S
Sheldon Cooper
Гостин
Се работи за Скит Скитара (и Аднан Куртов). Веста ја прочитав во онлајн изданието на Вечер каде вика:
„
Аднан Куртов ќе продуцира за БијонсеАднан Куртов има можност да работи со Бијонсе. Пред да го издаде новиот албум "4", пејачката одлучила да им даде шанса на младите и талентирани продуценти од светот, да изработат ремикс за синглот "End of Time". Македонскиот хип-хоп и р'н'б' продуцент влезен е во најтесниот круг на изборот, според продуцентите на Бијонсе, кои дале позитивни коментари за ремиксот на Аднан.
На Аднан, како единствен македонски претставник кој освен што сам се докажа и успеа со своето дело да го привлече вниманието на врвните музичари кои долги години работат со Бијонсе, сега му е потребна и домашна поддршка. Тимот на пејачката избра неколку ремикси од кои обожавателите по пат на гласање треба да го изберат најдобриот. За трудот и претставувањето на татковината, човекот кој е на чекор до светската слава, заслужува да добие глас, кој можете да го дадете на endoftime.beyonceonline.com.“
Значи незнам од која причина малоумниве од Вечер го изоставиле Скит чиј ремикс зачудувачки е одличен и моментално на прво место а оној на Аднан е на трето. Не сум фан на Скит но мразам неправди па иако отидов на линкот со намера да гласам за Аднан, ремиксот на Дејан ми се виде подобар. (сигурно ќе им се допадне на електро-дабстеп-транс кајганџиите). Па ајде кајганџии, да им помогнеме на нашиве - дајте го својот глас за едниот или за другиот
