Веќе кога се понуди.

Решение за подочњаци? Козметика, природни методи...
Океј.
Природен начин е да се наспиеш и одмориш

Цитирање во 3.35 сабајле е лошо за тоите подочњаци young lady

Исто така пиење вода ќе ти помогне. И не, сокот и кафето не се замена за вода
Најголемата грешка што ја правиме кога сакаме да прикриеме подочњаци е нанесувањето на коректор кој е многу посветол од пудрата што ја користиме.
Кога го правиме ова добиваме ефет кој изгледа вака
Можеби во живо нема да се познава толку многу, ама дефинитивно ќе се покаже на слики.
Зошто нанесувањето на посветла боја не е во ред?
Затоа што е светло доаѓа до израз односно има ефект како да е понапред, а се што е темно останува во позадина.
Типичен пример за ова е нанесувањето на бронзер/руменило.
Кога го нанесуваме на делот под јаболчниците (најубав начин да го најдеме овој дел е да ги вшмукаме образите навнатре и да направме рипка фаца

) добиваме ефект кој ги истакнува јаболчниците, прави лицето да изгледа послабо итн. Ова е затоа што делот кај што нанесуваме потемен производ оди во позадина и светлиот дел од лицето доаѓа до израз.
Ако сакате уште повеќе да ги истакнете јаболчниците нанесете shimmer (нема да ми текне превод за ова освен разјаснувач, ама зборам за оној производ кој изгледа како камена пудра ама содржи ситни светки и е побел од типична камена пудра)
Исто така, голема грешка е кога нанесуваме посветол коректор на некои црвеникави точки кога се изфрламе по лицето.
Со ова само повеќе ги истакнуваме тие точки.
Забегав, да се вратам на прашањето...
За да го одбегнеме овој ефект (обратна панда ефект

)треба да најдеме коректор кој ќе ни одговара како и начин на насенување кој нема да вриска од километар „Види ијам коректор“.
Поради тоа што секој има различна боја на подочњаци кога варира меѓу црвеникаво, плаво и виолетово најубаво е прво да откриете во кој спектар на бои се вашите подочњаци.
Важно е да се знае дека спротивната боја е онаа која сакате да ја нанесете.
Тоа би значело дека коректорите што ги барате имаат жолтеникава/розева/праска боја.
Еве го тркалото на ои да ви биде полесно да најдете кои бои се спротивни ако не се сеќавате од ликовно
Тоа би значело дека ако имате виолетови подочњаци ќе барате коректор со жолтеникави тонови, доколку имате плави ќе барате праска боја итн.
Ако до сега сте користеле коректор кој не сте знаеле дека треба да е спротивен тон на бојата на вашите подочњаци, можеби сте забележале дека не ги прекрива туку ги прави сивкасти деловите под очите. Ова исто така е нешто што сакаме да го одбегнеме.
Исто така, не забегувајте со драстичноста во боја. Односно не купувајте/користете коректор кој е многу посветол од вашата пудра. Најубаво е да користите некој што е ист како вашата пудра или највеќе една нијанса посветол.
Начин на наесување на коректор.
Не ви препорачувам да нанесете коректор само под очите во форма на круг затоа што ова може да доведе до онаа слика погоре.
Два начини на кој што може да нанесете е да ставите само во ќошињата на очите поблиску до носот и малце подоле. Така фокусот ќе биде насочен таму. До израз ќе доаѓаат вашите очи наместо круговите околу очите.
Друг начин е да нанесете под очите, да одите малце од страна и надоле покривајќи триаголен дел од очите. Со овој начин ќе го добиете оној Кардашијан изглед на истакнати јаболчници.
Пример
Не заборавајте дека ова не е производ со кој треба да претерате. Колку повеќе производ имате нанесено, толку поблиску сте до оној тортест изглед и привлекување внимание на деловите од лицето кои сакате да ги прикриете.
За најубаво да ги blend in (е за ова немаме збор

) производите е да ги користите прстите. Јас имам над 70 четки, ама сепак користам прсти кога сакам да го направам ова затоа што полесно можам да приметам дали имам нанесено премногу од некој производ.
Ако сакам да одбегнам раце, препорачливо е да се користи од сунѓерите за шминкање и тоа малце влажен за да не ни го упива производот кој го користиме.
Ако имаш додатни прашања hit me up

[DOUBLEPOST=1420977731][/DOUBLEPOST]
Имам и јас прашања.

Препорака за пудра за многу сува и многу бледа кожа. Имам пробано се и сешто, се изнафрлав пари на пудри и пак не можам да си најдам некоја што ми одговара. Единствена пудра што сум ја нашла досега, а била добра за сува кожа е Fit Me на Maybelline, ама ја утнав нијансата. И Natural Touch на Гош ама тaа е претерано розевa и трае 45 секунди на лицетo
Мислам дека пред да користиш пудра треба да се осигураш дека кожата ти е доволно хидрирана.
Пред се, најди си крема која и одговара на твојата кожа.
Ако имаш екстремно сува кожа ти препорачувам да пробаш
Sattwa regenerative на Алкалоид.
Особено ноќниот крем им е многу мрсен. Ова ми се чини дека е еден од производите кои се најмрсни и кои можеш да ги најдеш во Македонија. Чини некаде од 200 до 250 денари.
Е сега, јас имам сува кожа ама овој крем ми е многу мрсен и осеќам дека кожата не ми дише. После тестирање на миљон кремови, конечно си најдов нешто што ми одговара а тоа е
оваа крема.
Знам дека овие производи ги има во Македонија (ги имам најдено во една мала аптека во Ѓорче) ама не знам каде точно и која цена се.
Се запнав за кремиве пошто многу е важно кожата да ти биде во нормална состојба пред да нанесеш пудра. Особено затоа што некои пудри имаат тенденција да ти ја сушат кожата.
Јас имав многу проблеми со ова. Кожата ми се лупеше од што ми беше сува и секогаш мислев дека едноставн користам лоша пудра.
Користев пудри без алкохол, на различни бази ама ништо не ми помагаше.
Мојот проблем беше што поради тоа што имам кожа која е склона на изфрлање, го чистев лицето не само хемиски (со да речеме пилинг) туку и физички (со четка за пилинг). После користев и други агресивни препарати. Мислев дека чим имам мрсна кожа треба да користам препарати кои ја сушат кожата, нели логично.
Малце претерав често се наоѓав во ваква ситуација
Кожата ми беше толку сува што ми буквално упиваше се што имаше во пудрата за да остане хидрирана што доведуваше до овој лош ефект
За да не ти дојде тебе до ова користи крема!
Секогаш кога немаш пудра на чисто лице стави крема.
Пред да нанесеш пудра стави крема. Остај ја да упие некои 15-20 минути па после нанеси подлога и пудра.
Тоа е мојата моментална рутина.
Кремата што ја спомнав погоре, оставам да упие некои 10тина минути.
Псоле нанесувам max factor primer и после max factor color adapt пудра.
Ретко кога нанесувам камена пудра или пудра во прав.
Овие пудри обично се нанесуваат за шминката да ти остане подолго и на место, ама имаат тенденција да ја сушат кожата уште повеќе што јас го одбенувам.
И пиј вода. Водата допринесува кожата да биде хидрирана и да нема потреба од многу дополнителни произвди.