Македонија - Данска [21.01.2012 - 18:15 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
како што оди србија ке ги најде истата песна како нас што не најде од 7 гола сега се на 1.
 
Ќе си пукнам од мака бе, најјака генерација што некогаш ја имала мак. во некој екипен спорт.Страшен квалитет, како ли ќе беше со еден добар тренер.Не е можно 3 утакмици да губиме за едни аматерски грешки.Тоа е спортот, не секогаш победуваш, ама ова е премногу за нашиве борци, немам зборови за нив, секако ќе бидат пречекани како што заслужија...:cuc:
 
Димитри ај те молам немој со Ќе ни даделе, идно време од глаголот лажам. Камо само преку крила да маваа,а не преку бек, се знае колку се шансите од крило на мртов агол. Сите затвраат бекови, Шундо крила затвара. И да маваа преку крила ќе имаа половина од головите на Хансен.
Како ние ракомет прв пат да гледаме или не сме трењирале па незнаеме кога се става фластер и на кого и колку време.
 
Еве и од мене коментар за денес. За разлика од претходните нтпревари кога го критикував Лазаров овој пат ги заслужи сите пофалби. Беше најдобар играше фантастично... Борко беше фантастичен одбрани неколку клучни топки кои не однесоа во неизвесна завршница во која изгубивме трагично. Тренерот значи незнам кој го ставил таму... На тајмаут зборува Кире, незнае измени кога да направи. И најважното од се незнае кога да побара тајмаут. Водиме 19-16 намалуваат на 19-18, даваме уште еден гол 20-18 почнуваме да губиме со 1, па 2 и кога му завре јајцето на минус 3 бара тајмаут... Ебате простиот... Ех златен Червар... Со него полуфинале не ни бегаше. Играме на домашен терен ке си дојдеме со само една победа и едно нерешено... То је то што би рекол Катанец. Кога федерацијата нема мозок ке се радуваме на само една победа. Секоја чест и на сите играчи одиграа одлично речиси сите со исклучок на Златко Мојсовски кој не одигра ама баш ништо и Диви кој денеска заедно со Златко Мојсовски беа најслаби во тимот...Но сепак нај виновен е Шундовски
 
А не можи некако Лино Червар да се постави? Или стварно има нешто со Кире тука?
 
Трагедија е ова што се случи незнам што да пишам повеке сите изиграа машки...ДАЛИ НЕКОЈ ЗНАЕЈ УШТЕ КОЛКУ ВРЕМЕ КИРЕ КЕ ИГРА ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА? ДАЛИ ИМА НАЈАВЕНО НЕШТО? ПОШТО ПРЕД 2-3 МЕСЕЦИ ОВДЕ НЕКОЈ ПИША ОТИ ПОСЛЕ ЕВРОПСКОВО КИРЕ НЕМА ДА ИГРА ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА.....
 
Ако не беше Хансен, ќе беше Бо Спелербег.. ако не беше тој, крилата мамето ќе ни го расплачеа, видовте во прво полувреме каков процент на реализација имаше десното нивно крило.
Ако стајш на еден фластер, друг ќе ти постигне гол. Не е ова Македонија само што го има Лазаров и само тој знае да погоде. ;)
Ама океј, ве сфаќам.
 
Абе ние да си ги победиме следниве 2, па другото шо дае господ, ако влезиме во 1/2 финале влезиме, ако не ќе бидиме 3то место и ќе играме натпревар за 5то место, а 6тото ќе ни биде загарантирано
 
bravo-kire.jpg


Што да се каже, едноставно жалам што немаме многу како него, а има многу што некогаш не ја сфаќаат нековата величина.:cuc:
 
А не можи некако Лино Червар да се постави? Или стварно има нешто со Кире тука?
Неможе.Ако поднесе оставка мислам дека ќе одиме без селектор до крај(што е подборо)!Нека ме поправи некој ако грешам :X
 
Многу боли ова што ни се случи. А замислете како се чувствуваат играчите. Алушевски, Лазаров...по 30 и кусур години имаат, еден тон искуство, што се не поминале во кариерата. Толку многу вложиле за да стигнат до овде, Лазаров им наби комплекси за 3 генерации на Данциве. И кога ќе дојде време да направат ваков голем успех на крај ја усеруваат. Него, уште еднаш ќе прашам, има ли снимка од голот на Мојсоски? Ако стварно беше регуларен гол, жими се треба уште еднаш РФМ да се жали до ЕХФ!
Мислам дека свирнаа фал пред да шутни Мојсо. Ама мораше да имат малку осет и да го почекат да шутни. А то дека Мојсо напрај 4 чекори, мало морген.
А Мојсо ако забележавте не бараше да се признај голот, туку бараше 2 минути за играчот нивни.
 
ма немој да ме јебеш! Му замерувате на Борко што шутирал од гол на гол !? Па на центар беше нивниот голман! Тоа да не беше клучното што изгубивме !?

Одбраните при контрите одма му ги заборавивте а !? Што Диви, влезе Диви и 0/5 имаше. Неам ништо против Дивиот, али немојте така за Борко...

и еве, сликата вреди милион зборови...

mirkulovski%20so%20danska%20golema.jpg


ако уште ги плукате СРАМ ДА ВИ Е !!!

Никој досега не не надигра. И мене ме боли најмногу кога губиме вака. Повеќе ме боли ова отколку да не тепаат со голема разлика. И јас мрзам тапшања по рамо и изјави: „Добри бевте, немавте среќа, ај другпат“

Имаме шутрак од селектор, тој треба да ја превземе вината сеа (не, не мислам на Кире, на „тивкиот“ мислам, на Шундо), зошто можеше да го спречи налетот на Данциве.

Бидна веќе, боли, одиме понатаму. Најтешко им е сега на дечките. Се вратија после оној пораз од швабите, но ова е многу, премногу за сечија психа. Се надевам дека ќе смогнат сили да издржат машки и на другите утакмици.

Ниеден пораз не се брои - Вие сте нашите херои !!!
 
Не знам дали гледате Србија- Германија? Истата приказна. Европско е , секој натпревар е жесток. Да ви кажам, дека уживам додека го слушам коментарот на Игорче и неговиот гостин. Е тоа е стручен коментар ( коментари за судиите, забелешки за играчите, занимливости за играчите,тактики :cuc:) не ко Магдинчев .
 
Неможе.Ако поднесе оставка мислам дека ќе одиме без селектор до крај(што е подборо)!Нека ме поправи некој ако грешам :X
Ама не за сега одма.По европсково
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom