MAKE UP (Шминка)?

  • Креатор на темата Креатор на темата Devilish Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе карминов е лудило! Сакам сите бои да ги имам!:vozbud:
klara-cosmetics-kiss-proof-lips-L-k8PGK4.jpeg
 
Каде го има?

Со што нанесувате течна пудра?
Во ДМ.
Иначе течна пудра со раце нанесувам, сакам некад да пробам и со четка, на туторијали што сум гледала секад со четка нанесувале и изгледа супер.
 
Ајде жени да ја оживееме темава малку. :D
Каде можам да си најдам primer (она што се става пред течна пудра) и зелен коректор за црвенилата на лицето. (прочитав дека зелениот највеќе покривал црвенила) :pipi:
Значи вака.
Пудрата и прајмерите се на основа на 3 бази. Вода, силикон или масло (oil? не ми текнува како би бил превод за ова :( )
Секогаш кога купувате прајмер гледајте да ви се на иста база како што е пудрата за да не дојде до ефект на слевање.
Ако купите прајмер на база на масло и пудра на база на вода ќе изгледа ужасно и ќе мислите дека е до некој од производите.

Како да откриете кој производ е на каква база?
Едноставно ќе ги видите состојките на производот кој сакате да го купите.

Пред се, нека не ве буни дека на секоја листа има наведено вода. Тоа е многу нормално да го има во производот бидејќи водата помага производот да биде во течна состојба, но тоа не значи дека е на база на вода.
Друго, состојките на одреден производ се наведени според количината на таа состојка во производот.
Колку повеќе една состојка ја има во производот ќе биде повисоко на листата. Ако е на дното на листата значи дека ја има во минимална количина.

Ако наидете на производ кој на врвот на листата ги има зборовите -Cone/-methicone, и -siloxane тоа би значело дека тој производ е на силиконска база. Како пример еве состојки од една од прајмерите на Makeup Forever : Aqua (Water), Dimethicone, Trisiloxane, PEG-12 Dimethicone, Dimethicone/Vinyl Dimethicone.
Овој производ дефинитивно е на силиконска база.

За друг пример, прајмер од Laura Mercier ги има на почеток следните состојки: Water (Aqua), Ethylhexyl Palmitate, Stearic Acid, Isodecyl Isononanoate, Glycerin, Caprylic/Capric Triglyceride, C20-22 Alkyl Phosphate, C22-20....

Забележувате дека ги нема претходните -Cone/-methicone, и -siloxane? Тоа би значело дека овој производ е на база на вода.
Некој производ што е на база на вода може сепак да содржи некој од вид на силикон, но ќе забележите дека е на дното на листата на состојки што би значело дека не игра голема улога.

Производите на база на масло се ретки и ќе забележите дека на врвот на листата има некои од овие состојки Water (aqua), Decyl Oleate, Lanolin Oil....

Исто така, само затоа што користите 2 производи на иста база не значи дека ќе бидете задоволни од тоа како тоа делува и изгледа на вашата кожа.
Можеби ќе ви треба време да ги најдете соодветните производи кои ќе функционираат добро на вашиот тип на кожа.


Што се однесува до зелениот коректор, јас лично не препорчувам. ФУЈ!
Сум видела девојки кои го правеле ова и може лесно да биде видливо и да изгледа уште полошо.

Полесен начин да се покрие црвенилото е откако ќе нанесете прајмер да нанесете мала количина на пудра во прав со голема четка на целото лице.
Пудра во прав! НЕ камена пудра.
Потоа да продолжите со течна пудра.
Ова делува многу подобро отколку зелениот коректор.
Jас ова го имам правено со E.L.F Powder foundation
6600_PRODUCT_IMAGE.jpg

Тоа што јас го купив немаше пигмент односно беше безбојно ама знам дека пудрите во прав со пигмент функционираат супер.


И ако сте ко мене да немате контрола врз купувањето пудри и прајмери

10887464_641897309270690_3845382399970109486_o.jpg


ви препорачувам да си ги означите производите на каква база се :)
 
Полесен начин да се покрие црвенилото е откако ќе нанесете прајмер да нанесете мала количина на пудра во прав со голема четка на целото лице.
Пудра во прав! НЕ камена пудра.
Потоа да продолжите со течна пудра.
Ова делува многу подобро отколку зелениот коректор.
Jас ова го имам правено со E.L.F Powder foundation
6600_PRODUCT_IMAGE.jpg

Тоа што јас го купив немаше пигмент односно беше безбојно ама знам дека пудрите во прав со пигмент функционираат супер.
Леле браво за постов (y)(y)
Таа што е без пигмент мислиш на една бела во прав што е?..не остава бели траги, баш ми текна кога бев на шминка ми ставаа таква бела и многу убаво ми го праеше мат лицето. Се наоѓа таа по продавнициве или професионалциве си ја наоѓаат од негде? :unsure:
 
