Мака ми е!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
мака ми е, за еден месец потрошив многу пари... а можев да си купам и телефон и нов компјутер... епа мака ми е само зза алишта ги дадов мака ми еееееееееееее.... секогаш си велам ке си ги заштедам ... а и сметката не сум си ја платила. Мамо земи утепај ме!
 
Мака ми е од школото, главно шо неможам да се наспијам :)
Мака ми е што има многу глупи и расипани деца по тава школото, несозреани и невоспитани и само гледат на наштетат на некој. Малку се исклучоците.
 
Мака ми е што некој ќе го земе од послужавник нешто за кое што јас се трудев...а да и мака ми е што морам да станувам во 6 сабајле. Ама who care :) !!!
 
Само сакам господ да ми среди некои работи неќам ни пари ни женски ништо само најважното.. мака ми е у курац
 
Мака ми е што Јувентус на -11 мораа да играат фудбал па тоа ли се услолви бе.Снег врне ненормално, снешко можеше да се направи на теренот а утакмицава се играше.Срамота
 
Мака ми е од некои личности кои не си ја знаат границата! Треба сериозно да се зафатиш со нив, да им покажеш колку вредат, да ги симнеш од тој нивни замислен трон и раат да си бидеш ! Или не вреди да се замараш со нив ?!
 
Мака ми е кога ке помислам дека нема да можам да ги оправдам инвестициите во мене и очекувањата во оваа посрана држава. Мака ми е кога ке помислам дека можеби не го ценев доволно времето поминато со една посебна личност, дека во моментот се фурав и не знаев колку ке ми биде тешко да ја извадам од мислитее после тоа...мака ми е шо никогаш не можев да и пружам вистински провод каков што заслужува :((( ly still
 
Денес нешто посебно ми е мака..
Мака ми е од брзиот ритам на живеење,трчај ваму,трчај таму и накрај пак ништо.
Мака ми е од неодговорноста на нашата администрација.
Мака ми е од мојот град,денеска шетав малку по чаршија,само смуртени и загрижени лица гледам,нема новогодишна еуфорија..
Мака ми е од мене самата што си дозволив вака денот да ми биде мачен.
И да душо тебе па ќе те заборавев,понекогаш ми е мака и од тебе,навистина некогаш знаеш да бидеш многу напорен.
 
Мака ми е што светот не е веќе она што беше, или подобро да речам луѓето веќе не се исти. Мака ми е што неможам да си го живеам животот како што сакам и како што отсекогаш замислував дека ќе го живеам. Мака ми е што скоро ништо не излегува како што треба.
 
... од луѓето. Генерално. Навистина, жими се - се трудам да ги разберам, толерирам, да преќутам за да не се навредат, да направам да им е добро, да ги сослушам кога треба иако не се согласувам со нив... И жими се во суштина сум филантроп. Ама не можам, понекогаш стварно ми се преку глава. Ама тотално преку глава. И тоа во себе го чувам, затоа што ете, луѓе се, нормално е да те извадат од такт. Си велам прифати ги дека се такви, дека не мислат понекогаш, дека нивната тотална ароганција е само несигурност, дека нивните постапки се само затоа што гледаат за себе, дека тоа што мислат дека се хаце и најпаметни е едноставно нивен израз за индивидуалноста... и потоа продужувам понатаму, бидејќи тоа се луѓе, и нормално е да се такви, да се полни некогаш со негативна енергија, да мрчат за се и сешто да се жалат. Нормално е. И повторно ги разбирам и гледам да сум разбрана и полна со позитивна енергија, затоа што тоа е она што можам да му го понудам на светот. Ама не, мора да се луѓето полни со ароганција и снобизам, комплекс дека се најпаметни и можат да ги вреѓаат другите пошто они се над сите и притоа што и да прават да сејат само и само негативна енергија, затоа што тоа е сега ИН. Што е иронично бидејќи истите тие мразат се што е ИН.

И жими се сум филантроп, пак ќе кажам... ама некогаш, луѓето се неподносливи. Јас пак ќе ги сакам и разбирам и толерирам, ама јебига некогаш мора и мене нешто да ми дојде преку глава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom