусот на македонското претседателство ќе биде насочен кон зајакнување на заштитата на човековите права и поактивно вклучување во регионалната соработка и безбедност на регионот.
По излагањето на македонскиот прв дипломат, неговиот грчки колега, алтернативниот министер за надворешни работи Димитри Друцас искажал протест за именувањето „македонско претседателство“.
Во формалната забелешка Друцас истакнал дека со таквото именување Македонија ја злоупотребува позицијата претседавач. Според него, именувањето на претседателството треба да биде под привремената референца.
“Употребата на придавката „македонски“ ги поткопува напорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение во процесот што се води под покровителство на ОН“- рече Друцас пред Комитетот на министри.
Тврдењата дека со именувањето „македонско претседателство“ се нарушуваат преговорите за меѓу Македонија и Грција се неосновани, реплицираше министерот Милошоски- кој потенцираше дека ОН се местото каде се одвиваат тие разговори.
Милошоски нагласи дека Комитетот на министри не е местото за решавање билатерални спорови и дека Македонија како претседавач ќе биде фокусирана на исполнување на своите приоритети.
Со реакцијата на Друцас се обистинија неофицијалните претпоставки дека Грција не може да се помири со именувањето „Македонско претседателство“ кои пред самиот почеток на Сесијата кружеа во Стразбур.
Комитетот на министри го прифати именувањето „Македонско претседателство 2010“ и логото како што беше предложено во официјалниот документ доставен од Министерството за надворешни работи.
Сепак на официјалните документи, Советот на Европа ќе т.н. дистрибутивна страница на која ќе стои привременото име на земјава и објаснување во фуснота дека одговорноста за издавањето на документите е на Претседавачот и дека тие не ги прејудицираат правните и политичките ставови на Советот на Европа.
Официјалното преземање на претседавањето се случи за време на 120 Сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, како осма точка на дневниот ред на седницата.
Македонија претседавањето со Советот на Европа по шест месеци ќе го предаде на Турција.
Извор: Канал 5 ТВ
Друцас пак нека тропа глупости што може а што не, на празно јаде гом*а...