Леле браво за постов (y)(y)
Таа што е без пигмент мислиш на една бела во прав што е?..не остава бели траги, баш ми текна кога бев на шминка ми ставаа таква бела и многу убаво ми го праеше мат лицето. Се наоѓа таа по продавнициве или професионалциве си ја наоѓаат од негде? :unsure:
Ne e bela, koga ja gleas pred sebe ima boja na koza ama ne ti ostava tragi poso nema pogment. Jas mojata za poracav od Amerika ama kompanijata isoisoracuva samo vo Amerika i mi ja donese drugar so bese tamu, ama sigurna sum deka mozes da najdes nesto slicno niz makedonija ako ne sakas da kupuvas online.

And sure, prasuvajte so ve interesira. Malce sum opsednata so temava i za nekoi stvari mozam da vi dadam sovet :)
 
And sure, prasuvajte so ve interesira. Malce sum opsednata so temava i za nekoi stvari mozam da vi dadam sovet :)
Веќе кога се понуди. :icon_mrgr:
Решение за подочњаци? Козметика, природни методи...
 
And sure, prasuvajte so ve interesira. Malce sum opsednata so temava i za nekoi stvari mozam da vi dadam sovet :)

Имам и јас прашања. :D
Препорака за пудра за многу сува и многу бледа кожа. Имам пробано се и сешто, се изнафрлав пари на пудри и пак не можам да си најдам некоја што ми одговара. Единствена пудра што сум ја нашла досега, а била добра за сува кожа е Fit Me на Maybelline, ама ја утнав нијансата. И Natural Touch на Гош ама тaа е претерано розевa и трае 45 секунди на лицето.


Комбинирана накај сува.

Пробај си ја среќата со пудрите на Менхетен. Ако ти се голем проблем подочњаците, пробај го Bourjoиs Helthy Mix коректорот, доста е покривен, ама и малку сув.
healthy_mix_concealer.jpg
 
Веќе кога се понуди. :icon_mrgr:
Решение за подочњаци? Козметика, природни методи...
Океј.
Природен начин е да се наспиеш и одмориш :) Цитирање во 3.35 сабајле е лошо за тоите подочњаци young lady :)
Исто така пиење вода ќе ти помогне. И не, сокот и кафето не се замена за вода :)

Најголемата грешка што ја правиме кога сакаме да прикриеме подочњаци е нанесувањето на коректор кој е многу посветол од пудрата што ја користиме.
Кога го правиме ова добиваме ефет кој изгледа вака
reverse-panda.jpg


Можеби во живо нема да се познава толку многу, ама дефинитивно ќе се покаже на слики.

Зошто нанесувањето на посветла боја не е во ред?
Затоа што е светло доаѓа до израз односно има ефект како да е понапред, а се што е темно останува во позадина.
Типичен пример за ова е нанесувањето на бронзер/руменило.
Кога го нанесуваме на делот под јаболчниците (најубав начин да го најдеме овој дел е да ги вшмукаме образите навнатре и да направме рипка фаца :)) добиваме ефект кој ги истакнува јаболчниците, прави лицето да изгледа послабо итн. Ова е затоа што делот кај што нанесуваме потемен производ оди во позадина и светлиот дел од лицето доаѓа до израз.
Ако сакате уште повеќе да ги истакнете јаболчниците нанесете shimmer (нема да ми текне превод за ова освен разјаснувач, ама зборам за оној производ кој изгледа како камена пудра ама содржи ситни светки и е побел од типична камена пудра)
Исто така, голема грешка е кога нанесуваме посветол коректор на некои црвеникави точки кога се изфрламе по лицето.
Со ова само повеќе ги истакнуваме тие точки.


Забегав, да се вратам на прашањето...
За да го одбегнеме овој ефект (обратна панда ефект :))треба да најдеме коректор кој ќе ни одговара како и начин на насенување кој нема да вриска од километар „Види ијам коректор“.

Поради тоа што секој има различна боја на подочњаци кога варира меѓу црвеникаво, плаво и виолетово најубаво е прво да откриете во кој спектар на бои се вашите подочњаци.
Важно е да се знае дека спротивната боја е онаа која сакате да ја нанесете.
Тоа би значело дека коректорите што ги барате имаат жолтеникава/розева/праска боја.
Еве го тркалото на ои да ви биде полесно да најдете кои бои се спротивни ако не се сеќавате од ликовно :)
0vz9DCz.jpg


Тоа би значело дека ако имате виолетови подочњаци ќе барате коректор со жолтеникави тонови, доколку имате плави ќе барате праска боја итн.


Ако до сега сте користеле коректор кој не сте знаеле дека треба да е спротивен тон на бојата на вашите подочњаци, можеби сте забележале дека не ги прекрива туку ги прави сивкасти деловите под очите. Ова исто така е нешто што сакаме да го одбегнеме.
Исто така, не забегувајте со драстичноста во боја. Односно не купувајте/користете коректор кој е многу посветол од вашата пудра. Најубаво е да користите некој што е ист како вашата пудра или највеќе една нијанса посветол.


Начин на наесување на коректор.
Не ви препорачувам да нанесете коректор само под очите во форма на круг затоа што ова може да доведе до онаа слика погоре.
Два начини на кој што може да нанесете е да ставите само во ќошињата на очите поблиску до носот и малце подоле. Така фокусот ќе биде насочен таму. До израз ќе доаѓаат вашите очи наместо круговите околу очите.
Друг начин е да нанесете под очите, да одите малце од страна и надоле покривајќи триаголен дел од очите. Со овој начин ќе го добиете оној Кардашијан изглед на истакнати јаболчници.
Пример
concelear_trick.png



Не заборавајте дека ова не е производ со кој треба да претерате. Колку повеќе производ имате нанесено, толку поблиску сте до оној тортест изглед и привлекување внимание на деловите од лицето кои сакате да ги прикриете.

За најубаво да ги blend in (е за ова немаме збор :( ) производите е да ги користите прстите. Јас имам над 70 четки, ама сепак користам прсти кога сакам да го направам ова затоа што полесно можам да приметам дали имам нанесено премногу од некој производ.
Ако сакам да одбегнам раце, препорачливо е да се користи од сунѓерите за шминкање и тоа малце влажен за да не ни го упива производот кој го користиме.

Ако имаш додатни прашања hit me up :D[DOUBLEPOST=1420977731][/DOUBLEPOST]
Имам и јас прашања. :D
Препорака за пудра за многу сува и многу бледа кожа. Имам пробано се и сешто, се изнафрлав пари на пудри и пак не можам да си најдам некоја што ми одговара. Единствена пудра што сум ја нашла досега, а била добра за сува кожа е Fit Me на Maybelline, ама ја утнав нијансата. И Natural Touch на Гош ама тaа е претерано розевa и трае 45 секунди на лицетo

Мислам дека пред да користиш пудра треба да се осигураш дека кожата ти е доволно хидрирана.
Пред се, најди си крема која и одговара на твојата кожа.
Ако имаш екстремно сува кожа ти препорачувам да пробаш Sattwa regenerative на Алкалоид.
Особено ноќниот крем им е многу мрсен. Ова ми се чини дека е еден од производите кои се најмрсни и кои можеш да ги најдеш во Македонија. Чини некаде од 200 до 250 денари.
Е сега, јас имам сува кожа ама овој крем ми е многу мрсен и осеќам дека кожата не ми дише. После тестирање на миљон кремови, конечно си најдов нешто што ми одговара а тоа е оваа крема.
Знам дека овие производи ги има во Македонија (ги имам најдено во една мала аптека во Ѓорче) ама не знам каде точно и која цена се.


Се запнав за кремиве пошто многу е важно кожата да ти биде во нормална состојба пред да нанесеш пудра. Особено затоа што некои пудри имаат тенденција да ти ја сушат кожата.

Јас имав многу проблеми со ова. Кожата ми се лупеше од што ми беше сува и секогаш мислев дека едноставн користам лоша пудра.
Користев пудри без алкохол, на различни бази ама ништо не ми помагаше.
Мојот проблем беше што поради тоа што имам кожа која е склона на изфрлање, го чистев лицето не само хемиски (со да речеме пилинг) туку и физички (со четка за пилинг). После користев и други агресивни препарати. Мислев дека чим имам мрсна кожа треба да користам препарати кои ја сушат кожата, нели логично.
Малце претерав често се наоѓав во ваква ситуација

слика
wQK9aUk.png

Кожата ми беше толку сува што ми буквално упиваше се што имаше во пудрата за да остане хидрирана што доведуваше до овој лош ефект

За да не ти дојде тебе до ова користи крема!
Секогаш кога немаш пудра на чисто лице стави крема.
Пред да нанесеш пудра стави крема. Остај ја да упие некои 15-20 минути па после нанеси подлога и пудра.

Тоа е мојата моментална рутина.
Кремата што ја спомнав погоре, оставам да упие некои 10тина минути.
Псоле нанесувам max factor primer и после max factor color adapt пудра.
Ретко кога нанесувам камена пудра или пудра во прав.
Овие пудри обично се нанесуваат за шминката да ти остане подолго и на место, ама имаат тенденција да ја сушат кожата уште повеќе што јас го одбенувам.

И пиј вода. Водата допринесува кожата да биде хидрирана и да нема потреба од многу дополнителни произвди.
 
Последно уредено:
@Magde. на сликата што ја имаш постирано погоре ја забележав REVLON Color Stay течната пудра, како си задоволна од неа? Одамна се убедувам да ја купам. Иначе, имам кожа склона на акни и разни гадости па доколку имаш некоја препорака за мене ќе ти бидам повеќе од благодарна.
 
@Magde. на сликата што ја имаш постирано погоре ја забележав REVLON Color Stay течната пудра, како си задоволна од неа? Одамна се убедувам да ја купам. Иначе, имам кожа склона на акни и разни гадости па доколку имаш некоја препорака за мене ќе ти бидам повеќе од благодарна.
Одлична пудра!!
Имам купено две за да можам да ги мешам и да си ја добијам мојата нијанса.
Оваа пудра на пример не ми одговара со прајмерот на Максфактор.
Ама за ревлонот не ми треба прајмер ако нанесам крема како што кажав во минатиот пост.
Не ми создава чувство на тежина како што некои пудри создаваат и долго трае.
Друга убава работа е што е потечна од другите пудри кои се покремасти и поради ова не мораш да користиш мнгу пошто убаво се нанесува на целото лице.
И нешто што највеќе ми се сфиѓа е што ако ја нанесеш и после некое време го допреш лицето со раце или облека - не се копира како што се дешава со другите пудри. Пошто е наменета за долго време да трае останува на лицето прилично долго.
Единствено што не ми се сфиѓа е што нема пумпа или било каков начин да ја извадиш пудрата од шишенцето што е фрустрирачки пошто треба да ја слееш на рака или лице.


Која е твојата рутина за лицето? Што нанесуваш?
 
Фала многу :smirce:
Ќе ја купам па ќе кажам како ми се погоди. Иначе, како што кажав, имам лице склоно кон акни и тоа ми го отежнува процесот на шминкање.
Како подлога ставам крем против акни (не знам колку е паметно, ама имам чувство дека обичните креми за хидратација ми ја влошуваат состојбата на лицето), коректор од ARTDECO Camouflage Cream (откако го открив се преродив - одлична покривност; го нанесувам пред и по нанесувањето на пудрата). Искуствата со претходните пудри што ги користев се покажаа како лоши, можеби тоа се должи што многу често ги менував. Последно ја користев RIMMEL Stay Matte - не ми ја впиваше лицето и изгледав како со паштета мачкана, BB Cream на Garnier - ми се погоди текстурата, но трајност за никаде, Bourjois Healthy Mix - одлична пудра за лица со чисто лице - за мене не доволно покривна, и т.н.
Камени пудри не користам, ни пудри во прав. Прајмер исто така не користам. Се си мислам колку повеќе продукти нанесувам толку повеќе го оптеретувам лицето - затоа се држам само до течна пудра и коректор.

П.С. Коректорот Artdeco Camouflage е добар за покривање на флеки од акни и акни. Во никој случај за подочници - многу е сув и нанесен околу очите изгледа многу лошо. За подочници користам ARTDECO Perfect Teint - добар е.
 
Веќе кога се понуди. :icon_mrgr:
Решение за подочњаци? Козметика, природни методи...

И јас барав решение за ова, пошо од ноември навака никако не можам да се отарасам од нив, без разлика колку спијам стално имам подочњаци. Бидејќи прочитав буквално се што имаше да се прочита на оваа тема :D, научив дека има разлика од темни кругови и подуеност. Подуеноста се решава со квалитетен сон и внес на повеќе вода во организмот, додека темните кругови се веќе знак на нешто посериозно. Тука би ти препорачала да си провериш и крв за да видиш во каква состојба ти е железото. Една работа што забележав е дека голема улога игра и квалитетот на воздухот. Јас веќе 10 дена сум Охрид и значително ми се намалени темните кругови, не ми игра улога дали сум спиела 6 часа или 10 часа....што не беше случај додека бев Скопје. Ама, почнав и поздраво да се хранам, овошје, зеленчук секој ден, почнав да земам витамин ц секој ден, и еве гледам дека има подобрување.
А за козметика, би ти ги препорачала коректорите на Голден Роуз, имаат стварно добра покривност. Само една препорака од мене до цел женски род : Не користете коректор без пудра! Значи многу се примеќа кога ставаат коректор за да ги прикријат подочњаците, а притоа не користат пудра. Наместо да го одвлечете вниманието од очите, цело вниманите ви е насочено таму. Ете, еден скромен апел од мене. :D

Едит: @Олимпија мене па Лореалот ( пудрата ) многу ми се погоди, дефинитивно најдобра што ја имам користено до сега, не ми прави ни лишаи, не е ни многу тешка, а сепак покривна, има така дискретни светки и многу си ја сакам, многу ми се погоди.
 
Кога сме кај подочњаците, еве две прилично корисни видеа од вистински професионалец.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom