Македонија 1 - 2 Англија (младинци)

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Аман бе каква наместена, нема шанса! Што си замислуете Хари или било кој од ФФМ има толкаво влијание врз репрезентативците на Англија па ќе им нареди тоа.
Замислете се малце и не летајте у облаци, аманте.
Више преку таквиов ми е да читам како секоја утакмица дали на репрезентација или на некој Македонски клуб е наместена, а нема благе везе од тоа. :uvo:
 
Не тропајте глупости, наместена била...Не дека ние не сме местачи, него англичаниве не се глупи како нас да местат утакмици на репрезентација (без разлика што се младинци) па да имаат проблеми после. Чиста случајност, значи секоја утакмица што ќе излезе 1 во 2 или обратно е наместена?

како кај нас секоја утакмица е чиста случајност тоа не ми е јасно :toe:
 
Ние сме толку јаки местачи што Шпанија и Англија ги вртиме на мал прст, сите ги имаме вовлечено во шемата :tapp:

Не лупајте зелени, ќе прочита некој ќе ви се смее. Кога ќе играме со некоја лева екипа ќе можете да плукате на раат.

Не се работи ниту за местење, ниту за случајност. Се работи за една мала ситница која се вика КОНДИЦИЈА, и за менталитет: се игра до последен свиреж.

Еве ја изјавата на селекторот на Шкотска за играта на Македонија:

„Тие се одлина екипа“ - вели Барли. Ја гледав снимката со Шпанија. Играа одлично, посебно во првото полувреме кога поведоа со 2-0 со головите на Пандев.Тие покажаа дека со нив нема шега, ќе мора да дадеме се од себе.

Играат со три напаѓачи и навистина се авантуристи. Обично првото полувреме го играат подобро, во последните 20-тина минути тешко играат. Не треба да запнуваме по секоја цена, како ќе поминува времето ќе имаме повеќе шанси...

Местено... кој е сега на ред, Италија и Франција? Дај и со нив да си местиме малку. Што екипиште ќе бевме...
 
Abe kakvo nepisano pravilo se da im ebam na hari i kompanijata !! povtorno 1-2 (1-0,1-2)..uste kolku ke mestis be smrdlo eden! cist penal normalno mu ide direkt vo nozi,ne mi e jasno taa posrana vlada sto vadi zakoni za navivaci koj edvaj gi ima na tribina a vo sportot mafijasite sto gi drzat klubovite i federaciite plivaat vo pari !! da ti e maka sto si roden vo takva drzava !!

Извини дечко ама јас бев на натпреварот и ништо не си видел! На трибината кај што беше поставена камерата од која ти гледаше пренос (а истата ти не ја гледаше) имаше 3000 + народ.А на јужна имаше 100-200 што си ги видел ти.Инаку за играта добри бевме им лупнавме гол, Англичаниве на секој 10 мин. пиеја вода изгореа на сонцето, али јебига.Далеку се подобро физички и психички поподготвени од нас.За нас најдобро е да не даваме гол во прво полувреме оти после сигурно губиме.А тоа што водиме на полувреме со јаки екипи значи дека имаме голем талент ама неусовршен.А потоа тие доаѓаат и со сила, што се вика, со кондицијата не победуваат а помалку знаат да играат фудбал тоа е факт.Еве се покажа тоа денеска.Нашиве играат за слаби, аматерски екипи и ги везат Англичаниве шо се сега резерв по нивните екипи.После тие напредуваат одат во Манчестер, Арсенал, Челзи, Вест Хем, а нашите во Вардар, Ренова, Енозис од Кипар, ОФК Београд, Брно од Чешка и такви мити леви клубови.
 
Само што си дојдов од на фудбал, па рекој ај да споделам впечатоци. Прво и прво не знам кој беше тој талент што му текна дека треба натпреварот да се закажи за во 15:30 пекол беше, уште го чуствувам сонцето. Што се однесува до натпреварот одигравме одлични 65 минути и после како да потонавме. Ја надиграме големата Англија, нашите дечки им докажаа дека технички сме подобри од нив, а на физички треба уште да се работи. Кога го видов Муамба помислив дека овој е ултимејт фајтер или боксер во тешка категорија а не фудбалер. Најголеми проблеми имавме во избивање на топката при дегажманот на нивниот голман, нашите халфови не беа сигурни на тие топки имаше две три ситуации кога мораа подобро да реагираат, па така при една не спретна реакција им дадовме корнер по кој го примивме голот. Од нашите најдобро според тоа јас што го видов изиграа играчите со број 10, 11 и 4 кој истрча најмногу. Не знам како се викаа :kesa:. Искрено од англичаните сум целосно разочаран ни Старич ни Гибс(меѓу послабите) па ни Катермол не покажаа нешто многу многу, за Муамба да не правам муабет. Единствена светла точка Мансиен. Две грешки и си изгубивме, а имавме 3 стопроцентни шанси. Многу глупаво е тоа што во моментите кога имавме и игра и убави шанси допуштивме да примиме гол, а потоа уште една грешка (за мене не сфатливо го оставивме Старич сам) направивме пенал и тоа беше тоа. Се надевам дека репрезентативците ќе ги поправат грешките па уште в среда против Литванија да славиме.
 
Слики од прес-конференцијата

Стјуарт Пирс-пријатно изненаден од квалитетната игра на нашите репрезентативци, посебно од некои играчи за кои рече дека имаат квалитети од светски калибар



Бобан Бабунски- задоволен од нашата игра, квалитетно сме изиграле-но разочаран од резултатот



Радоста после постигнувањето на голот


Од нашите најдобро според тоа јас што го видов изиграа играчите со број 10, 11 и 4 кој истрча најмногу. Не знам како се викаа :kesa:.
10-Ибраими Агим
11-Стојков Драган
4-Станков Антонио
и ќе те надополнам,феноменална утакмица изигра играчот со број 2-Алиу Бетим-каде што Пирс токму него го потенцираше за најдобар
 
Наместена беше не се бунете...
 
Чиста како солза местенка нема што...
 
Наместена беше не се бунете...

Чиста како солза местенка нема што...

Плукачки одред: јас би ве банирал од тема, чисто ко препорака за Фантом и Син. Не затоа што плукате по сопствената репрезентација, затоа што покажувате исклучително висок степен на идиотизам: каде бе местење со Англија, алоооооо??? :tapp:

Во која фабрика ве штампаат?
 
резултат како резултат, ама ја искрено пријатно сум изненаден од дечкиве.. прв пат гледам утакмица на оваа репрезентација по подолго време и ми оставија супер впечаток... посебно Ибраими, Стојков, Станков, десниот бек Алиу и капитенот Димитровски.... браво момци алал да ви е... повеќе очекував од Самир Фазли ама изгледа не му беше денот на детето.. иначе ме интересира кај беше Павлов, зашто не играше или уште нема право за настап???
 
Плукачки одред: јас би ве банирал од тема, чисто ко препорака за Фантом и Син. Не затоа што плукате по сопствената репрезентација, затоа што покажувате исклучително висок степен на идиотизам: каде бе местење со Англија, алоооооо??? :tapp:

Во која фабрика ве штампаат?
Такви препораки од амеби покусо нека се... ако си ти слепец или амеба јас воопшто не сум ти крив мое мислење е дека беше местенка како и на мнозинството што постирале овде, ја пратев утакмицата до провото полувреме:wink:
 
Слики од прес-конференцијата

Стјуарт Пирс-пријатно изненаден од квалитетната игра на нашите репрезентативци, посебно од некои играчи за кои рече дека имаат квалитети од светски калибар

Бобан Бабунски- задоволен од нашата игра, квалитетно сме изиграле-но разочаран од резултатот


10-Ибраими Агим
11-Стојков Драган
4-Станков Антонио
и ќе те надополнам,феноменална утакмица изигра играчот со број 2-Алиу Бетим-каде што Пирс токму него го потенцираше за најдобар
Да да, планирав да го пишам и него но заборавив. Најборбен беше и имаше 2-3 добри продори прво полувреме.
п.с. Браво за сликите
 
Ти сам си се нарекуваш амеба. Мислењето си е твое, тоа што не е поткрепено со ништо, значи дека само се бламираш. „Ја гледав утакмицата“ не е никаков факт, ја гледале и оние кои мислат дека не е местена. Слепците де...

Факти:

Не можеш да се договараш со Англија и Шпанија за 1-2. Самата помисла на тоа е комплетно лудило. :tapp: Не се тие маалски екипи собрани од улица.

Натпревар кој завршува 1-2 не значи дека е местен. За да биде местен, т.е. сомнителен најпрво, треба да има висока уплата во кладилници, после што некоја од тие кладилници ќе го пријави истото во ФИФА. По ова следи блокирање на натпреварот во кладилниците. Наградно прашање: за колку пари Англичаните наместиле 1-2 со нас? :tapp:

Логично објаснување: немаме кондиција и паѓаме во второ. Стара добро позната болка на сите наши репрезентации. Немање победнички менталитет, непознавање на основна работа: во последните минути концентрацијата паѓа во било кој спорт. Тогаш е потребна сила и дополнителна енергија за да се издржи притисокот на противникот, посебно ако е поквалитетен.

Тоа се факти кои ги знае секој што малку од малку разбира фудбал. Плукачи секогаш ќе има, зошто плукањето е најлесно. Репрезентацијата е светост: прва лекција, дел од општа елементарна култура, која за жал многумина ја немате.

Патем, никогаш и немало меч во кој сме загубиле 1 во 2,а вие да не исползите од дупките.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom